Да. Не сум на ексклузивно доење, почнати сме со дохрана ама да. Постев и дури бев бремена и дури беше синко само на ексклузивно. Кој како сака и како може.
Мајки да прашам кое ад е подобро, јас за бебе 3 недели е, користам Хип комбиотик, но еве откако педијатарот ни зголеми доза на 60мл со 2 лажички хип, бебецо добива проливче, дали не му одговара веќе хип или да зменам со аптамил да пробам? Совет некој за ад?
Пробај прво со baby love верувај дека сите ги пробавме за бебе и од сите имаше мака на крај ова и стварно се погоди и со го прифати и си напредува. И цената муе одлична.
Комбиотикот има пробиотик и пребиотик во него, може затоа. Ама мислам со менување може бетер да се направи проблем со столицата, треба постепено. А може и проливот да е едноставно навикнување на млекото. Моето беше така кога почнав, значи како го пиеше млекото одма пролив, ама за недела дена се среди. Уште им се кревки стомачињата.
Го пие од трет ден кога е родено, и еве после три недели откако е дозата зголемена почна проливчето, може да му е јака дозата, незнам, утре ќе орашам на педијтар само што за жал во ремедика си форсираат хип, а во систина аптамил, ама ај баш д авидам утре што совет ќе добијам, благодарам мила
Јас би ти препорачала Холе кравјото ако веќе менуваш. Ама секое бебе е индивидуално, види си со педијатар.
Да таа е апликацијата. Се плаќа само. Јас ја платив ама искрено нешто не ја користам многу. Ќе видам само кога е во скок и толку.
Мајки некоја со слично искуство. Бебе е 6+ веќе неколку вечери спие многу немирно, се буди многу често и одма плаче, еве ја сабајле стана во 9 цел саат плачеше па ја успав поспа пола саат(толку ни се дневните дремки) и кога стана пак почна да плаче и сега пак спие. Преку ден е премногу кенкава, наеднаш почнува да плаче. 5ти скок го поминавме веќе.
Заби се сигурно. На мојава воопшто досега за ниеден заб не и отекоја непцата. Мачкај со гелче, за брзо ќе излезат