Мајки бебето ми е со температура го однесов на педиатар има секрет но тогаш без температура само подкашлува беше пред месец дена настината ама без температура тогаш малку ми спушти со инекции ни помина е педиатарот не ми кажа ако качи температура како да ставам чепче ние качивме 38 со 5 ставив чепче ефелаганд од 80 шести месец е има 6 ипол кг и еве за 3 часа пак качи дали да ставам пак чепче незнам што да правам?касно е да ѕвонам кај матичната
А на колку време се дава чепчето? Сум користела со големата како бебе кратко. Тогаш педијаторката ми посочи дека чепчињата нагло спуштаат температура и подобро е со сирупче. Ако сметаш дека е рано да му дадеш одолговлечи. Туширај и масирај стапала со некое уље или крема. Ако има 38 не е тоа висока температура.
Здраво мајки Имам едно прашање до сите вас околу седењето на бебето. Имаме 7 месеци малата несака да седи воопшто сака да се превртува нон стоп стпо потпрена на лакт секрева но не сака воопшто да седи
Според ортопедот седењето не е задолжителна фаза во развојот. Т.е. нема човек што оди, а не знае да седи Битно е да почне да лази подоцна и да оди. А штом се држи на лакти, и превртува супер е.
Мамички ве молам за помош/совет... Избезумена сум, така да секој совет би ми бил добредојден. Малото ми има 1 месец и 12 дена. Денес бевме на контрола, супер напредува. Но на пупето ни рекоа дека има мала кила. Му се испапнува кога се напнува. Има многу насови и грчеви. Ми рекоа да ја следиме да не смени боја, за да не дојде оперативно да се решава. Ве молам кажете некој совет/искуство било што
Ние имавме, имам и предходно пишувано и барано искуство на темава. Ни се појави на 2 месеци одприлика, исто со многу гасови и грчеви и поради често плачење. Ни препорачаа појас ама не го купивме. Рече матичната дека може и со масажи на секое менување пелена (кружни движења со прст и притисок навнатре). Со тек на време можело само да се повлече.Така и бидна кај нас. А ако не се среди до година ќе треба оперативен зафат. Ние сме сега 5++ и е скоро средено дури неприметливо дека имало нешто. А беше подуено како балонче и малку модро на еден дел.
По продавнициве што продаваат медицинска опрема. Medicus help, Славеј.. А можеш и сама да си сошиеш. Така ми кажа и мене матичната.
Девојки едно глупо прашање ….можно е да имам недоволно нутритивно млеко што малава само на цицка сака да седи … 3 ипол недели сме иначе ….деновиве планирам на педијатар да јс однесам
Јас прочитав дека тоа се случува во многу ретки ситуации, мада и мојава лога е будна само на цице е а си напредува ослично, може и детето да е такво посебно тој период кај што уште не им е јасно што се случува, ако е гладна нема да спие, нема да кака и да мочка, какта ќе е зелена мада и тоа немора да значи дека е гладна, најубаво ќе ја пеиметиш по тоа дали мочка и дали спие. Гладно бебе не спие него плаче
Нема слабо јако млеко,мало е уште сака близина и тек допрва се воспоставува лактација,терај си со доење што повеќе на града тоа повеќе ке си надојде млекото
моево ако не е на цицка плаче се корне , де цицка де ке си поспие па подреме …важно на цицка да е …инаку полниме пеленки, пеки вечер си спуеѓе убаво се буди само за подои на 3-4 сати ….преку ден спие или во релакдатпр или на цицка ….ама кога е будна мора на цицка да е ….блучкај цицај прави