Мами малово мо е 2++. Денес 3 пати ми се сврте од стомак на грб. Многу се изненадив. Нели тоа го прават малку покасно?
И ние сме 7 недели и нас ни се појави вакво црвенило и лицето и беше круто гребеше, педијатарот ми рече да ја мачка со Биодерма атодерм и за 2 дена ни помина
Кај мене е 3месеца,веќе неколку дена се врти од грб на стомак некогаш не успева да ја извлече раката од под нејзе,некогаш успева. Од памет се вадам кога ке ја видам така со раката под нејзе и само со една се крева ама тешко и е, се забодува со главата во душекот и нозете нагоре кренати. Си викам ако се заврти навечер а да не ја сетам... Ми е страв да ја оставам сама оти назад на грб не знае да се врати
Моево вчера прв пат од стомак на грб, а обратно сеуште ми се нема свртено. И мене ме плаши тоа, кога ќе почне од грб на стомак, да не не го осетам навечер.
А кога ќе се сврти од грб на стомак во спиење, така да го оставам или? Синоќа во спиење ги дигаше нозете и пробуваше да се сврти, еднаш се разбуди од што не успеа, па си викам ако успее да се сврти дали да го вратам на грб или? Збунка сум
Викаат дека не треба ама јас ја враќам оти ми е страв и плус она не ми се мести некако сигурно со главата на страна па да ја оставам
На 6м се заврте на стомак да спие и цела вечер дежурев иако веќе знаеше и да се заврти и на грб некако страв ми беше и ја враќав пак ама се нервираше одман се будеше. Сега веќе 90% од ноќта ја поминува на стомак ама скоро 10м е и 'испраксирана' е се врти сама како и одговара
Исто и мене ми е некако страв па не знам дали да го враќам на грб кога ќе успее. Сеа пробува, дига нозе у вис и на страна се врти само, не успева уште скроз, многу ми е смешен
Женски од кога почнавте да ги ставате малите на агол од 45степени? За да знам количката кога да и ги сменам наслонот И уште едно прашање, како знаете дека се спремни да се свртат од страна? Моето акробации прави со нозете нагоре денес баш го приметив ама не знам дали да му помагам за ролање? Иначе сме 3мес.
Немав појма искрено дека е спремна ја ставив во креветче на грб и ја најдов на меше, ќе се сврти самото кога ќе е спремно, јас во агол од 45 степени не ставам пошто мојава цуцка сака да седи и ќе треба да се тепаме, нека каже некоја друга мама.
Под агол почнав од 4 месеци, ама тоа кај нас не траеше ни 5 мин. пошто нејќе да се вози. Исто и кај нас во скут за сам да се исправа, веќе на 5 месеци скроз сам седнуваше в скут. Во хранилка и со перници на под не го редев. За вртење на под и нека се врти колку сака . Ќе крева прво нозе у вис лево десно, па се замавне поише и ќе се сврти само. Ако ти дава знаци дека сака да се врти можеш и да го вежбаш, да му покажеш како, има на нет видеа ѕирни ги. Ама ако нејќе не го форсирај.
Здраво мајки Малата ми е 3++ е завчера вечерта ми плачеше во сон повеќе од вообичаено но реков ајде може јас не сум ја чула, вчера беше супер преку ден, вечерта во спиење ми плачеше ама такво плачење од неа не сум видела спие и плаче со солзи се дере и 5 минути да неможеме да ја разбудиме (мада мене ми се чинеа ко да плаче вечност) потоа си цица и си преспива до последното такво будење во 6 часот каде не презаспа. И се насобра секрет во носот претставувам од плачење (безбоен) и ете ја расположена се тркала на под. Дали на некоја мајка и се има случено ова пошто сум извадена од кожа и се секирам ептен.
Mojaта пред 1 месец така се будеше со плачење и пискање и набрзо извади запче. Можно е да е запче, на комшика бебето на 4м извади заб