Докторката ми препиша цетиризен, знае дека дојам. Аптекарката рече дека земале за време на доење ама само по препорака на лекар а на упатството пишува да не се зема во тек на доење затоа што продира во млекото. И сега? Сте користеле?
Во 8ми месец прележав делта сој, без мирис и вкус, со кашлица, без температура. Релативно лесно, без антибиотик поминав. Бебето инаку нема антитела, проверив.
ја користам и сушара и пеглам.. што знам навика ми стана, нашите не ги пеглам само по потреба, за неа се пеглам
ја ја оставам додека не почне да вришти, тоа не е повеќе од 3 мин. исто 3 ипол месеци е, едноставно не сака многу да седи и не ја форсирам..
Пет пет, само ставај ја почесто во текот на денот. Кај мене пали и да ја свртам на грб па за 2 мин пак на стомак и пак ќе си седи. И ќе почне по повеќе да издржува.
Од нашите се откажав и терам гужвана мода, ама ужасно ме мрзи некад да пеглам, поготово ако еден дел од некој комплет не и е испеглан си го носи непеглан
Додека и е интересно да се ѕвери у тв. Само така седи на меше, некогаш 5-6 минути, некогаш ни минута не сака, некогаш се заборава ако и тропкаш или и збориш
Дупло плакнам и се перам на 60. Реално не ја гледам поентата веќе освен за да не е гужвано. И така се пика во уста што ќе успее да заџапа. А и на земја е најчесто па колку и да и чистам и подлога и паркет, под си е под, одма се прља.
Ми олесна мислев само ја сум Немаше поента пошто се пика у уста и се ваља и ја оставам на кебенце нејзино ја наоѓам како ја џвака постелнината моја. Ама сеа како се стоплуе и како е по јакничка ми е незгодно па пеглам. Мада денес на брзање гордо ја изнесов у непеглано.
Значи кога бев трудна и спремав за бебе се препеглав, а пази имам сушара. Како се роди бебе, освен постелнина, ништо не сум и испеглала. Боље ќе си легнам да се одморам него да пеглам. Бебе си сака одморена мајка, му е гајле дали е пеглано.
Иста сум, па пази ако мешто од другата страна се размрдало пеглајки дур не де исправи нема. 2 саати нејзините алишта од надвор од внатре она спие ја пеглам и чистам спиење вечер ако ми е пишано
Ја до 3 мес пошо мојава само спиеше, стигнав дури и плакари да прередувам. Е после тоа се очовечи и стана џамбаз и сега чистење викенд, татко и кога е дома. Он усисава ја ја држам, па ја џогирам он ја држи и така комбинации. Не се форсирам дур сум сама со нејзе, си одмарам. Бар малце да се одморам додека да тргнам на работа.