Близина бара, се и’ е ново до вчера била во друга средина, заштитена. Доењето е многу повеќе од храна. Не постои помалку/повеќе нутритивно млеко, не слушај тоа од страна што ти викаат, држи си го детето, гушкајте се, такви се првите месеци.
Дали имате некој совет како да постапам? Бебе 1 месец, заспива во раце и кога ќе ја ставам во кревет се буди, а во раце и цел саат ќе спие. Ова почна пред некој ден, претходно продолжуваше во креветче без проблем.
Немам уште лично искуство, ама како идна мама си гледам видеа и имаше едно видео баш за ова и објаснуваа да се спушти бебето на страна прво и со рака да се држи за грбчето уште некое време или било каде битно да има допир за да осеќа дека не е само. Дали помага ќе видиме за некое време, пробајте ништо не губите
И ќерка ми беше таква првиот месец. И јас правев нешто слично како што вели @Сара Лав. При спуштање најмногу ја држев со дланки, па прво дланките ги допирав на душечето. Така стоев едно 10ина секунди, да се смири бебе од мрдањето/спуштањето. Потоа, полека ја вадев раката од под газето, и пак чекав 10ина секунди. На крај полека и' го доспуштував главчето. Кога целосно ќе беше спуштена и' ги држев споени рачињата за телцето, бидејќи така добиваше чувство дека е уште гушната во раце. Па ја покривав (подзамотував) со ќебенце да не го изгуби тоа чувство. Најчесто ми успеваше. Понекогаш ако ја нишкав за успивање, помагаше кога ќе ја спуштев во креветчето да ја нишкам така што ја подтапшував по газето
Може ли бебе од 2 месеци да има стомачен вирус? Големата го фати. 2 дена повраќање, 2 пролив. Се трудам колку можам да ги држам на дистанца ама сепак во иста просторија сме заедно по цел ден. И што ако го фатам јас? Што е дозволено да се пие?
Мене кога ми заспиваше така кога беше помала, на цицање обично, прво ја кревав на рамо, исправена, ја држев така едно 10 мин, па после ја спуштав во креветче и продолжуваше. Значи спуштање само на страна, не ја спуштај директ на грб и подржи и го главчето малку, би требало да не се разбуди.
Мене почна да ми се радува и да се подава кон мене неделава. За среќа не плаче уште по мене. Во сабота прави 5 месеци.
Како што веќе ти пишаа, спуштање на страна и прво го спушташ телото, па главата. Колку можеш држи и’ ги рачињата за да не ја разбуди Моров рефлекс. Доколку не ти успева не се фрустрирај и за доброто на сите нека ти отспие во раце .
И мојата е 5 месеци и еден ден, не се подава кон мене, ама ме прати со поглед и во други кога плаче кај мене се смирува.
Така де Еве ја 6 месеци прави денес, она дреме јас до неа одмарам Помалку нервози и стресови, ваљда ќе научи да спие без мене кога ќе тргне во јасли
Се палеше од ова ама овие неколку дена ич, кукурек беше, еве ја денес е друго дете изгледа дека ја пишав овде дека не спие. Од кога ќе ги ставите на страна ги вртите после на грб? Или сама да се сврти?