Оф јас имам Шарк правосмукалка, ептен широк отвор има, изгледа џабе го купив нема ништо да направам нема да пасува ќе има луфта голема
Бебе ако е настинато се гледа одма, не треба крвна слика. Ова со кс за вакцини е некоја измислица на некои вакцинални пунктови задниве годиини. Нејсе. Кој како сака нека прави. Јас се вакцинирам за грип секоја година, никогаш не ми текнало кс да испитам пред вакцина.
Здраво мами... Ве молам кажете како се справувате со НЕпиење млеко. Бебе е 3+ од трет скок тоа ни остана, ама јас неможам да се помирам. Од бебе што секогаш му беше малку, сега пие многу малку. Претходно пиеше на 3ч по 120мл, некогаш бараше и повеќе, сега едвај 50мл/60мл/70мл, ретко да го испие цело. Почнав на 4ч да давам, повторно исто(дури вака ми доаѓа помалку мл во 24ч). Пробав на 2ч по 60-90мл да му давам пак му останува. Дали некоја имала ваков проблем? Може ли 4 скок да ја влоши ситуацијава? За колку време може да очекувам синко да се врати во нормала? Секој совет е добредојден.
Мојава е 3+, повеќе од 90мл нема испиено никогаш. Едноставно го плука, врти глава, некогаш почнува и да плаче ако ја нудиш, или ќе го испие и после ќе го бљуцне со ждригањето, онака обилно. Педијатарот само ми кажа ако е гладна, ќе си побара сама. Така да, по тоа се водам. Штом не бара повеќе значи не сака Едит: знам дека има одредено мл колку треба да се испие во 24часа ама мојава никогаш нема испиено толку.
Дали некој има инфо за вакцина во Идадија. Веќе имаме 2 месеци па да прашам до кога требаше да се примат првите? И како е таму - дали треба да се најавиме, со термин ли е? Од колку до колку часот се оди и дали бараат крвна слика?
Колку пие во 24ч? Ако е доволно, не мора да го форсираш 120 да пие. Колку сака, толку, моево е 5 месеци и по 120 пие дури сега. Пробај вака помалку и почесто.
Се прима со полни 2 месеци. Не треба да се најавуваш, нема термини, само да идеш од сабајле, не знам до колку беше. Ние бевме околу 9, 9:30, немаше воопшто гужва, сами бевме. Бараат кс и картонот од болница, ја погледнуваат крвната слика и прашуваат за тежина и кога последен пат е мерена
@Tea SK да таа сум, и сеуште трае . Мама шо да ти кажам. Како јас да сум го пишувала ова. Кај нас ова почна со 4ти скок и еве уште трае веќе 3 месеци. Променив и млеко и пак е исто. Немам совет да ти дадам пошто се пробав....шетање низ дома, во раце, во релаксатор. Едино во сон ќе испие 100ка без молење ама тоа е самк ноќе. Преку ден и тие 100 мл што ќе ги испие се со молење, лажење, плачење. Консултирав повеќе педијатри, добив одговор ....такво е детето. Воопшто не ни плаче за млеко, а претходно во секунда мораше да и дадам инаку вриштеше.
Мами не се секирај, бебе гладно нема да седи и да си биде весело да полни пелени. Има периоди кај сите деца кога многу повеќе и помалку јадат. Ти гледаш која милитража пие и се секираш. А да е на доење никогаш не се знае колку исцицало, па ете ги растат со брзина на светлина.
Значи не е дека таму ги прегледуваат баш. Ок, значи прво на матичен да го однесам и кс таму да му направат. Мислев да не го влечкам на 2 места ама ако мора тоа е... Фала ви за инфо девојки.
Воопшто не ја прегледаа, ми кажаа да си ја соблечам, ме прашаа кога последен пат јадела... Гледај барем 2 часа да има поминато. Мене ми се испонашаа бидејќи имало саат време, да не ја бљуцнела ротата. И едно 20 пати ми го кажаа тоа "што ако ја бљуцне ротата"
Мојата ја прими со 4700гр. Прашав да не е малку, дека нема 5кг, рекоа океј дека е.. Едит: а за наредните вакцини има потребна килажа?
И моево, ќе се засили на почетокот, ќе испие 50мл и после тоа е молење. Плука, си игра со јазичето, ми гуга, се смее и на крај завршуваме со кенкање.... се надевам ќе се промениме