Да не се прецицува ако имаш многу млеко? Пробај измолзи се малку, па тогаш дај му да цица. Исто внимавај и на фатот да е добар, да не голта воздух зашто и од тоа може да бљуцка. Столицата ќе мења на почеток, од црна, темно зелена, зелена па тек после златно жолта, количина како кругче направено со споени палец и показалец.
Мамички малава 2 дена имаше проблеми со грчеви и мн плачеше денес некако чуден му е гласов , можно е од плачењето да му е ? инаку сме 6 недели
Даа, од плачењето е. За 2-3 дена ќе се врати во нормала. Моето еднаш така зајде од плачење од грчевите и смени глас, па мајка паника одма трчајќи на лекар. Ништо не му беше.
Ќе се врати за ден два. Ја се чудев цел ден зашо и е таков гласот па ми текна дека претходниот ден плачеше 5-6 саати без престан. Наредниот ден како нова стана. Не се грижи
па тоа и јас викам сега , вчера на педијатар се супер си беше, денес гледам ко врапче ми плаче фала за одговорот
Добро утро Мами , деновиве малава мн има гасови и секое какање ни е со пчачки , (6 нед сме иначе ) бевме на контола се супер е , само мн голтата воздух и ме искараа зошто кога и да плаче сум ја ставала на цицка така само повече воздух лапала бтв ако не е на цице плаче се корне….вцера вечер и денес каката и е лигаво малце потемно жолта .Од што може да и е ?
Мајки малку сум досадна. Претходно пишав дека имам малку млеко не можам да се доизмолзам. Пијам по 4 чаја Лакта микс, но не можам да ја измолзам количината што ја сака бебе. Дали исто времено може и капсули Лактил да пијам. Или друго чаре. АД не сака, го плука
Мајки дали сте слушнале за Meckelov divertikul ? Го снимавме во Систина нели за црните точки што ги има цело време, т.е крв и испадна дека има некоја сенка на цревата што потсеќа на тоа и ќе мора операција да се прави. Хирургот кажа дека е наследно дека некој од нас го има и така е роден. Што читам на нет во 2-3% е на светско ниво. Него не го плаши многу крварењето, туку има шанси да дојде црево во црево и да има итна операција тогаш. Преплашена сум мајки, многу е мал бе 2 ипол месеци незнам како ќе издржи. Плус хемоглобинот ни е 85, највероватно така губи крв. Овие денови сум никако и незнам што да мислам и правиме. Вакцини требаше да примаме на 20ти, тие што се на 2 месеци, чинам 3 беа. Тогаш откажавме дека хемоглобинот ни е низок, сега незнам како оди тоа и кога треба да се примаат, ништо не ми е јасно ?
Софи прво решете го проблемот, вакцините не бегаат никаде…ти ја пуштам цела среќа на свет, за се да заврши во најдобар ред и што побрзо
Здраво на сите До кога го будевте бебето за цицање? Ние имавме жолтица и ми кажаа максимум до 3 сати без цицање па така и правев, но не ми кажаа до кога. Родено е 3420 кг., а сега има 5200.
Posle 3 mesec veke ne ja budev za mleko, ja ostavav da ja spie vecerta posledno I davav vo 21h za zaspivanje I do 6 sabajle spiese bez da pobara. Nie sme na ad.