Јас го будев до 2 и пол месеци сега веќе не, го оставам да спие сам кога ќе побара тогаш јаде навечер.
У суштина педијатар кажува во зависност од напредокот. Мене на контрола на 1 месец ми рекоа да не го будам веќе, мада он си продолжи на 3 саати да се буди сам.
Мајка подршка Постариот син имаше, по наше кажано израсток вроден на тенкото црево.Од симптоми имавме повраќање ама само кога се патува и ни на крај памет дека постои такво нешто. Се јавувал само кај 2% од популација и некој може и до крај на животот да го има а да не знае за тоа и да не направи проблем а кај некој да дојде до инвагинација. Кај нас стигна до инвагинација т.е вовлекување црево во црево и итна операција само синко тогаш беше 5 ипол години и на детска хирургија се чудеа за возраста. Бил најстариот пациент со ваква дијагноза. Обично се јавувало кај бебињата и за нив е тоа рутинска операција што ја извршувале многу често. Јас бев избезумена ама докторот ме седна и убаво ми објасни дека нема простор за паника и дека нема да има никаков проблем. Синко го оперираше тогаш др.Јовчески. Само пофални зборови за него. Од стручност, човечност, достапност се нај нај. Бидете силни мајка штом има решение ќе се среди.
И јас така доев со гледање на саат, после педијатарот на 2 или 3 недели рече од сега слушај дете, пошто добро напредуваше, ама да, си бара на 2-3 саати, навечер се лаже некогаш по 4-5 саати да не побара ама поретко. 7 недели сме. Ако нема веќе жолтица и добро напредува не го буди навечер, преку ден нека е на 3ч ако не побара. Ние на почеток имавме по 12 подои а сега по 7-8 и добро напредува, по тоа се водам.
Само првиот месец. И мојата имаше жолтица, ја будев на 2 саати и добро напредуваше. После првиот месец ми кажа педијатар кога ќе присака тогаш Сега има скоро 2 месеци, не ја будам а понекогаш сврзува и по 6 саати ноќе
Ако не побара да не се буди да цица, мојов вчера го будев во 2 па во 5 да цица, не знам дали ќе станеше сам ако не го разбудев? 5 недели сме. Исто страв ми е од толку долго да не фатам мастит пак. Што со градите по 5ч нецицани? Одмолзуваш?
Лее вака ко ве читам изгледа само мојава сака преку ден на цице да си дреме , прво мислев немам доволно млеко ама 2 пати на педијатар се покажа дека беба супер си напредува …преку вечер супер сме со подои првата спија и трае 3-4 сати после на 2-2ипол сати се буди за цицка …..ама затоа преку ден ми се реваншира
Ова беше кај Живковиќ во Ремедика, не знам дали е баш така релаксирана. Добра е ама мислам дека е строга
Кај нас па скроз обратно. Цела ноќ спие на цицка, денски не ме ни бара, се лаже по баба му и дадо му, ако не му понудам да цица нема да му текне.
Уште преку вечер да беше постојано на мене не ми бегаше бардовце нз што и е ств ,ако не е на цице се корне од плачење нема шанси да поседи мирна …сега последно ме караше педијатарот демек немој така остави нека плаче….ама оди оставија цел стан го дига во воздух инаку сме 7 недели
Да ја договараме за снајка додека е помала? Да не ни избега после. Плачка со плачко се најдоа. Додуша на моето повеќе на карање му иде. Ако нешто не е по негово одма вришти, со солзи ронење, со све. Драматизер. Шала на страна, најверојатно од грчевите ѝ е тешко. Даваш ли капки нешто, масажа, вежби?
Ако напредува убаво мислам дека нема потреба од будење ноќе. Мојава пример ноќе цица еднаш до два пати ама затоа преку ден на 2 саати си бара, да надополни. Вака со ова цицање стави ~1200гр за неполн месец А за млекото одмолзував на почеток кога престанав да ја будам, градите ми беа камен. Сега некако шо знам, како да се навикнаа градиве? Ако има логика тоа До 5 саати издржуваат. Еднаш ми се успа повеќе па таман наполнив шишето се разбуди
Иста е и мојава деновиве Преку ден ред не и се фаќа. На 2 саати, па на саат и пол, па така сака да си лежи само не оти цица Па ќе се прецица и ќе бљуцне па тука плачки кога ќе ја тргнам за да ја пресоблакам и така Забавно е Си надополнува за ноќе шо спие по 5-6 саати
Мајки како им дадовте вкусови а не седат стабилно убаво? И што најпрво да дадам , овошје сварено? и препорачајте што да давам на секои 3 дена Неделава ќе почнеме со вкусови па да се спремам убаво а не ми седи уште стабилно ..
Јас во хранилка ја седнувам. Ми даде список педијатарот со овошје и зеленчук. Ми рече давај по кој распоред сакаш. Јас решив со морков да почнам, најнеутрален некако ми беше, па после тиква, па јаболко, па банана сме сега. Сите по 3 дена, ако нешто нејќе да јаде и мешам со претходен вкус. Се до сега варев, освен бананата и пасирав со вилушка.
Јас во скут го држам, во хранилка откако ќе почне да седи стабилно. Почнав со зеленчук и ќе терам така неколку намирници па после овошје. Меѓу први намирници што се даваат се тиквица, тиква, батат, јаболко, банана, круша.. Можеш и компир и морков ама јас тие ќе ги одложам за покасно пошто може да направат запек.
Готово си ги таксавме и капки и чај на бекутан со анасан и вежби ама ѓабе ни е и јас мислам ради мешето што ја боли сака постојано да е на мене , сабајле цуцаше ко цицка да нема видено , едвај ја тргнав уѓригна и на крај изблуцка
Јас почнав со воведување на вкусови една недела пред да наполни 6м, не седеше сеуште, па јадеше во релаксатор некое време. Инаку давав неизменично зеленчук па овошје: морков, тиквица, тиква, јаболко, праска, круша...