И мојата исто праеше па прочитав негде дека се фокусира на новите работи што ги учи, а тоа што има усовршено, у случајов гугањето малце го забаталува
Мојава гугаше ко помала па почна баш така да брмчи на 5 мес. Ваљда им е фаза некоја. Нема гугнато после тоа ама веќе почна зборчиња да кажува така да тоа брмчењето како транзиција да и беше од гугање кон зборчиња.
Ај да се надоврзам на ова брмчењево. Имам слично прашање. Мојава е 4 месеци, пред 1 месец негде почна да прави со устата ко да прди и плука, дури и јазичето го вади и со него така "прди", е не знам како да објаснам ваљда ќе ме сфатите. И сега маж ми неколку пати ме праша нормално ли е и шубе ми стана. Правеле вака вашите?
Да да и балончиња . Фала да не ми е мисла. Мислам дека и ни враќа ние ако и направиме исто, ама некако не ни личи паметно да ја учиме да плука.
Скроз исто правеше на секое пресоблекување до пред една недела, сега е 4+++ Значи точно како што ти кажуваш И јас за исто доаѓам да прашам, некако од пред некој ден како да кашла ама на сила така, нема некои знаци на настинка, ни температура ни носе му тече... Сабајле кога ќе стане најчесто и додека се врти на под така кашла ептен чудно како да се задавува.. веќе памет немам дали е нормално или нешто ново што му стана интересно....
Колку често какаат вашите новороденчиња? Моево 20 дена, не обилно но 6-7 пати некогаш се случува во ден, изметот е светло жолт баш сенф. Се плашам да не почне да ми губи на килажа.
Од какање сигурно немада ти изгуби килажа, нормално е по малечки повеќе да какаат. Дололку не е пролив се е во ред.
Па цело време е со парчиња, валјда не е пролив. Пролив нели се смета во неполн час неколку пати да кака.
Епа тогаш не е ништо. Башка станува збор за новороденче јас на мојава не и ни броев каки имаше какано повеќе пати у денот до 2 медеца е после намали на еднаш дневно
Биди, чорапчиња и шпикозни. За денско спиење покривам со тенко ќебенце 22-23 степени е дома. Ноќе иста облека само со јорганче покривам. Ноќе е 19-20 степени.
кога ја менувате положбата на количката од лежечка во некоја под агол? бебето ми е 4 месеци, денес ја шетавме во корпата се фаќа со рацете за рачката од количката и пробува да се исправи, исто прави и дома кога лежи на нас се исправа нанапред, мислам дека е рано ама не знам , имаме закажано ортопед во мај, па чисто ме интересираа искуства
Супер ти дава знаци за исправање, мојата уште не сака, а јас желна да си седиме . Не знам какво ти е седиштето, ако има неколку степени и може и легнато мислам дека можеш да ја возиш на тоа измеѓу, што би дошло ко 45 степени или помалце. Кај мене ко 30 степени да е, баш мислев вчера да ја сменам ама брзав и ја оставив легната, денес ќе пробам натенане. Инаку ортопедот од 2 месеци ми пиша под 45 степени, а педијатаров од 4 месеци ми рече. Можеш да пробаш.
Најважно е детето и неговата воља. Ништо на сила. Ако сака да седи, се исправа значи е спремно. Дали е 3,5,7 месеци не е важно. Важно е тоа да е спремно. А самото дете покажува. Моево е скоро 6 месеци, седи од 4.Само се исправаше. И не под агол од 45с,туку скоро скрос исправено. В количка го шетам седнато одамна. И повеќе ужива така, се гледа. Штом твоето дава знаци значи сака и можи. В дубак е моево од 5 месеци. Шиба низ дома. Може да стои на нозе кратко и да ја држи сопствената тежина. Јас го држам седнат, тој на нозе се исправа Не одете по книга толку буквално. Уживајте
Мајка нас ортопедот ни кажа од нецели 5 месеци 4 +++ тогаш бевме на контрола да го ставиме под агол 45 степени во количка. Од тогаш верувај како друго дете да шетам. Во корпата веќе ако не спиеше знаеше да е ќемкав, сега под агол седи не кемка разгледува. Така што ако и самото бебе покажува интерес значи спремно е можеби можете веќе да го преместите. Со лажичка слободно можеш јас така ги давав после подој.