И јас вака ја бањам со раката под глава исто се мава со нозете и со главата. Под туш пробај да не си гола туку со маичка за да не ти се лизга,јас така ја имам бањато ама ладна ни е бањата па одложив за кога ќе се стопли. Ми се чини под туш далеку по убаво е дека цело време нова вода. П.с. мене ме стегна филм дека ке ја испуштам дека со една рака ја држам, па кога ќе падне на плочки .. до таму отидов
Жени хелп Малово има полни 6 недели и нит спие нит јаде како што треба. Да напоменам ексклузивец е (само на доење). Дење се буди (ако заспал уопште) со кенкање на пола саат како за јадење, ќе го ставам на града и цица 5 минути ефективно. У меѓувреме го осеќам млекото како му поминува низ хранопроводникот до желудничето и ваљда од топлото му се опуштаат цревцата, па почнува да прди и евентуално да кака. Со сега секое такво прдење го плачеше, со тегнење од града у форма на лак, забацување наназад и одбивање да цица пак и плачење се додека не му помогнеме некако да се испрди. Е сега истото ми го прави и за какање. Ако го фатам полупоспан да го надојам, нема гајле прди кака и се по ред додека цица. А се расони малку - почнува драмата. До сега само дење ми правеше така, се до ноќеска кога пак почна да се буди со плачење кога ќе му дојде да прдне, кулминирајќи кога ќе му дојде да кака. Се треска од земја се додека не го исправиме. Еве веќе саат време како го држам в раце, спие и а го оставам во кревет одма ја крева куќата во воздух. Шетање по соба помагаше (ваљда исправен дека па гравитацијата си го прави своето), вежби точаче, подигање на колената накај стомак, нежно масирање на стомакот и грбот. Значи нит спие нит јаде ко што треба и ме загрижува веќе. Само што го поминавме првиот скок се нормализира, почна сам да прди и со тоа да цица подолго од 5 минути (тогаш исто ми одбиваше и цицање и спиење и ми предизвика почетен стадиум на мастит), сега пак јово на ново. Педијатарот вика нормално е да ги плаче прдењата и каките и ме посоветува да не му помагаме да се искака зошто ќе се научи на помош и после ќе очекува некој да му помага секојпат кога ќе му дојде да кака и ќе си направи мрзливи цревца. Исто ме посоветува да не му давам да цица на пократко време од 2 саати, зашто така уствари цело време ќе се вртиме во круг - на млекото му треба 2 саати да се свари, он плаче за цицање за да ги "подбутне" гасовите и каката од претходното цицање, го полни желудникот и почнуваат драмите со плачење. За пола саат - саат пак истото. Одлично напредува инаку, роден 2.8кг, во вторникот беше 5кг рамно. Му давав сируп Nurse Harvey до пред 10 дена негде и престанав пошто не видов никаква разлика, а и педијатарот ми рече дека нашиов проблем не се колики, туку едноставно развивање на дигестивниот систем на малото. Ги пробав сите можни положи на доење, пробав да се одмолзам и да му дадам да јаде од шише, менував гради за да полесно му тече, ништо од тоа не помага, што покрај маститот ми ја намали и количината на млеко. Имала ли некоја од вас слично / исто искуство и како се справивте? Значи ждригнат е, сува пелената, ништо не го стега - тие фактори се исклучени. Ај да го уклучам фенот пак, белким ќе заспие.
И ние бевме вака и грчеви се и мака да си прдне и да се искака. Ревидирај си капки што му даваш дали можеш да смениш да додадеш одземеш во консултација со педијатарот. Јас давав рекол од раѓање па после колиев кои го сменив со колипрев заради практичност. Кога беше нај акутна фаза колиефот мислам ми помагаше, кога дојде моментов да се буди за прдење и какање ми дадоа бекутан капки (не видов фајде) и нурсе харви пробав (и од него не видов фајде) па така си останав на крај со рекол и колипрев. Накај 2ипол месеци почна да се стабилизира, на 3 месеци ко друго дете и еве на 3ипол да чукнам во дрво е супер. Дури почнав и патлиџан да јадам. Инаку да, во раце спиење имавме мноооогу и преку ден и навечер, најчесто на рамо ќе заспие и едни пози што фаќаше за спиење во раце цела искривена, а ја спуштиш ли доле одма почнува кенкање. Јас полу легната она исправена пробував да ја поставам за доење, млеко ми шикаше се одмолзував божем ради млазот ништо, по 40 мин дење ноќе ја држев да ждригне џабе, таман сум стигнала да легнам она станала, ама помина. Вежби кај нас не помагаа, камо да помагаа јас ќе и правев ако му олеснува на дете. Ко што ти кажал педијатарот, они плачат и од меше и кога цицаат мислат ќе се смири ама после им доаѓа многу и потешко. Мене ми викаше ако плаче или ете ко што викаш се виктка во лак се буни тргни го. Викаш супер напредува, и ако полни пелени и ефективно цица, млеко имаш, нема потреба од грижа дека е гладно. Тоа што си била пред мастит е затоа што допрва ќе се регулира лактацијата, ако ти е така малку само одмолзи да не стимулираш, млеко не се намалило си се регулира. Мислев крај нема ама помина и ќе помине и кај вас.
