Jas ziveam vo Germanija prasav ovde vo zlatara mi reche zlatarkata posle 3 godinki nikako porano. Od interes i bese da mi gi zeme parite i da mi prodade zlatni obetcinja shto ke gi platev kolku i da se bidejki se prvi ama ete ona mi rece nikako pred 3 godinki. Kaj nas vo Mk stavaat i posle 6meseci pa gledam nisto ne im fali na decata e sega koj kako miluva ama ete jas sepak ke cekam do 3 godinki.
И јас сакам да и ставам сега 11+ сме ама ме стопира само тоа теглањето за уши, мојава рани си прави внатре во школката дури од што ги чеша/тегла. Па страв ми е да не си ја истегла обетката или пак некоја инфекција да не си направи...
Мајки, малата ми е месец и три дена, грчеви на почетокот помалку имаше, сега НОН СТОП по цел ден и ноќ, понекогаш силно пишти вришти многу дури страв да те фати, а инаку нонстоп се стега, стенка, не е расположена...сакам да ве прашам дали е тоа нормално? Губи од сонот и нервозна станува, на мајчино млеко пола пола на АД и е секој оброк... незнам ми е страв друго нешто да не ја боли, ќе ја однесеме на лекар утре, ама сепак еве вие како ви беа на оваа возраст дечињата, претходно и редовно какаше, сега преку еден ден по еднаш обилно...
Додека не наполни 3м имаше грчеви, не толку нападни, давав пробиотик диа стоп ги вадеше полесно гасовите. Сега 3++ како оддеднаш да ги снема, до 3м не јадев милион работи, како да живеев на едно исто, од салата врескаше, сега почнав да јадам и гледам дека нема сега веќе грчеви.
Јас давав аптамил, после сменив на козјото од холе. Еве се смирија грчевите. 2 мес и нешто. Пробиотик биогаја и капки против грчеви давав. Треба време само, за да ублажиш прави вежби со нозете, масирај го стомачето и ставај топла пелена или трици.
Мајки дење бебето цица повраќа пак ќе цица добро е навечер сака да цица повраќа почнува да плачи и не се смирува зајдува нејќе цице да фати со капење ќе се смири и пак продолжува. Од што може да повраќа насекое а не изгледа омалаксано како да е нешто болно. Бебе има 2 месеци
Повраќа во млазеви или бљуцка по малку? Иста возраст нѝ се малите, истото го прави и моево, затоа те прашувам. До пред недела две малово се грчеше на секое прдење и ги стегаше стомачните мускули, без разлика пред или по подој, што резултираше со мало бљуцкање (ако е пред подој - згрутчено млеко од претходно, ако е по подој - свежо млеко). Сега се учи своеволно да извршува голема нужда за разлика од досегашното рефлексно, и исто се грчи а можеби и повеќе, неколку пати во денот. Подждригнувањето не ни прави некоја разлика, пошто се случува и саат - саат ипол по подој да бљуцне. Од денес по препорака на педијатар едната страна на душекот во креветчето му ја поткренавме под агол од 20 степени за да спречиме рефлукс, па пак ми бљуцна кога почна да се грчи за какање после саат и нешто. Педијатарот рече дека нема простор за паника се додека детето си е весело, напредува во килажа и полни пелени. Бљуцкањето ќе исчезне со тек на време
@Jordanovska-K Не знам кога ќе исчезне, моето на 7м уште си бљуцка. И млеко, и храна, а скоро воопшто не е во лежечка позиција.
Што вика педијатарот за тоа? Мислам друго е да е легнато детето и да бљуцка, а друго е седнато / исправено и пак да бљуцка. Можда има посилни желудочни киселини, а можда и со движење го притиска желудникот, па да се враќа храната нагоре, и тоа ни се дешава (ако се превозбуди или напне за да кака, обавезно бљуцка).
Подполно ист случај и сега стварно мислам дека е до какањето оти грчеви повеќе нема а плачење ти и стегање ти завршува одкако ќе ја наполни пелената, креветчето од старт ни е подкренато, се надевам дека за брзо ќе помини и оваа фаза
Дали некоја има слично искуство. Малото е 2м веќе месец дена цица и си плаче све што не пробав со нишкам го дрмам мњнувам позиции менувам гради истото се случува секогаш навечер немаме проблем со тоа само денски(не секогаш) стандард секој ден во 7 како аларм се случува ова и тешко заспива.
Мојата од кај 7 саат е таква, плаче и вика, не секогаш, ама додека и фатив ред исто околу 2 месеци, сака да пие а се трга од шише само што почнала и вика, и пак е гладна за пола саат. Читав кластер хранење барале бебчињата пред спиење ама биле нерасположени. Сега почнав да и темпирам хранење, од 6 саат почнува, па во 7:30, и во 9, почесто пред спиење па после тоа спие до кај 3 саат сабајле. Сега е 3++ и веќе и се намали викањето. Пробај почесто да ја храниш приквечерина.
Ние сме на доење од града несака он кога сака тогаш јас да му бутнам цицка не дава се трга само он кога сака и тоа ми го прави после 1мин цицање јас немам веќе трпение се нервирам.
Остави го нека заспие и така заспан пробај да го надоиш. Исто како cluster feeding, dream feeding ѝм го продолжува сонот на малите. Види повеќе на нет за ова и пробај, ја го заспивам моево накај 19-20ч и саат-два покасно го дојам заспан и знам дека нема да стане за јадење уште минимум 3-4 саати. Моментално е во втор скок и ми одбива цицање, па го дојам со "финтава" и е успешно. Со среќа мајка!