Како бе на 10 месеци ? Барем една контрола на 5-6 месеци, чисто за Д ако треба корекција, а и општо од 5 месец почнуваат да се многу поактивни, па да ти даде совет ете за развојот, седење/хранилка/нешто.. Или all in ви е педијатарот? Ние следно на 8-9 месеци. Во скут нека вежба, земи и’ сликовница или играчка некоја поголема, ќе се исправа сама за кратко.
Педијатар не ни е педијатар, заради тоа и највише се нервирам. Општ матичен е, ама во глупиов град нема педијатар. Не ми е многу за верување, а немам кај на др место да го однесам. Тој е некако на стара слава уште, прво се вработи кај една што беше педијатар, и таа др почина, па он ги "наследи" нејзините пациенти и сите по навика таму ги носат децата, оти секако нема кај... Едит: ма да и ортопедот ни рече наредно на 10 мес да идам. На мисла сум да си идам сама кај ортопед што работи на приватно.
Аууу не . Тоа е више кога ќе седне сам, мислам дека прво треба да лазат убаво за да може така да седне (колку што го разбрав ортопедот). Полулежечка, од некои 40-50 степени, играчка/сликовница пред неа и нека вежба стомачни. Исто и во хранилка и количка на 45 степени. Не ти го кажа ова Антоније?
Вака нешто меко да биде. Мојот е тронта не се врти уште само се завртува на страна лево десно. Вчера почна со нозете во вис и си ги фаќаше и си се вртеше лево десно и се нервира писка што неможе да се сврти. Денес прави 6 месеци. Од мое искуство и од советите на Антоние кога ќе почне сам да дава напон да се крева со главата тогаш е спремен да седи и за кратко ќе почне сам да седи. И кога е во количка само на долните каиши да биде врзан за горе да биде ослободен да се крева.
Гуменото од Базаро 69 ден е, топчето исто толку од стокомак ама го има и во Локо Кроко, а сликовницата ја има во сите книжари.
Мами на бебе му се појавија црвени ситни брунчиња на лицето,вратот и главчето, пантексол ни рече дерматолог да мачкаме ама некако нема резултат, со што ги третирате овие бубуљички освен со кортико?
Било какви, само гледај да се со тврди страници, не хартија. Јас од Просветно имам, од оние со прозорчиња што се. Вакви
Kje zemam denes , fala mnogu. Samo da ne stava direkt vo usta iako ako e bezbedno super onda da ne mu ja mislam
Срц ништо не ми кажа. На вториот преглед кај него бевме на 5 месеци. Апсолутно ништо ново од првиот пат. Рече само на под, да не ја седнувам со перници туку само кај мене во скут. Не дубак, не џампер. Изволте 2000ки чао пријатно. Ете толку беше.
Јас второто не го однесов кај него туку кај Талевски ама некој совети од него ги памтам. Многу ме изиритира што наплаќа на лепе очи,еј имењачка си ми ај 1000ка еј медицинско лице си не наплаќам. Ние другите овци за стрижење. И цените ептен си ги крена што е многу многу е.
Ова ортопедиве се чудо. Ништо конкретно не кажуваат или само мене така ми се чини. Ние бевме на четири месеци и тогаш посочи да сме носеле уште месец само за спиење гаќички за широк повој. Демек дека предходно не сме ги носеле или не сме ги носеле редовно, така ми искоментира. Левото колкче имало јадро ама лакот не бил задоволителен како што тој сакал. И друго ништо не кажа. Само ќе дојдете на 7 месеци контрола. Ни дали да се седнува , ништо. Се јавив после тоа кај сестрата и викам а во скут може да подседнува, во кенгур свртен нанапред ми рече може да голем е веќе. И кај матичната сега кога бевме вика штом така било да не се седнува во агол од 90 степени со перници прицврстен. Ако сам се тегне да стане дури е во скут или во количка тогаш е ок. Сега не сум паметна што е ок а што не.
Оф леле . Јас па спремам листа прашања пред да идам. Да, акцентот му беше ставен на тоа да не го редиме бебе во ќош од гарнитура или со перници заградено, туку да вежба мускули во количка ко што има Моник објаснато погоре , во скут и хранилка на 45. На овој начин ги вежба стомачните, плус на под на стомак вежба грбни и раце, за со тек на време се зацврсти и си седне само стабилно.
Да ви се вмешам во муабет за седнување. Ние сме кај Видоевски он покрај се ова, исто ми рече да и подавам раце за сама да се крева од лежење во седење, добра вежба било и да ја држам застаната ппд мишка на рамна подлога, да си вежба мускули на ноџиња.