Оти не јадеш ништо? Јади си се. Јас си јадам на бебе не му смета. Ако приметиш дека нешто му смета тогаш ке исфрлиш.
Јас почнав тоа гелчето на фрезидерм да го мачкам на 4-5 месеци кога ќе приметев симптоми за заби. Непосредно пред да ги извади забите, 4 наеднаш, фрезидерм немаше ама баш никаков ефект и тогаш само Дентинокс не спаси. 2 дена имаше големи болки и никако не се смируваше па морав и парацетамол сируп да дадам.
4ипол сме ние, па си викам почнат е процесот по овие знаци, не очекувам да е за скоро но сепак ајде ќе видеме како ќе биде. Фала ти
Мајка и јас не очекував дека толку брзо ќе извади заб (4 ипол месеци) пошто немаше отечени непца ни па кенкавост. На прво мачкање гелче му напипав забче Така што следи си, процесот сигурно е почнат само индивидуално е кога ќе никне. Со лесно
Не очекувам стварно имам чепнато со прст од радозналост немаше ништо ќе следиме ситуација само со лесно да ни биде фала ти
Мајки како да го занимавам моето да си игра почесто на земја , све сака во раце само и да си шетка наоколу низ стан .. ми паѓаат рацете , 9 и пол кг е а во 5ти скок сме или па заби ќе никнат незнам , 5++ сме т.е 24 недела Се почесто е нервозен
Да ми је знати . Исти сме и ние, абе бар да сакаше во раце ама да седиме.. не, мора да се шета низ стан, да истражува и да бута све. Се тешам дека ко ќе почне да седи ќе се занимава поише сам. Или не? Дајте идеи за играчки/занимации за 5 месечно бебле, многу брзо сѐ му здосадува.
Ќерка ми е 5+ еве што игри/активности/занимации тераме секој ден. Во раце да шета низ стан само последни 15 мин пред спиење пред да почне да кенка. На подлога на земја ги тегне тоа тропчињата што и висат од горе, мава со нозе по страните, мислиш ќе ја сокрши цела игрална. Кога ќе и здосади ја вртам таму на стомаче. Се превртува на грб, па пак на стомак, па пак на грб едно 10тина минути. После 5 мин и е интересно дур е на стомак да крева газе демек лази се бута по подлогата. Кога ќе и здосади подлогата ја земам и читам една, две приказни. Друга активност и е бутање на се живо што не е глодалка во уста, тропчиња, дршки од глодалки, кутија за цуцла, плишани играчки и сл . Сега најново ни е во релаксатор на 45 степени се тегне напред. Кога ќе и здосади златни Биби и Боби многу убави песни имаат . Ќе им се испорадува на нив, ќе попрета во релаксатор и прошле 2 саати, дошло време за успивање.
Мајки, дали вашите бебиња киваат често? Моево сигурно 4-5 пати дневно ми кива. Си мислев настинато да не е. Иако мм вели дека не е настинат, го терав и да го наслуша..вели супер си било. Но, зошто ми кивка? Не кашла, нит носето му е затнато
Нормално е, и кај мене знае да си кивне неколку пати дневно, 2 пати со ред. И ние возрасните чат пат од нигде никаде киваме
Дека јас Не кивам скоро па ич. Ама мм нон стоп кива. И тоа секогаш по 11 пати узастопно, два пати на ден Морав да се осигурам дека има и друго бебе што кивка, а не му е "ништо"
Случајно забележав сува кожичка на бебуш на ноџињата и рачињата. Неколку крукчиња се, едвај се приметуваат ама се чувствуваат. Инаку сме 11 недели, на цицање. Од сам почеток се бањаме со бекутан и се мачкаме со уље на џонсонс. Од што може да е?
Мојата еве 2 ипол месеца кива секој ден уште од прв ден у нолноца, нема ништо консултирано прашано нормално е без грижи мајка