И мене 2ца педијатри ми рекоа од 5 месеци да почнеме со вкусови. Исто дуплирана тежина, 7400 на 3 ипол месеци. Ми вика таман кај 5 да се почне со вкусови на 6 месеци да се воведе оброк, касно е на 7. Па не знам кога треба да има воведено оброк? И колку тоа долго се пробуваат вкусови пред да се воведе оброк? Баш пиши како ќе ти кажат кога ќе почнете.
Не би мачкала ништо бидејќи ги става рацете во уста, ептен ракавички или евентуално како овие на сликата.
Здраво мамички.. не знам во која тема да го сместам прашањето па затоа овде.. Бебето ми е три недели, се роди со црвенило на двата очни капаци.. Докторите велат не е белег, ќе се повлече со тек на време, ама сеуште си е исто не е почнало да избледува. Дали некоја од вас се има соочено со вакво нешто и дали вистина ќе избледе?
Двете мои деца се родени со такво црвенило на челото, вратот и очните капаци. Нема ни да заприметиш кога се повлекле, не се секирај.
Треба време ќе се изгубат. Не се секирај. Внука ми и првата ќеркичка имаа се изгубија ама не памтам кога точно. Сега и бебуш има чекаме да се изгубат.
Мајки, во коритцето имам седалка за бебе, ама веќе почнува да му биде тесно за бањање,му маваат ноџињата во коритцето кога е седнат. Дајте идеја како да го бањаме, како вие ги ставате бебињата во коритцето?
Mamicki, malovo mi e mnogu malo taze porodena pred 4 dena Pa me interesira kako bea vasite malecki toj period.Po kolku mleko im davavte? Spie, i samo saka da spie, ima period koa celo mleko ke go ispie ima i koga se molime po cel saat .
Колкаво е бебе? Го држи главчето? Јас од кога почна главче да држи во туш ја бањам. Ни да се замараш корито полнење, па раскревање. Вака за 2 мин е готова.
Мајки, имам една дилема. Малово многу ми качува килажа. Родено 2550, излеговме од болница со 2330, првиот месец качи скоро 1300. Сега еве го пак 900 грама за 19 дена, значи и втор месец ќе биде накај 1400. Докторката ми вика многу е разјаден, ќе му се прошири мешето и цревата, не му давај на помалку од 3 саати, а он само 2 пати во деноноќие издржува три саати кога ептен ќе се успие инаку рика вришти на 2.5 саати, неутешно, пурпурна боја дури му добива лицето, нема шанси да го смириш со цуцла или да му одвлечеш внимание. На ексклузивно доење сме. не знам што да правам, не сум имала ваков “проблем”, ќерка ми не качуваше повеќе од 700 грама месечно. Ама овој очигледно е јадач. Не е вака нешто многу дебел да речеш, 4650 (за една недела прави два месеци), има обравчиња и свивки на бутчињата, меки рачиња и меше ама ме загрижи коментарот на докторката, на двете контроли потенцираше многу јаде, ќе му се рашират цревата. Што можам да направам? Мал е за да го залажувам со чајчиња и водичка…
Браво за матичната. Бебе на мајчино млеко се храни кога и да посака и колку и да сака. Прв пат слушам за рестрикции на мајчино млеко за бебе од два месеци. Бебе кое е само на доење никогаш не може да има вишок на кг додека е само на доење. Друг е случајот за тие што се на АД. Посебно повеќе качуваат бебиња со помала родилна тежина, за до 6ти месец да ги стигнат врсниците. Ти треба да си пресреќна што твоето бебе напредува одлично. Како пример ќе ти кажам и ќерка ми првиот месец качи 1.500, вториот 1.300. Јас би го сменила педијатарот. Ужас Едит: ќерка ми е моментално 5 години и е кожа и коски, значи желудникот не и се проширил
Првиот месец 1500 качи, ваква страшна приказна за ширење на црева стомак не ми кажаа. Ми рече па и подобро повеќе одколку помалку. Но, имаше логика што ми кажа дека вриштењето, плачењето да и е од прејадување кои доплнително влијаат на грчеви, а јас мислејќи дека е гладна да и форсирав јадење. И така почнав поретко да нудам, т.е. кога плаче да знам дека плаче од меше, а не за јадење. Пошто толкаво бебе, толку кг и толку често да јаде гладно не е сигурно. Последна контрола на 3м 900гр беше плус. Така да лапачка си е ама почна да намалува. На екслузивно доење е. Инаку доените буцки бебиња немаат предиспозиција за дебелина понатака и баш и заради фактот што е на доење не се позамара докторката за многуте кг.
3 месеци сме, уште не ја држи 100 %, уште му се клати не е баш стабилен за под туш па затоа коритце уште користиме
На иста мака сме Исто 3 месеци е и колку што се сеќавам од поголемата ќерка изгледа ќе се помачиме дури да почни да седи. Со неа исто имавме пробано под туш, ама нешто покомплицирано ми беше. Сега засега ја бањаме вака како на сликата, па сега почнува да мрда многу со нозете и се удира. Ако најдиш некое решение кажи @Tea SK ако не ти е тешко кажи како ја бањаш под туш. Се си мислам нешто ќе ми се лизни од раце.
Ние знаеме и на саат време да цицаме. 1600 ставивме последен месец. Се и е раширено значи почнувајќи од хранопроводник, желудник,црева,дебело црево Рани си го детето таму колку си сака и смени си матичен