Ќерка ми почна од 5 мес ама зашто малку качуваше само на доење а не прифаќа никако АД, инаку ќе трравме само доење до 6. Најубаво консултација со педијатарот кој го води бебето.
Мајки здраво Дали има некоја мама што прележала ковид во бременост? Како поминавте? Сега сте веќе со бебчиња и повеќе искуство имате.
Јас. Втор месец бев,ден ипол температура после мн лошо кашлање само со витамини течности еден ТОН што купечки што правени и за кашлањето правев чај од кромид
Јас во шести месец, немав никакви симптоми ни температура, ни кашлање, ниту изгубив мирис и вкус. Да немаа симптоми другите околу мене немаше да знам дека сум позитивна. По совет на матичната проверив д-димери и ми беа до плафон високи...
Дали ковидот се одрази на бременоста или бебињата? Ме удри дамла, јас сум со температура и главоболка.
Кај мене се искомплицира, но на крај заврши добро приказната. Кој месец си? За да бидеш мирна мој совет е да ги провериш д-димерите.
А за вкусови во договор со педијатар. Во зависност како напредува бебе. Ако е ок со килажа од 5,5 или 6 месеци се почнува.
Фала мајки за мислењата со килажата сме добри дуплиравме родилна на 3месеца,сега сме 4+ имаме 7300. Добивам поделени совети околу исхраната ама ќе ја оставам да си цица подолго цел живот после има да јаде,а само сега за да цица
Јас прележав во 5ти месец. 3 ноќи темпетатура до 38, 3 дена како отепана бев, најужасна главоболка што сум ја доживеала, ми идеше главата во ѕид да си ја мавам. Мирис вкус немав 20 дена, нос ми течеше 20 дена, ддимери високи, се боцкав до крај на бременост со фраксипарин. Бебе родено во 39+1 недела, со царски, тргнав природно до 8см ама и текна на госпоѓицата баш тогаш да се измести. Сега е мало брливо 7 месечно бебе кое не запира од сабајле до вечер. Не се секирај, не паничи, ќе пројде, ништо старшно не е, само обавезно испитување димери.
Прележав во 20та недела. Имав само главоболка и малаксаност. Кога го прашав др дали може да се одрази на бебето, ми рече дека може само да заостанува со растот. Али се роди 3 600 и еве го сеа батко голем е, не е имал никаков посериозен проблем. Мене ми се качија димерите, али клексани боцкав дури после пораѓај. После прележување барај си упат за димери.
Од се срце фала на овие пораки, ме утешивте и ми дадовте сила. Чекајте те на лето во оваа тема да си споделуваме бебешки искуства
Еве и јас да ти пишам. Позитивен тест во 22н. Прв пат во живот спуштив на плуќа и морав панцеф да пијам. Темп имав 5д. Идев барем 2 пати неделно матичен да ме слуша. За рендген рече ако се влошува ама среќа со антибиотикот се стабилизираше полека. Кашлав и грубо дишење уште месец дена по ковидот. Димерите ми беа повисоки ама само 17 клексани боцнав. Немаше потреба повеќе. За бебе исто ми рекоа може да почне послабо да напредува ама немаше проблем. Еве ја сега си лежи до мене со полни 2м а родена после термин. Пиј мн течности, витамини и одмарај. Ќе биде се ОК. Со лесно
Да знаеш дека ќе ти го водат пост ковид бебе. И во болница така ја пишаа на родилен картон, а и сега кај педијатар во картон. Појма немам зошто ваљда статистики некои, моја претпоставка.
За ова никој не ми спомна, нити па педијатарот ме има прашано. Само на ден на пораѓај ме прашаа дали имам прележано, кога, со какви симптоми, и тоа.
I kaj mene nemase nisot takvo tuku sano ednas mi iskomentiraa za postelkata sto bese po zrela deka e od kovidot
Не ми спомнаа ни мене во болница, видов дека пишале кога си дојдов дома. А педијатарот кога ја заведуваше исто пиша во картонот
Што да му ставам на палецот…. 2 ипол месеци сме и многу сака да си го става во уста па затоа и вака му се направи.. педијатар вика ништо да оставам така ама некако ме страв да не стане полошо