Искрено и јас сега прв пат слушам. Само ако има индикација? На другарката претпоставувам од болница и рекле? И кога виделе дека има индикација? сега отворив на нет, читам дека во други земји па и во Систина на сите го прават. И знаеш ли која е цената?
Јас како што ја разбрав дека на сите бебиња се правело тоа , без разлика каде се родени, приватно или државно и дали има индикации или не Крвта се носела на клиника и од таму те контактираат само ако има нешто не дај боже.
Мами бебе ми е 2 недели почна со грчеви од 10ти ден, кемка цел ден и цела ноќ, само со цицање се смирува и в раце со нишање. Нишам и дојам еве 4 дена, знам дека е фаза и ќе помине ама во меѓувреме како стигате да средите подома да се измете избрише прашина заради бебе мора поредовно сега ама искрено не стигам вода да се напијам и да јадам. Домашни активности колку сакаш ама кој да постигне се, некоја поискусна мама да каже некој совет за организација зошто вака не станувам ништо
Иста сум. Немам време ни да јадам а не хигиена. Кога е бебе мирно ако избришам прашина усисам време за мене 0. Јас ја ставав у гнездо па на маса па пуштав цртани. Јбг морав да исчистам. Односно се уште морам. Вечер у 22 знам да смукам маж кога ќе дојде да ја земе.
Во право си. На сите бебиња се прави скринингов. Имам соработувано со жената што ги работи баш анализите. Ако не дај боже има нешто јавуваат ако не не.
Ивана, дали при овој скрининг се испитуваат хормоните на бебето? За тој се работи? Или тоа е нешто друго?
Првите месец дена ништо немав пипнато, за јадење што стигнев стоејќи бутав или нарачувавме или свекрва ми ако донесеше нешто. Ама кога почнав со колиеф се смирија грчевите и кога спиеше денски нешто од нешто фаќав. Сега пресоблечен и најаден во релаксатор го ставам и 2 саати си седи ја све чистам. Кога готвам релаксаторот со мене во кујна, за во вц да одам го ставам во транспортер и до мене 4+ сме иначе
Ќе си го фатите редот рано е уште. Такви бевме и ние првиот месец хаос се на нарачана храна, мислев нема зготвено да каснеме. Сега секој ден готвам,а правосмукалка и прашина на маж ми му препишав
Со мм се договоравме, еден седеше со бебе, друг чисти. Првите 2 месеци ретко готвевме, после си фативме ред. После почнав дури спие или си игра да средувам и готвам. Не се замарај многу со тоа сега, на почеток си. Одмарај, јади редовно, гушкај си бебе. Ќе имаш време за се.
Да не се замараш сега со такви работи…ние дома си дојдовме на 2 недели и можеби уште две беше неисчистено…па после до маж се делевме, јас средвев спална и вц тој седеше со бебето, па се менувавме јас седев со бебето тој чистеше дневна кујна…јадевме што ќе ни донесеа или што ќе купевме, какво готвење…со тек на време ќе си фатиш ред, сега се зависи од бебето…моето обожаваше релаксатор и ако не го мрднев со саати ќе седеше во него, јас се си средував…ни смукалка му сметаше ни ништо…тоа спие јас смукам…ќе си дојде редот со времето сега само гушкај бебе и уживај
Испитуваат генетски дали детето има предиспозиции за цистична фиброза и за некои метаболни заболувања. https://www.google.com/amp/s/health...t-novorodencinja/metabolen-skrirnig-kaj-deca/ Тука можеш да прочиташ подетално. Истото го прават на детска клиника.
Моето се послабо се врти, незнам зашто а колку често се вртеше на почетокот.. Сега го дига газето често
Различни нови техники си учат па старите ги ставаат на страна. Јас на почетокот на под омилената играчка му ја ставав малку подалеку и за да ја дофати мора да се сврти. Така усоврши вртење.
На клиника по породување дали го прават? Зошто на странава на Систина пишува на 3 ден од породување, а ако сме со царски нема да излеземе за да отидеме до детска клиника
Јас колку што знам без разлика каде си породена државно/приватно се зема крв од бебето и се праќа на испитување. Се јавуваат само во случај ако има некој проблем, затоа поголем дел не се запознаени дека постои нешто такво.
Епа затоа прашував зошто ние од раѓање до две недели лежевме на детска клиника, имам слики од целото досие ама вакви резултати нема во картонот...вероватно земена е крв, ама дури не отпуштија не стигнале резултатите... Фала на одговорот