Мајки, колку млеко пијат/пиеја вашите бебуши на месец ипол два? Со ова доењево немам претстава колку цица и кога треба да му дадам шише немам поим колку е потребно/нормално за таа возраст. Некогаш е страшно лаком па ќе поврати, некогаш заспива после 30мл и ќе ми се разбуди порано. Исто така, кога му давам шише последниве неколку дена е страшно нервозен. Мавта со раце дур цуца, испушта нервозни звуци црвенее, дури се засркнува ме вади од памет. 3 различни шишиња сменив мислејќи дека нешто го нервира бавен/брз тек на млекото ама со сите реагира исто. Претходно без проблем пиеше од шише, смирено, најнормално.
Исто и ние имаме таков проблем, само што кај нас е проблем десната страна. Обожава да спие на десна страна, дури и кога разгледува ретко ја врти на лева, како во навика му помина. А дали има шанса да се оформи убаво, нека каже некој кој веќе поминал низ тоа
исто и ќерка ми, ептен и беше сплескана од десна, почнавме полека да ја вртиме на лева дури вратот не и одеше натака, сеа после месец дена има напредок, мењај го на двете страни, ставај тетри перници занимавај го тропкај збори му од таа страна да се врти еве кај нас има подобрување гледам дека почна и сама да се врти во спиење и на лева
И ние почнавме исто, јас дури и се исплашив, кога го занимавам од др страна на кај на око ме гледа како да неможе да се сврти. Кога ке го држиме исправен главата не ја држи право, навалена на десна страна. А во спиење веќе се врти и на двете страни. И на ортопед го однесов само за ова. Ама среќа нема дефекти, само навика
Моево исто имаше сплескана глава, со помош на позиционер ја исправи. Едно спиење го ставам на десно, наредно на лево и цело време така. Го купив од Бебехоум: https://bebehome.mk/product/vib-страничен-позиционер/
Мајки може ли да ми предложите пумпа за измолзување сеедно дали рачна или електирична (која сметате е подобра)? И дали секако ќе ми треба да земам одма или откако ќе се породам ако има потреба?
Почекај, ако треба после породувањето ќе си земеш. Јас исто гледав да земам пред породувањето ама ако земев ќе се заебев. Еве 4 ти месец јас нит сум ставила пумпа нит имаме потреба
Почекај да се породиш па после ако треба ќе си земеш. Сега можеш да си пдбереш само каква па ќе ти купат ако треба. Првото го доев скоро 2г пумпа не ми требаше воопшто. Сега со второто еве скоро 2м исто не гледам потреба за пумпа.
Јас имам рачна на Philips Avent, одлична е. Со електрична иде побрзо одмолзувањето, но околу 10.000мкд е. Не ми се даваше искрено толкава сума. Мене многу ми се најде уште од прв ден за стимулација.
Јас купив 4 ден во болница, пред тоа не ти треба. Ја имам чико рачната и се уште се одмолзувам и пие измолзено мојов, за 20мин од двете гради 220мл вадам. Задоволна сум за 1900 денари.
Ќе земеш ако треба дур си во болница ќе ти купат само одбери која. Јас ги имам пробано електричните на кика боо, медела и филипс авент. Авентот ми беше најубава ама изгор скапа, меделата крш, кика боо за цената е премија ја таква би си зела.
Мами ќе ве молам совет... Бебе. 4ипол месеци се штрека премногу во спиење, особено на нагли и остри звуци. Дури и кога дремнува преку ден се штрека а ја учев да спие во галама, со звуци, до 3 месеци спиеше со фен од јутјуб. Секој совет е добредојден.
да се надоврзам , не знам колку си спремна да дадеш јас имам филипс авет електрична презадоволна сум и уште ја користам од прв ден, три ипол месеци веќе, ама скапичка е, мене ми е поклон, а другарка има на кика боо задоволна е исто доста ппевтина
Mom's Што ќе правиме со мењавање на саатот? Како ќе ги заспивате ѓаволчињата? По старо или ново време? Пред некое време ми излезе на инста некоја табела ама сега не можам да ја најдам никако.
Ke se priviknat ne mu ja misli mnogu...den dva ke im se smeni saatot. Uste mnogu ke menjaat ne e ova nisto
Табелата беше со 15-20 минути порано/покасно да му поместуваш рутина и за неколку дена ќе си се порамни со саатот. Едит: Еве ја ја најдов табелата Среќа нас не ни треба, рутина секако немаме
исто и ние кога читам дека имаат ред се чудам или некој кога ќе ме праша преку ден кое време дремнува бебето и колку спие, не знам стварно што да одговорам секој ден е нова песна кај нас
Ја видов табелата на инста и ми се плачеше. Си вакам зашто немаме ред, ни за спиење ни за јадење Ама добро, не сум била сама. Се окривувам себеси дека не знам да го успијам бебе. А пак кога сме некаде на гости нема шанси. Када ли грешам, незнам. Не сака и не сака да спие Само во количка ама надвор. Е ај изнеси бебе на ваков ветар, де.