Мами вашите бебушки од кога почнаа да ги пикаат рачињата во уста? Моето е 2++ и веќе ги става, ги шмука и почна да се лигави.
И моето си цуца рачиња (17 дена) и баш патронажна ми беше денес и ми вика да и давам цуцле подобро. Имам купено и сега пред да и го дадам како да го стерилизирам? Да не и го давам директно од паковче а ако го зовријам да не го расипам? Совет ќе ве молам
Јас го попарувам со зовриена вода, ама зошто е подобро цуцла од рачиња? Врска нема мислам, нема ништо лошо во пикање раце во уста
Не знам искрено не прашав само ми рече занимација ќе и било, ми вика само штом цица и се е ок, можеш да и даваш. Јас пак си помислувам сега да не се залажува со цуцлето и да не не бара за цицање ми е страв.
Секако ќе ги става рацете у уста си ги истражува и осознава, јас на мојата цуцла не и дадов ради забите а кога плачеше ептен 1-2 пати пробав не ја прифати.
Исто и моево е, дури порано почна со лигавење, 7 недели. А, рацете сега на 3 месеци од уста не ги вади.
Мајки како се грижевте за папочето на вашите малечки по пуштање од болница? Со алкохол или со хидроген ги чистевте?
Само со алкохол, па откако падна хидроген капнував, чистев со стапче за уши па банеоцин прашок на крај.
Здраво ние сме 6 недели и двете обравчиња на синко се вака црвени кога ке допреш суво и како краставо како да гребе на допир веќе 3 4 дена немам ставано ништо измивам само со водичка што може да мачкам или прво да посетиме педијатар ве молам совет и благодарам однапред...
Најверојатно вруќици се, и синко имаше, да не го облакаш многу топло, нас на педијатар ни намачкаа маст со кортико и одма се повлекоа, и ни рекоа никако претоплување и само по едно боди да биде, и не го бањај со многу топла вода, најдобро педијатар ќе ти каже дали треба да мачкаш нешто или не
Се мислев реков да не сум грешка не го бањам со многу топла вода но изгледа премногу го облекувам фала ти многу пак ќе си прашаме педијатар за секој случај...
Кога веќе треба да го ставам да седи? Докторот на 5м ми рече дека уште е мал, а еве го денеска 5++ неколку пати сам се мести да седне и играјќи го забележав дека си седи, и тоа стабилно, не падна, не се навали.
Не не, не треба ти никаде да одиш. Во родилиште земаат крв и си праќаат на анализа. Ако има нешто јавуваат.