Помалото не кака по 3 дена и никогаш не сум ставила чепче, ми кажале дека е нормално. На почеток ми беше чудно бидејќи поголемото и ден денес кака по 3 -4 пати. Мислам дека нема зошто да се грижиш.
Нема проблем вели и превзема обврски само што треба за се да му речам сам не му текнува, а и кога ќе сработи така делумно (полуизметено, полуисчитено) што ме нервира и си велам дај поарно сама како што треба
Ќе си се научи и ќе ги делите обврските. Се додека викаш сама подобро ќе направам не си правиш услуга. Со мало бебе е многу тешко се да постигнеш сама а и нема потреба толку да се мачиш кога и сопругот може да заврши дел од обврските.
Јасно ми е се и знам дека е погрешно да превземам се, зошто сега со едно дете утре може ќе сум со 2-3 и ако сите растураат а еден чисти и собира никогаш нема да биде средено. Ама ми се смачило да го опоменувам како мало дете и да му укажувам на се
Др Лидија Бисеркоска во Ремедика. Ќеркичката на неполн месец ја носевме кај нејзе. Многу задоволни бевме од односот и пристапот на докторката. И после тоа ни беше достапна (и празници и викенди) на телефон за консултации и совет.
Да не е многу топло дома или во просторијата каде што спие? Мене во болница и на прегледи цело време ми нагласуваат да не биде претопло дома за бебето да биде поактивно. Дека топлото ги успива и ги прави мрзливи, а моето е и прематурче и мора да јаде на 3часа за да напредува убаво и затоа јас одржувам дома 21-22степени да е цело време. Може ова ќе ти помогне, зс мене да не ми кажеа јас мислам дека ќе прегревав дома мислејќи дека му е ладно
Можно е 22-23 степени ми е дома, бебе носи боди со куси + нешто со долги одозгора и со кебенце покриено и и мене ми е филм да не и е ладно, маж ми посебно кога ќе кивне или икне бебе и он упорно ете ладно и е никако да му докажам дека нема врска ладното со кивање и икање ама ај тој е зиморлив, мене од хормоните ми е жешко стално и никако да се погодиме
Различни луѓе различни организми нормално ... се надевам нема запек да и направи. Абе мајка мора да си најде причина да се грижи, да не е досадно
Кога сме кај причините... Мојата немаше какано точно 5 дена, веќе почнав да кревам паника, да се чудам. И се искака малата на сред менење пелена ама убаво полнење 2 какани пелени. После се чудев и се грижев да не се премногу искакала... Заклучок: на мајка никако не и одговара
Исто био гаја од прв ден, незнам дали сум задоволна или не Уствари незнам ни што треба да гледам, односно како видлив ефект треба да има пробиотикот. Немам искуство @Anaroz1 сподели искуство што треба да гледаме?
Јас користев биогаја а после во аптека ми дадоа фловинин биле и пробиотик и за грчеви па ке видам како ке се покажат.
Битно се труди и не вели не можам. И мојот не чисти и не готви како мене, ама мани не наоѓам Иначе за спиењето на бебе, нормално е мислам. Мојот спиеше 22часа од 24часа. Ако напредува добро, нека си спие. Исто го пресоблекував тој си спиеше.
Денес кога менував пелена имаше како лигави растегливи кончиња во каката, не знам како да објаснам, педијатарот вика слуз и да намалам млеко и млечни производи. 10 недели е, само на доење, од млечни производи жими јогуртов и тој ако го тргнам на леб и сол ќе бидам. Да не ставам слики, сте имале ли слуз, што било причина, како поминал? Минатата недела имаше крвна слика добра, следна сме на прва вакцина сега и шубе ми е да не е настината. Да повторувам кс или не?
Кај нас таков слуз во кака се појави кога му почна оралната фаза т.е повеќе да се лигави и рачиња да пика во уста. Ако е настината ќе знаеш ќе има проблем со носето.