Негде од кај 3ипол, 4 мес, не знам точно кога ама ја држеше главата ептен стабилно. Соблакам бебе, се соблакам јас, во туш кабина, под мишка ја фаќам, со тушот, сапуњам набрзинка цело бебе, па на колено ја среднувам зашто клиза, па пак со туш. Ако е маж дома му ја давам него да ја облака, ако не искачаме двете она во пешкир, ја гола и трчај до спална . Е сеа мојава ужива да се бања и е слабичка, затоа без проблем во туш. Ако плаче бебе на бањање може малку страв да му е од тушот. Ептен ми е практично, ни корита, ни мкнења, ни собирања, за 5 мин готова е.
Ааа мене ова ми е многу комплицирано јас на држач си го ставам коритото до тушот, на машина се облака соблака. Кога нема веќе да ја собира не знам, сама ќе ја учам да се бања.
Пробав јас вака еднаш. Мојата е толку пргава што во корито пробуе да се сврти плиска со нозе со раце све граба, со еден збор прета цело време и јака е ако ги стегне нозете нема шанси пример вежби да правиш мах еднаш-двапати ги стега и чао пријатно ми вежби ни бутур. Такада нека се мава од корито јас не се осудувам вака. А се мава и вчера мислам ја заболе и престана. Многу се лизгаат посебно кога ќе се со гел или пампон мојава едвај се додржуе двајца да ја бањаме а не вака. Ноо нооо .
Ооо збори ми за претање. Мојава као почна од стомак, не е прекината. Не може да се здебели од што прета. Јас сама ја бањав во корито со мрежичка од 2 мес. Во корито мислам повеќе преташе зашто лежеше на тоа мрежичката. Првиот пут се престрашив, сеа више испраксини сме во туш. Ја држам малце поцврсто и тоа е. Она пргава ама па ја уште попргава нема кај да бега кога ќе ја фатам
Мали сте вие. Чим ти седи на машина да ја облакаш супер сте. Јас на 4 мес прекинав да ја соблакам на пресоблекувална, ми се превртуваше на стомак. Сега веќе ни на кинг сајз спалнана не ја додржувам, бега со голо газе, мука нема.
Не постои "дебело" доено дете, па макар цело било со засеци и бутчиња за јадење. Поголеми глупости од проширување на црева не сум чула одамна. Од искуство ти кажувам само бебе да си слушаш, нема зошто да зајдува од плачење. И моето е на доење, качуваше и до 1800 грама за 1 месец, па педијатарот секогаш викал дека е во ред. Плус ако има генетски предиспозиции да биде големо, нема место за грижа. Не може сите бебиња да се по книга со совршена килажа. Едина маана е што раце и кичма паѓа ама битно е они да си растат, ние ќе одиме на ремонт
Здраво мајки , ние сме 3 дена и сме на ад Хипп комбиотик пошто немам уште млеко и даваме на 3 сата најмногу по 30 мл ама штом пројде сат време она почнува да плаче и да ја шмукува лажливката како да е гладна што правиме погрешно ве молам за совети ..
Имаш млеко. За да имаш млеко треба да цица бебето. Новороденче (до 28 дена се вика така) цица 24/7. Сака да цица бебето. Знам боли ама издржи. Намачкај на градите маст од аптека ќе видам сега како се викаше, можеш и силиконски брадавици на почеток иако е подобро без ама јас и двете со ги доев на почеток. Прашај се што те интересира Пиј многу вода, од вода доаѓа млеко, одмарај, без стрес, без нервоза
Мајки помош, бебе поврати и има како крв низ тоа. Ве молам за помош што би можело да биде. На доење сме.
Мајка прво живо и здраво да е бебето. Дали го ставаш на града? Обавезно за да ти надојде млеко да го ставаш на града колку толку нешто ќе повлече бебето ако сакаш да го доиш. Молзи се со пумпа ако имаш тоа што ќе измолзиш исто можеш да му го дадеш. Пред секое давање АД прво на града стави го. За плачењето не значи дека е гладно малечко е уште си бара и топлина и блискост легни го на тебе кожа на кожа контакт за да се смири.
Здраво дали некоја има искуство или совет бебето ми е месец ипол кога ќе се изнацица и подригнува и повраќа и исто мпже да се деси да си повраќа и отпосле некое време саат два свареното млеко дали е нормално?
Мама за секој случај консултирај педијатар. Ама не се паничи најверојатно е од твојата града.Дали ова беше бљуцкање веднаш после доење? Ако некој канал бил запушен бебе може го отпушило со цицање и голтнало малку крв.
Да, нормално е. Вишокот млеко мора да излезе од некаде. Кога ќе одите на контрола прашај си педијатар за секој случај да ти е мирна главата. Синко е 4 и пол месеци нема подој да не поврати.
Мене пупките ми беа разранети па почнаа да крватат по малце мислев нема гајле и сепак му давав да цица се дури не ми поврати млеко со парталчиња крв потоа се молзев се дури не заздрават и пак не се случи да поврати така сепак стравот остана па продолжив така да ја ранам со шише