Консултиракќк се со педијатар ама ако е црвенко и рапаво атопичен дерматит како на малата моја, јас ја мачкам со еуцерин лосион цевениот и подобро е нема веќе такви
Нормално е мама, треба да кива, се чисти од плодовата вода. Веројатно атопичен дерматит е. Во секој случај исфрли бекутан од употреба, препарфимирани се за бебе. Барај некоја поблага козметика.
Личи на егзема. Ќерка ми има, баш таа возраст и се појави. Земи си некоја колекција за атопичен дерматит ќе ја снема со редовно мачкање. Јас сум задоволна од Биодерма Атодерм.
Пишав и на педијаторката, ми рече честа појава е и дека не е габично. Само да го бањам со маслена купка. Ја земав одма на еуцерин па ќе видиме. Фала женски
Од прв ден и уште кива и тоа и во спиење некогаш. Арно си го ифрлила бекутанот. И на нас од бекутан ни се појави.
Нормално е мама. Се чисти од плодовата вода. А и плус мало е ептен, му смета прашинка и од алишта. Ич не се секирај. А ако ти е не дај боже настинато одма ќе знаеш верувај. И јас се плашев како да знам дека ми е настинато детето ама коа настина прв пат одма знаев дека е настината.
Ооо блазеси ви. Ние ако успееме 15 минути да не сме во раце, славам . Спомна релаксатор, тој више спакуван е, кај смееш да го оставиш се крева и пошто не е стабилен да седи се витка и продолжува со главата надолу .
Ти текнува дека коментирав и јас дека сме цело време во раце. Си викам како ќе лази како ќе седи како ќе се зацврсти ова дете во раце. И ортопдеот ме искара. Вика не ја држи уште главата стабилна а бебе 5 месеци. И почнав да ја оставам на под на меше. Плачеше плачеше Па ќе ја кренам и се така во круг. Па намали со плачењето. Сега научи да се врти од грб на стомак и поинтересно и е. И јас малку одморив раце. Твоето колку направи? Се врти на стомаче? А од стомак на грб кога почнуваат да се вртат?
Знам мами, ми текнува дека и вие со истава мака бевте, супер што имате напредок, битно е да сакаат на под па после ќе си ги минуваат фазите. Синко почна многу рано да се врти на стомак, уште на два и нешто месеци, ама таков е жилав, еве го 5 месеци е, а веќе некое време се влече на спална од еден до друг крај. Главата во душек и се турка со нозете и газот . А на под нејќе пошо тврдо му е. И тоа не е убаво, после ќе научи на спална меко, ќе се акне некад на под ќе скрши глава. На под се понаша ко тодлер, го спушташ, одма се врти на стомак и почнува со раце и нозе да лупа и да вришти . И ние до него и џабе. Едноставно нејќе да седи во едно место, се научи дека може ко превозно средство да не’ користи и тера. А за вртење од стомак на грб, ко што читав прво тоа учеле па после обратно. Ама ваљда нема правило. Синко уште не знае да се сврти назад, не ни пробува, неколку пати се има свртено ваљда по грешка. Го вежбам цело време ама абер нема.
@Autumn Love Мајка како го вежбаш да се врти? Моето уште не знае, на страна се врти, некогаш во сон знае да се сврти на стомак, ама кога е буден ако пробува се нервира за брзо.
И нас ни беше спакуван, па ми текна дека врзана доле може да вежба рамнотежа, па го составив пак. За чудо некое ставена така на седење радости живи е, со главата се наведнува цело време. Ко помала нејќеше да го види, го спакував кога имаше 2 ипол месеци
Мамички спасувајте, давајте совет некој што да правам со малово. Цел ден уста не затвори. Премногу му се спие, а неможе да заспие. И ако успееме да се успиеме тоа е на 15 мин и пак исто. Многу лесно спие. 7ма недела сме. Не ми е истото дете. Се осеќам како НЕмајка, неможам детето да си го смирам. Друго проблем немаме, грчеви не се, какаме, мочкаме. Можно е и во втор скок да сме. Ама чаре некое?
Ако најдеш чаре кажи 2 дена вришти без причина. Нема зашо да се осеќаш ко немајка. Едноставно тоа е, период. Ќе се издржи. Не е болна, не е помочкана/покакана, не е гладна и си вришти. Btw и ние сме 7ма недела
Дали и кај вашите бебиња многу споро им растат ноктите на нозете? На моето (4++) до сега и' ги имам сечено на рацете едно 6-7 пати, а на стапалата ниту еднаш бидејќи не се доволно пораснати за сечење. Нормално е тоа? Вака ноктињата и прстињата најнормално и' изгледаат, нема знаци дека нешто не е во ред.
Јас би рекла дека е нормално. На ќерка ми ноктите на стапалата прв пат на 5 месеци ѝ ги исеков, до тогаш не беа за сечење. Не е страшно штом се во ред прстињата и визуелно се здрави
На нозете еднаш на две недели му ги сечам, на рацете на секои 3 дена, со брзина на светлината му раснат. Не би требало да има место за паника, ваљда е различно кај секого.
Само еднаш и ги имам исечено и тогаш не и беа нешто многу долги, мојата е 5++.Јас и се испаничив бидејќи малку криви и беа на големите прстиња, ама еве мм вели и моите такви биле
Мајки дали ви се има случено бебе во сон да плаче и со главчето бидејки е на страна да се бута накај душекот? Не знам дали ме разбравте вчера 2-3пати во сон плачеше и со главата се буташе во душечето... во 3 скок сме ако значи нешто.
Истиот период и кај нас се случуваше истото. Земи го, гушкај го или нуди му цице да се чувствува посигурно.