Не е баш предзнак за заби. Моето скоро 5 мес, од три и пол некаде нон стоп му се во уста рачињата и се лигави, сѐ грицка, а нема уште запчиња. Ја од 4++ почнав да му давам да пробува храна, ама за оброк мислам дека ми е мал уште.
Влегува во орална фаза која е нормална за секое бебе на таа возраст.Бидејки погледот уште не им е јасно избистрен ставањето на се во уста им помага да распознаваат (меко,тврдо,ладно,топло,гумено,мазно).Во устата се наоѓаат најмногу рецептори.Јас дентинокс мачкам ама мојата е скоро 5 месеци. За дохрана апсолутно не пред полни барем 4 месеци.А после како ке те советува педијатар така.Мене ми рекоа додека не наполни 5 да не давам ни вода.Само на доење е.
Девојки 11 дена сме. После цицање не знам колку упорно и како правилно да правам за да подригне. Ретко ни успева. Исто така мн често ика, не знам дали е тоа поврзано? Ако не подригнува тоа е проблем ради грчеви?
Па ќе ти бљуцнува почесто, може и поизразени грчеви да има, тој воздух некако мора да излезе. Иначе да, може и да ика поради голтнат воздух и дистендиран желудник. Не знам што да ти кажам и со син ми никако не успеваше, еден куп методи и позиции пробував.
Пробај држи ја на нозе, главчето на една мешето на друга, нежно тапкај го бебе по газето колку време му треба толку.
Со оглед на тоа дека цел ден е на града ќе треба остатокот (пола ден) да се трудиме да подригне нема спиење за мама. @Autumn Love @Noranora
Како што ти пишала членката погоре може да бљуцнува и поизразени грчеви. Мене ми успеваше скоро секогаш да е подигнат малку повисоко на рамо и подисправен а со другата рака да го масирам (поминувам) на грбчето нежно некаде од половината па нагоре. Се надевам ме разбираш
Јас пробував извесен период, па се откажав. Исто бевме и ние, по цел ден на града, со тоа што ќе заспиеше обавезно и си го оставав да ми спие во раце, не го кревав. На почеток знаев да пробувам дур е буден на сред цицање, ама не ждригаше никако, па си викав може супер фат има, не голта воздух и нема што да ждригне .
Исто, сите можни пози, едвај ќе ждригне понекогаш. И затоа и во раце ако заспие нема мрдање. Еве деновиве и поизразено бљуцка се нервира кенка се грчи. Има спас или ќе си ги држиме на рамо дур тргнат во школо?
Од кога ги оставате да спијат на стомак? Педијатарот стого забранува спиење на стомак, а ќерка ми тоа и е единствена цел моментално. Цела недела секоја вечер ја наоѓам по 3 пати во ноќта, свртена на стомак.
Вчера пробавме слива. Денес полна ама баш полна пелена темно зелена да речам кака, полутечна. Од сливата е. Неколку лажички касна. Башка малку млеко пие а многу обилни каки има. Два пати дневно. Искуатво со промена од аптамил на бебелан Страв ми е пак да не има проблем со стомачето.
Она си се врти од стомак на грб од 3 ипол месеци, а обратно од 4 ама педијатаров вика никако на стомак да спие пред 6 месеци. Такви биле препораките поради СИДС. Ама ние борби водиме секоја вечер
Девојки колку е нормално во ден малава да кака , 5 недели сме секој ден е различно , некогаш еднаш , два пати , се случува и по 3 пати во еден ден а мн ретко да прескокне ….како што имам слушнато нормално е така , ама кога ке ти нсорават шубе со муабети во ништо не си сигурна
Само твојот инстинкт да си го слушаш, никој подобро од тебе не знае за твоето бебе Нормално е да си кака колку што и се кака. Уживај ги моментиве, исклучи луѓе што ти прават стрес и несигурност
Нема врска ова. Отвори прочитај ги препораките, широко се достапни ќе видиш дека препорака е да се стави детето на грб за спиење, ама доколку во тек на ноќта се сврти на стомак, тоа е тоа си го оставаш да спие така. Значи да не го ставаш ти од старт на стомак. Нигде не се спомнати месеци.