Zosto ne se preporacuva becutanot ?do pred da i padne stavav alkohol 70% i pudrava sega samo pudrata , a zosto ne becutanot ne pomaga ?
А кој ви предложил пудра бекутан да ставате, ова прв пат слушам. Препорака од педијатар е 3%хидроген да изврие убаво во папочето па да се исуши и после банеоцин прашоче како што пишала членката погоре. И секако подвиткана пелена дур се среди.
ти пишале и други. памперсот треба да се подвиткува додека не зарасне убаво папочето. додека не падне се чисти со 70 посто алкохол. а кај вас пошо е паднато ќе си земеш хидроген 3% и два пати во денот насабајле и навечер ќе ставаш хидроген и со стерилна газа ако има лигаво или со стапчиња за уши да го исчистиш убаво па банеоцин прашок. не знам кој ти кажал да ставаш бекутан пудра
Не е препорачливо да се користи талк за бебиња, без разлика дали е Бекутан или некој друг бренд. Викаш дека плус ти крвари, ти дали на твоја рана би ставила Бекутан или ќе гледаш да е чисто и дезинфицирано? Паѓањето настанало од алкохолот, а не од пудрата. Сепак твоја е одлуката дали ќе продолжиш да ставаш Бекутан пудра или ќе го третираш папочето со хидроген и банеоцин прашоче.
Мамички да ве прашам дали некоја вакцинирала дете со вакцина на два месеци во ремедика и дали се наплатува? Да знам дали таму може пошо таму се породив или во диспанзер да си одам бесплатно
Ne krvari obilno zato rekov ko kafeavkssto ima na pampersot ili benkicata, ne e otvoreno papoceto ne stavam na otvoreno pudra
Крвари доволно за да се направи инфекција. Прв пат слушам некој да советува да се става Бекутан пудра на папоче. Штом има крвав исцедок треба соодветно да се третира, можно е да треба да се направи и лапизација. Истото што ти го кажав јас ти го кажаа и други членки, за подвиткување на пелена, за чистење со хидроген.
Мајки, син ми 3 месеци, многу сака во раце да се држи. Релаксатор многу малку поседува и тоа ептен ако е расположен. Резмислував да опцијата кенгур, ама немам искуство. Ми треба за по дома. Од сабајле сум сама со него и ретко кога можам да завршам нешто по дома. Машина за садови редам со саати а не па да подрасчистам или нешто да зготвам. Со една рака неможам, ми тежи, скоро 7кг е. Мислите ли дека би ми завршил кенгур работа?
Исто и нас рано ни падна папочето и оставаше крвави траги еден период од можеби 5/6 дена. Убаво чистев со хидроген и ставав неомицин прашоче. Исто и витамините к1 се многу важни. За некој ден се среди.
Не знам за кој педијатар станува збор ама ова што ти кажал е многу чудно. Некогаш повеќе ќе научиш тука на форумот од искуство на мајките. Да се надоврзам како плус со третирањето, нас кога ни крвареше како што опишуваш педијатарот ни зголеми доза на Д3 и К1. Два дена да пие по два пати дневно.
Во Ремедика боцкаат само со првите две, додека е во болница и онаа после една недела. После мајка си одиш со локална поликлиника. Не се даваат вакцините на приватно. Мислам дека имаш и ливче со вакцинален календар и баш педијатар Марина ни потенцираше дека останатите вакцини во локална поликлиника.
И мене ме интересира ова, истово си го мислев ама не знам дали е паметно. Ние сме 2м, дали се скокови, грчеви, гасови веќе не знам, ама и спие во раце не па будна да се заигра, ептен малку. Ако земеш кажи дали вреди
Знам дека така рече Марина ама ме збуни кога ми закажа следен преглед на крајна месец ми рече тогаш има и вакцини таман ќе ти направам к.с и вакцина истиот ден, па викам да не почнале да боцкаат и кај нив а не прашав за цена, фала ти на одговор мајка
Ќерка ми имаше еден период баш околу 2 месеци, тогаш и беа грчевите 2 недели, исто во раце само се смируваше. Купивме кенгур и вршеше работа, да одмориш раце дефинитивно. Е сеа го кориатевме 2 3 недели само, ене го сега спакуван си е. Јас би ви рекла да си земете.
Која е таа после една недела, мпјата прими само бсж и рота прва и таа во ноџе што ја ставаат на 2 месеца