Таа навика од почеток се ствара, незнам дали е правилно или не ама да можам да го вратам времето би го мотала онака лабаво баш од таа причина, подобро би спиело мислам. Вака ми се буди од рацете
Не сум сигурна, размена на материи тест е во превод, или новороденче скрининг го викаат, од 2014 бил задолжителен тука. И зедоа крв на неколку места капнаа можно е да е тој скрининг
Дали некој знае од што може да се исфрли вака? Утре е недела, не знам дали може да чека со пон да ја ноасм на лекар, иначе имаме 22 дена само...
Кај мене до кај 2 месеца така се штрекаше после престана. И за капче исто кога ке ставам пишти и ја врти главата брзо лево десно го бара и се откажав, се тешам за брзо ке се стопли
Супер, значи кај и да е ќе престане, а за капче, јас во количка когамго шетам тетра пелена врз глава му ставам чисто да не му дува и колку толку да му држи топличко
Да не е бидено бебето блиску грејно тело или да не си редела термофорче? Мене лично такви пликови ми се прават ако седам до топло
мами што може да и е ова на беба ?прво мислев изгребана е ама веке месец дена и е вакво …да не е испукано капиларче нешто
педијатарот ми има кажано за црвенило слободно да мачкам со ациди борици течност и бепантен маст…види пробај
Да не е strawberry hemangioma? Прогуглај, не се опасни до кај 6м може да расте после се повлекува. Ќе ти каже и педијатар и ќе следи.
доколку е на доење ,може да е алергија на нешто ти што си изела.. Мене ми личи на утрикарија(алергија)...Премногу е мало бебето,мислмам дека треба да се посети доктор без многу чекање.
Ме интересира дали и вашите деца се ќелави? И кога отприлика почнува да им расне повеќе косата? Од раѓање е ќелчо позади, еве 5++, уште не му порасна..
Синко се роди со коса која му падна и пак му порасна. Сега има премногу густа коса. Некои деца негова генерација воопшто не се шишани. Така да нема правила.
Мојава се роди со косичка, ама околу 4 месец и попадна од страните скоро цела, а позади скроз е ќелава сега од што се трија 5+ сме се надевам за скоро ќе и порасни пак, само горе имаме кркми
Ќелав левел попот не можеше коса да му исече на крштевката на 4 месеци. И уште си носи таква фризура (7 месеци)
И ја си мислев дупки ќе има, ама толку не можеше да му фати, дури и без дупки пројде Во кутивчето со лупа да ја бараш косата Ќе им порасне коса кај ќе оди