Баш така . Нејќам да ја демотивирам членката со личниве ни примери, мм вика да бев јас на твое место имаше да се изнаспијам и на сите ќе им викав дека да чуваш дете е најлесно . А за учење, ќе научат бе, ние да не не сме научиле . Јас сум да си ги гушкаме сега, растат со брзина на светлината, после ќе ни бегаат. Да, да. Ја спушташ на страна и после ја вртиш на грб. Спиење на страна/стомак само ако сами се свртат. Btw кај нас не палеше методава и имам петмесечен контакт спијач .
Здраво женски. Бебчето ми е 7 недели значи уште малку 2 месеци. Последниве два дена некако е нервозна и само во раце сака па дури и ја станата да сум... Инаку мирничко бебе е... Добро цица и пелените ги полни... Забележав дека рачињата почна да ги става во уста (ама не е гладна тогаш).. дали е можеби ова скок во развој? Читав втор скок ги откривале рачињата и ноџињата. И навечер плаче едвај ја успивам.. или па нешто ја боли...
Скок во развој е. Синко е седум недели по апликацијата The wonder weeks сега е во втор скок. Исто рацете во уста му се само, а не е гладен. Навечер може и грчеви да се види дали ги витка и ноџињата кога плаче. Мада и не мора да значи, синко исто знае кога јаде навечер да е нервозен или попладне да е понервозен од обично. Би требало да е од скокот.
Devojki mm ispadns pozitiven malavs mi e nepoln mesec ,utre ke pravam brz test i jas ….paniki me fatija kazite sto da pijam… pravsm
Брзиот тест знам дека не е валиден односно не ти го прифаќаат никаде, повеќе витамини и течности мајка јас така ја поминав короната 2 месец бремена
Zdravo majki. Maliot e 3 meseci,eve veke nekolku dena e nervozen,se ligavi mnogu i racete mu se non stop vo usta(i prethodno se ligavese ama ne izrazito mnogu). Ne e gladen bidejki i koga ke ispie mleko go pravi istoto. Mozno li se zabi ?
Мајки сега бевме кај педијатар на месечна контрола , леле ама се утепа премногу од плачење од докторката.. никако не се смируваше ни со музика , само го земав јас во раце и се смири малку а завчера кај ортопед додека бевме го земаа за на ехо да гледаат и коа ги чепкаше ноџињата плачеше многу, веројатно помисли на вакцините А 5месеци и 8 дена сме , да не е во фаза за разпознавање љуѓе? А тек вторник сме на вакцина .. Има ли некоја такво искуство?
Мајки дали вашите бебиња активно цицаат на гради или се полу мрзливи? Моето бебе е 17 дена и повеќе држи цицка во уста отколку што цица, мора цело време да го анимирам со штипкање за да цица и пак ќе почне, 4,5 секунди и престанува. Давам и дохрана бидејќи не крева на килажа многу, некој совет од вас за поактивно цицање?
Па затоа не цица бидејќи има дохрана и полесно му е, цицето му е топлина,сигурнпст,гушкање со мама, за јадење си јаде со дохраната
Таков беше постариот син. Можеби е сеуште мало и нема доволно сила, се заморува брзо. Продолжи да го закачкаш. Реагираат ако ги потчукнеш со показалец под брада, така одма продолжуваат да цицаат. Верувам дека како ќе стане поголемо ќе има повеќе сила и ќе биде подруго. А ако дохрануваш тогаш најубаво е ти да се измолзуваш и свое млеко да додаваш.
Мојата до 6м на ниеден преглед не плачеше. Ама на 6м кога бевме на вакцина ау одвај зборував со докторката.
Да ама на почетокот 1 дохрана му давав само и пак беше исто, едноставно е мрзлив и нема активно цицање, морам некако да му кренам на тежина оваа недела, педијатарот ми рече 4 дохрани да има на ден ради тежината, се нервирам зошто не крева килажа а на доњжење го ставам по 8-10 пати Има сила голем батко се роди, дохранувам со Хип 3-4 пати по препорака на педијатарот, го штипкам и закачам цело време, се надевам ќе качи повеќе , за две недели само 60 грама качил а родено е 4 кила
Само упорност ништо друго. Исто со синко првите три недели беше со дохрана бидејки не креваше на килажа и исто кога прашав во доење темата прво добив одговор зошто дохрана така е полесно. Немај грижа на совест зошто даваш дохрана битно е детето да е сито и да напредува. Ќе стигнете до момент да е само на доење. Педијатарот исто ни кажа 90мл макс дохрана за да напредува. Убаво ти предложила една членка молзи се и додавај му молзено така и градите ќе ги стимулираш. Мало е уште. Со синко исто со подсетување цицаше првите 3 недели беше со дохрана 2 недели ад аптамил една недела молзено млеко, после тоа како напредна имаше и повеќе сила да цица во континуитет па престанав и со дохрана. Затоа викам само упорност и трпение. Кај брадата под увото подчукнувај го кога ќе престане да цица.
Колку е тоа 'не крева на килажа многу'? Колку пати и по колку мл даваш дохрана? Дохраната е молзено или ад? Од каква цуцла и даваш дохрана и дали си пробала со шприц?
Здраво, Моето бебе е 11 недели и два дена по ред почна да се буди сабајле во 5 ипол, а пред тоа спиеше до 6 ипол 7. Скок во развој е или не ? Не се разбирам многу прво бебе ми е Дали можам нешто да направам да си се врати во нормала?
Меѓу 11та и 12та недела има скок. Ако го доиш пробај презаспиј го со цицање, кај ќерка ми успеваше. Мало е многу, ехеее уште колку ќе мења и спиење и се.