Pod pazuvi koga ke ja mies obavezno brisi ubavo I stavaj pudra kaj nas taka se sredi, a nadolu so ima mozi da e I dermatit ama najubavo odete na pedijatar.. Za Sega ako imas mast so cink..
https://www.hipp.mk/dopolnitelna-is...aevi/hipp-organski-cha-od-komorach-al3600-02/ Ова чајче ти е без шеќер. Еден период го немаше по аптеки амА пиши им на хип на фејсбук или Инстаграм и ќе ти кажат точно каде го има
Мајки ве молам за совет или слично искуство. Малата за некој ден прави 3 месеци,13-та недела сме, само што излеговме од трет скок според табелата. Во скокот имаше проблеми со заспивањето, секогаш плачеше кога ја успивавме и постојано бараше во раце да спие (освен преку ноќ). Откако го поминавме скокот сѐ си се врати во нормала дури една цела ноќ без будење си ја преспа. Од пред два дена почна да станува навечер на секој саат (најчесто со плачење) бара цице, а кога ѝ давам само фаќа држи и заспива пак. Преку ден пак сака да спие само во раце, ако ја оставам на кревет се буди. Не знам што е причината, не би требало да сме во скок, многу ме загрижува , кога беше новороденче не стануваше толку навечер. Инаку си јаде, си игра нормално, весела е, почна да фаќа предмети, рачињата ѝ се нон стоп во уста и почна балончиња да прави, да се лигави. Рано ни е за запчиња, а плус пва со лигавењето и рачињата ни е од пред 2-3 недели, а ова со спиењето од завчера. Некој слично искуство?
Од хип чај од коморач нас тој ни го препиша педијатарот. Јас за грчеви му го давав. Едит:Откако ти одговорив видов дека ти кажале. Јас го купувам во Зегин што е спроти Флатирон во Кисела Вода.
Ќерка ми како напуни 3 ипол месеци исто вака се будеше на секој саат, саат ипол. Некоја ноќ врзуваше по 2 саати ама претежно на саат се будеше. Еве ја сега 6 ипол месеци, пред 10 дена и се среди спиењето, по еднаш, два пати се буди за цицање ама јас и се запнав да ја одвикнувам иначе ќе си тераше уште на саат будење. Нормално е, се будат така повеќето таа возраст им се менуваат циклусите на спиење. Ќе се навикнеш со време. Еве јас синоќа она спие, јас сега од навика се будам на саат ипол
Знам дека не е утеха. И јас вака прашував ко тебе. Може е фаза само кај вас ама факт е дека им се менува спиењето после 3 мес. Мојата од тогаш и дневните дремки ги смени, од спиење по 2 ипол саати, на пола саат дремка. Ама да си знаеш пројде фазата на спиење како новороденче, сега ве чекаат 4ти, 5ти скок, регресија во спиење. Само трпение и нерви
Мајки бебе е 2 несеци и веќе 2недели има како перутче на главчето и како теменици на неколку места пропратено со неубав мирис на рие делови,со што може да се мачка и е ефикасно?
Фризидерм масло или јекодерм. Нас тоа ни помогна. Ако користиш бекутан колекција прекини ја. Ја суши дополнително кожата на главчето.
Фала Мама, што цена е фризидермот и дали смеам да го чешлам бебето,фонтанелата уште е мека ми е страв. Бекутан не користам, еуцерин маслена купка сега користам и бејби лов шампонче
Месец дена ако не и повеќе се мачам со таа теменица, еднаш се повлече па пак се појави Иначе јас не најдов ако најдеш пробај го на бабе лаборатори има за теменици шампон, исто кожен ми кажа уриаж лосион. Инаку секој ден мачкам уље стои 1ч чешлам со чешел, мијам со мустела шампон за теменици и тријам со крпче или чешлам, плакнам па ја сушам со триење и пак чешлам. Чешле онакво со топчиња, не стискам кај фонтанелата, ама дефинитивно тие треба да паднат па со крпче пробај убаво триј после бањање кога е омекнато кожичето.
Чешлај ама не грубо. Нас не зезна бекутанот. Кај нас повеќе беше сува кожа отколку теменица.ама се среди. Од толку што триев со крпче ( не користев чешел) дури и косата и падна таму(сега имаме нова косичка). Бањај ја почесто сега. Матичната дури ми рече со било какво масло може да ја мачкам. Јас со јекодерм и фризидерм ја мачкав. Пример фризидер мачкав неколку саати пред бањање. А јекодерм мачкав и денови кога не ја бањав. Да, главчето тој ден е мрсно, ама наредниот ден кога ќе стане мрсното го нема. Така се омекнува кожичката. Доволна ти е маслената купка остај го сега бејби лов шампонот.
Ја па намерно шампон земав, викам ради купката да не му мириса главчето дека не е шампон, а тоа темениците мирисале толку многу. Имам Џонсон уље, ќе оробам сонего па ако нема ефект фрезидерм ќе земам, фала ти мила
Здраво на сите, бебето за некој ден полни 3 месеци, до сега и давав babytol+ omega и babytol+K1. Многу мака мачевме со грчеви, и сеуште ги има но намалени во споредба какви беа... Прочитав дека кај некои бебиња babytol капките правеле грчеви и проблеми со мешето, па затоа сакав да ги сменам со вигантол. Ја прашав докторката ова е нејзиниот одговор: Ne...tie treba obavezno da gi davas a Vigantolot plus se dava ako ima preporaka od ortoped Некоја со слично искуство, дали сте смениле така капки ? Инаку бебето е само на доење. Има премногу гасови, многу прди , кака преку 3-4 дена... па мислев можеби ке и помогне ако сменеме капки