Па си остануваат некои работи, мојата само што се стабилизира со тоа да заспива 22-23 часот, почна да не спие преку ден, едвај 1 час, надвор само спие.
Мами да прашам дали ви се штрецнуваат бебињата на спиење? Моево само се штреца и со рачињата мрда а исто и на соблекувална кога го ставам и соблакам се штреца како да мисли дека паѓа,незнам како да му помогнам жал ми е цело време да спие на штрек
Колкаво е бебето? Тоа е моро рефлекс и обично исчезнува после 3-4 месец. Нормално е, нема зошто да се грижиш.
Евентуално ќе мора да се промени јас така се тешам Пробај почни ноќна рутина порано, и прозорот на будност запази да не е многу, пошто колку поуморно потешко заспива. А преку ден ако не спие сега кога е потопло количката и надвор 2 тури саглам спиење
А да пробаш да го стануваш порано сабајле... Ако јаде во 7ч тогаш да го станеш да не го презаспиваш. Синко откако почнав да го будам во 7 навечер во 21-21:30 е кома. Претходно исто стануваше 9-10 сабајле, навечер полноќ за заспивање не наоѓаше. Сега сам се буди во 7, а навечер во 8:15/30 му започнува "рутината" капење, јадење спиење, со тоа што јадењето е во темна соба и со бела бука. Вака почнав да му воведувам ред на 2+. Пробај тоа време откако ќе јаде да го однесеш во дневна за порано да ви почне денот, можеби ќе помогне.
Здраво мајки, не сум во Мк. па сакав да прашам дали се прави скрининг на новороденче кај нас? Овде правеа 72 часа по раѓањето и ми кажаа дека има некои резултати не во ред. Требо дополнително испитувања од понеделник и сега умрев од грижа. Доколку има некоја со вакво искуство ве молам да Мк пише.
Па на 3 часа пие во 22ч, па во 1 ми доаѓа. Таа рутина ја фатив со цел да ми заспие во 22ч. Ама тоа палеше кај старото бебе мое, пред вториот скок, сега имам ново и најверојатно треба навиките да ги променам според неговите потреби
Па тоа викам, може ќе ти се среди маката ако дадеш 1 час порано, пример во 22 па во 12 или во 21 па 12. Чисто сугестија, може ќе заспие порано
Da go zamotas so pelena, mene taka mi kazaa vo bolnica. Oti prentaat so race I moze da se isplasat pri spienje kako sto e obleceno da se zamota vo pelena da mu se opfatat racete.
Да,се прави. И јас брзо разбрав дека се зема крв од новороденчињата и се носи во државна на скрининг и доколку не е нешто во ред ќе бидеш исконтактиран макс три недели после породување. Јас разбрав од една другарка кај неа имало некои индикации за цистична фиброза ама на крај со дополнителни испитувања се покажа дека се ок.
На керка ми и правеа во Систина одма после породување.Во Турција се прави скринингот.Ни рекоа ке се јават ако има нешто ,во рок од месец дена.Ако нема,не се јавуваат.
Дај боже и кај нас да излезе лажен аларм. Главоболка имам откако јавија дека мора да се повтори тестот, само надеж ми е дека супер ми е бебенцето, освен што има грчеви во меше супер напредна овие 2 недели.
Ako ti rekle samo treba da povtorat moze nedovolno krv zemale pa ne im iskaca ko sto treba...stresno e nema sto ama dur nemate definitiven rezultat nema paniki
Оф мислам дека нема шанси да го замотам а да не вришти, дури и капче нејќе да носи а и веќе е месеципол мислам дека е голем за мотање