Извини што ќе се умешам во муабетот. Нас педијатар ни рече до кај 3 месеци да не го оставам бебе повеќе од 5 часа без цицање макс 6 часа заради шекерот што влијаело на развојот на мозочето. Навечер еднаш и да се разбуди за цицање не е страшно, не мора на 2 часа да станувате ако напредува во тежина. Ова чисто искуство ти кажувам на крај ти си одлучуваш како. Да не се разбереме погрешно мајка.
Е ако де, можат и по недела дена да не какаат, нормално е, така ми кажа педијатар. Се дур не се мачи нормално. Еве го и моето трет ден денес како не е какан. Исто за топломерче во газето сум слушнала, ама би го применила тоа само ако ептен се мачи. А ова со слививе и со ленот тебе само ќе те протера
Jas isto taka DVa dena se nemase pokakano malce maslinovo maslo I dadov nekolku kapki nie sme 7 + ne znam Dali imas vovedeno maslinovo
Знам дека не е страшно ама реков ај ако можам да и помогнам некако пошто гасови има ама не е нешто многу кенкава или слично Не не ние сме тек 4++ благодарам во секој случај
Мами ние смсме 3+++. Досега давав BioGaja, но сакам да променам на Waya. Малово не ми кака редовно. На АД сме. Дали влијае пробиотикот тука? Нема ли да е проблем да го сменам после скоро 4 месеци? А може и да ми препорачате пробиотик вие од кој сте задоволни.
Ние тераме и по 10 дена без какање. Кога ќе се искака пуштаме огномет да се зна Некогаш сама ќе се искака, некогаш со топломерче. Во петокот и ставив чепче пошто се мачеше цел ден, па се искака три пати. Педијатар ми рече до 14 дена тераат деца што се само на цицање. Пробав сега сок од јаболко да и дадам по препорака од педијатар на вакцинален пукт ама не го пие.
И ние сме толку, прво и давав рекол, после и сменив на биогаја и тогаш баш какаше два дена по ред и поврзав дека може да е од пробиотикот ама после пак си продолжи со стара песна а јас продолжив со биогаја.
Ќе почекам уште некој ден па ќе видиме ова мене прв пат ми прави вака до сега секој ден си какаше и тоа убаво полнеше пелена
‘Влетав’ случајно на темава и само ќе те посоветувам да не се нервираш зашто и да фатиш ред таман ќе го фатиш, ќе дојде скок во развој, или регресија или заби… И пак сѐ ќе се поремети. Бебињата се менуваат толку многу во првата година. Јас нерви искинав сакајќи да следам некои си шеми, и за што? Ја успивав кога јас сметав дека треба да спие, гледав на саат, и само се нервирав а она пример не сакаше да спие во моментот и плачеше. Следи си го детето. И мојата дома ретко заспиваше па сум ја носела на тераса испозавиткана во ќебиња во количката само за да заспие.
Девојки здраво, гледам дека сте поактивни овде, каде да најдам подлога за пресоблекување бебе која од долната страна е како гумена и не пропушта? Доколку има онлајн да се нарача би било супер бидејќи сум од Битола.
Моч пелена ли мислиш? Јас имам од Стружанка такви ептен ми бркаат работа ама ги купив физички не онлајн
Мислам дека да, мојава кога не е какана и кога ќе се испрди како права госпоџа мислам дека може да и позавиди и чичко што јадел подварок за ручек Јас пробав вчера до сокче од слива на хип и какна малце
Мајки добро утро. Од која крема со заштитен фактор сте задоволни? И од кога почнавте со вкусови на доење што сте? Дали пратите според напредокот на бебе или како? Сепак од 4 до 6месеци е голем интервал
За кремата и јас ќе прашував За дохраната, ако бебе убаво си напредува најрано од 5,5 најкасно до 6,5 месеци да се почне со дохрана. 4 месеци е прерано освен ако реална потреба нема.