Дали имате некој добар дерматолог да препорачате? Синко има некои акнички со црвенило кое се смирува кога спие на лиценцето и на вратот. Педијатар вика ако се смирува не е страшно. Ама сакам да сум сигурна веќе ме загрижува.
И мојата е на доење + ад, некогаш не кака по 2-3 дена. Педијатарот ми кажа дека доколку не се стега и не изгледа дека ја боли стомачето не е страшно по неколку дена да не кака.
Стварно? Не, не делува како да има мака супер си е. Ама јас навикната од син ми по 7 пати во ден какаше сега одма се загрижив . Фала многу.
И ние сме тука негде возраст, исто 6 какани пелени и од еднаш намали, затоа па синоќа 3 пати станував за пелена какана да сменам. Инаку нормално е да проретчуваат како што ќе им се регулира мешето и варењето. А и 2 3 дена ако не е какано не е страшно.
Мами 16 дена има беба моја, последниве 2 дена многу е успана, не можам да ја разбудам за цицање, ноќеска цели 6-7 сати глас не пушти, и ја пресоблеков и бебе спие ли спие. И кога цица 5 мин цица, пет спие така да многу ме загрижува. Првите 2 недели се разбудуваше на секои 2 до 4 часа и будна цицаше минимум 15 мин. Сега оваа поспаност и тоа што не јаде редовно ептен ме загрижува. Некој совет, како да ја будам да цица редовно?
Ако напредува во тежина, полни пелени со мочки и каки, нема потреба да ја будиш, одмарај се и ти додека спие.
Исто беше и кај нас. По цел ден спиеше првиот месец. Навечер ќе се разбуди за цицање 5 минути и ќе заспие. И малку напредна само 350гр за цел месец. Совет од Breastfeeding Clinic ми дадоа да ја будам преку ден на 2 саати да цица. Ми рекоа навечер се многу уморни брзо се заморуваат при цицање и затоа трае само 5 минути, што очигледно не е доволна количина на испиено млеко. Така што буди ја преку ден и нуди и почесто да цица.
Рано ти е за чепче, тоа се дава после 10тина дена...пробај бидејќи доиш јади ти сливи, авокадо и општо повеќе овошје и зеленчук па преку млекото да си прими, можеби ќе и помогне
Првите 10 дена беше супер, се будеше сама бараше да цица и си ја врати родилната тежина + 100 грама. После фатија грчеви од кои неколку дена или плачеше или цицаше и сега 2 дена не се освестува од спиење. Утре ќе ми иде патронажна ќе ја мери и баш ќе видам што ќе каже. А баш си мислев веќе е време некој ред да фатиме испадна да се молам само да е најадена па нека нема ред ексик
не можеш да фатиш ред, многу е мала ќе менува цело време, ако се успива овие два дена не значи дека ќе продолжи тоа да го прави... иначе многу ти е важно како е со тежина, ако си напредува океј нема потреба да ја будиш по мене, ако не би требало на 3 саати барем да цица