Ооо па ти си супер моево што и да е скок да е одма мава на неспиење и висење на цицка. Период имавме кога јас морав да лежам до неа стриктно у една положба како би ги она ставила нозете на мене зада спие. Вчера последната дремка до 4 и нешто едвај у 11 се успавме. Оди заврши нешто. Таква е од 2 месеци,многу малку спие.
Здраво мамички. Како да препознаам кога бебето поминува низ скок во развој? Синоќа плачеше цела ноќ и на крајот заспа врз мене, конечно. Баба му вика шинато било, а јас мислам дека минува низ скок во развој. Инаку сме 7 недела. Како да препознаам дали е шинато? Сте имале ли таква ситуација?
Како шинато? Се има повредено нешто па ти е на мисла или? Според неделата највероватно сте во втор скок, симни си апликација The Wonder Weeks и следи си. Грчеви да не има?
Мајки што користите Медела шише за млеко, до кога го користевте? Бебе е 3 месеци и кога влече ептен му доаѓа напорно пошо силно си влече од цуцлата, а искача по 1 капка на влечење, ми е страв да почнам со обично шише да давам АД да не се навикне така па да ме одбие ради шише. Дохрана давам еднаш во 3,4 дена.
Ако уште пие од нејзе некај го. Мојата неќе да чуе веќе за меделата, она додуша неќеше за никакво шише да чуе после 1 месец. Сега давам од авент ама мноооогу претпазливо оти ми е страв. Ад не давам ама молзено оставам. Педијатарот ми потенцираше да биде шише со слаб проток. Како растат помали се шансите да се одбие ама ете пазам јас. Да си пиеше уште од калмата ќе и давав сигурно од нејзе.
Дечки, пупките многу ме болат, мачкам пурелан и свинска маст навечер. Бебе има 2ипол месеца, го дојам прво па после му давам дохрана од козјото адаптирано. А бе сабајле ми се сврти од болка кога цицаше, што да правам, пупките ми се суви на врвот, има ли чаре? Бебе многу сака да цица.
За свинската маст не знам. Пуреланот ставај го после секое цицање и безбеден е за бебе да не се секираш. За болката провери го фатот. Цело време те боли? Ако е повремено е некој исклучок и мене ми се дешава. Ама ако 2 ипол месеци те боли доењето е не хумано, побарај совет од лактациските консултанти Јасна, Наташа, Лулка некој ја пофали и они советуваат или педијатар. За да ти се смират пупките можеш и со силиконска ама да ја тргнеш понатака.
Јас имав огромни болки, дури ми беа разранети. Ја доев и плачев од болка, ми помогна niple care од фризидерм и чист ланолин, по секој подој се миев и се мачкав за два дена се среди.
Цело време додека да фати убаво. Сега сме легнати, подобро е, можда и од свинска та маст омекнаа малку. Инаку, бебе заспива после 20 до 15 мин па го будам, ама мислам и дека не цица до крај и од тоа нешто каналите да не се запушуваат, не знам. Лулка ги пратам онлајн, баш ја заборавив прошлава работилница за доење. Ќе биде со упорност мислам, и уште е мало. Фала на советот.
Бебуш ми е два месеци и од скоро почнав само тетра пелените оти некако ми идат изгужвани ептен и бодињата долни
Ако се запушени канали ќе имаш топчиња, тврди гради, ќе те болат цели гради. Мене на почеток ми беа и пупките камен е тогаш користев силиконска. И од молзење знаат да болат ако ги "малтретираш". Ако имаш доволно млеко ад не би требало. Лулка имаа одлична работилница завчера и супер прашања, ама ја заспав не издржав.
Не можам ни да објаснам како ме болат, сега еве ме печат брадавиците и ми се розеви дека цицаше бебе. И целите ме болат, некои топчиња има ама можда внатре подлабоко. Ќе видам со некои креми од аптека. Фала.
Јас пеглав до 6 месеци. Не сушев во сушара иако имам. Ама пеглање не можам да смислам не знам како издржав и толку, ама ми беше шубе, уште нежна кожа, сакав да ги дезинфицирам.
Мами бебе плачеше така појако и кога појдов да ја земам беше по челчето и по носето целата со цевени точки што кога се смири пројдоа и немав време да ја сликам. Ова прв пат гледам вака да и се наорави и не ми е јасно од што. Има ли некој вакво искуство?
Кај нас ги викаат вруќици, како акни што се појавуваат од топло (ако е бебуш пренаоблечен, па од пот му се затнуваат порите) или во овој случај од плачење се поти и му се појавуваат. Моево е целото по лицето со такви ситни прво црвенки, после безбојни стануваат топчиња како акнички. Му се појавуваат ако плаче многу, ги снемува за ден два.