Нема врска. Не бараат сегде кс. Во Ѓорче не бараат, мојата е за една недела 7 мес, крвна слика не сум и правела никогаш. Вакцините сите ни се регулар примени.
Не знам, и мене не ми е јасно. Општо до сега во лабораторија кај нас немам видено ниедно бебе. Првпат кога го носев, по моја иницијатива, ми се чудеа лаборантите...
Значи на запад никој не прави крвна слика из чиста мира. Тоа ваљда само во Македонија. Имам другарка во Германија, и се чудел педијатарот кога прашувала дали да му прави кс на бебе. Таму возрасни не праат онака, не па бебе.
Педијатарот кај што ја носам инсистира да ѝ испитувам крв секој месец за да ја следе ситуацијата со анемијата. Онаа недела кога беше болна во 6 дена 3 пати ја боцкаа. Годинка е мојата. Јас па се чудам на лаборантите
Да, имаме проблем. Ама и кога се разболе испитуваме кс за да знае докторката дали да уклуче антибиотик. Еднаш беше болна, докторката ништо не ѝ даде, демек од забите ѝ било, на мое инсистирање испитавме крв, испадна да треба антибиотик да пие. И пред вакцина испитувам. Реално, ако детето е здраво и нема проблем па и нема зошто да се испитува често. Додуша може да се примете дали е анемично и без крвна слика. Ама таков пристап:никако крвна слика испитување не е во ред според мене.
Мене во Систина на 5 месеци ми побараа крвна слика.Рутински.Дека почнавме со дохрана , докторот сакаше да знае како стои ситуацијата.Вакцина без крвна слика никако не би ставила.
Значи на запад на висока температура те прќаат надвор да го ладиш детето, природно да спушти температура. Ако е запад не значи дека е правилно. Штедат пари и тоа е објаснувањето. Јас за синко правам пред вакцина. Обавезно. Вакцина не е препорачливо да се прими при покачени леукоцити или низок хемоглобин, железо, тромбоцити. Една вакцина одложив заради низок хемоглобин, пиеше малтофер за да ја поправи па тогаш.
Дали бевте на кожен лекар? Ова е атопичен дерматит, мора посебна нега и мастови, што доктор најубаво ке ти објасни
Многу јако ова дека штеделе пари во Германија, позната е по висока сиромаштија, ме изнсмеа стварно, не ме сфаќај погрешно . Секој си знае за свое дете најдобро секако. Си имам јас педијатар си ја следи супер, ако он рече да правам, ќе правам. До сега не рекол, не рекле ни на вакцини.
Веројатно затоа што штедат, имаат. Мене и педијатар и на вакцини ми бараат. Плус мене психата ми вели прави.
Исто и ние по препорака на педијатар правевме КС на 2 ипол месеци неколку денови пред првата тура вакцини, и еве сега за некој ден на 6 месеци пак ќе правиме поради третата тура вакцини.
и мене педијатарот ми рече нема потреба пред вакцина па ја своеволно направив кс, прв пат слушам ова до година да не се прави
Мајки ве молам совет за аспиратор за нос за секој ден, го имаме носко ама додека уклучам правсмукалка ми одзема време. Ми треба за секој ден нешто ама да не е со шмукање со уста. Фала
И јас да прашам за Ноското, како го вклучувате ба оравосмукалката? Некако мало ми се гледа делчето за приклучок од ноското, може ли појаснување како се става и каде?
Јас кога ја носев малата за 2 доза рота пред 1 недела обавезно ми побараа к.с. и не и ги ставила Др 2 вакцини бидејќи имаше тромбоцити малку покачени, како без к.с. и на жими мајка ставаат вакцини не ми е јасно. Што ако детето е настинато или нешто друго.