Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    1.569
    Мајки што сте породени во ремедика, бебињата ги носевте ли на ортопед одма после пораѓај или остана само на тој што им го прават во ремедика? Од таму ми навеле да се става широк повој без особена причина туку општа препорака џа сите бебиња им било, малиот го носев кај антоние сакав и сега таму ама нема термини а не сакам да ја стегам без причина. Стававте широк повој, ги носевте на друг ортопед или?
     
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.560
    Допаѓања:
    33.460
    Пол:
    Женски
    Јас не сум ставила широк повој. Ни ортопед ни педијатар не ми кажаа така, освен патронажната. Таа инсистираше да сум ставала :D
     
  3. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    1.569
    Па ни јас на син ми ама го носев кај антоние тој рече нема потреба, а за малава родена ми е во ремедика ехо уредно а ми викаат широк повој до 4м превентивно препорака било за сите бебиња и се мислам дали да ја носам на друг ортопед или сама да решам дека не ставам пошто кај антоние нема термин
     
  4. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    10.699
    Пол:
    Женски
    Во Ремедика на сите им викаат широк повој да ставаат.
    Не го мотај за џабе бебето.
    Мене единствено патронажната ми ја умота па ја избркав од дома.
     
    На Butterfly1212 и ni.na им се допаѓа ова.
  5. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    4.146
    Пол:
    Женски
    Не ставав широк повој ми немаше поента. Во Ремедика на сите таа препорака ја даваат. Кога бевме на преглед на 4 месеци д-р Иванка ни се скара зошто не носел. Цитирам "што ви е тешко, ко на рака да ги перете пелените". А се си беше во ред со колковите. Твој избор мајка :)
     
    На tina2018 и ni.na им се допаѓа ова.
  6. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.059
    Допаѓања:
    4.928
    Исто, јас не ставав. Таму и на педијатар ја носам, на секоја контрола го спомнуваа, еднаш дали од тие гаќичките и ставив. На контролата на 2м кај Видоевски рече не треба, и кажав и на педијатарот и рече ок.
     
    На ni.na му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    1.569
    Мене ми се чудни ортопедите во ремедика со ставовите, споа па за големово ми рече никако босо по дома обавезно меки папучи да сум му купела, а сегде читам дете босо да е незнам веќе кој пат да го фатам
     
  8. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.528
    Допаѓања:
    5.888
    јас се породив во систина, исто ортопедот таму ми рече да ставам широк повој, не ставав на 6 недели ја однесов на ехо на колкчиња, ми кажаа нема потреба од широк повој. ја не би ставала
     
    На ni.na му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    9.292
    Пол:
    Женски
    Јас се породив во Ремедика и истата препорака беше. Јас и ставав на спиење навечер гаќички за широк повој на спиење. На два месеци бевме на контрола кај Иванка и ехо беше уредно но ми препорача до 4 месеци да и ставам. Ништо не ме кошташе, на бебе не и сметаа. Мирна совест дека сум се водела по препорака.
     
    На tina2018 и ni.na им се допаѓа ова.
  10. bubabuba

    bubabuba Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Бебе е 3 месеци, никако не може да се навикниме шетање во количка, транспортер никако, корпа и така и така ама кенка, кога ќе го земам во раце надвор се е ок, нема абер да се успива надвор.. Мислам е рано за да го ставам на агол 45, вие кога почнавте? Можеби така ќе сака , ќе може да разгледува наоколу
     
  11. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Истово го пишав и јас пред некој ден, мислев само моето нејќе, јас ја дигам корпата и така го шетам и секако, ама не, после некое време почнува да плаче и мора во раце. Така се научило и слабо спие во количка. Се надевам ќе сменат понатака, сега без лезет е искачањето од дома кога знам дека брзо ќе се вратам. Пробај да е наспано и нацицано барем саат да се прошетате на раат
     
    На bubabuba му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bubabuba

    bubabuba Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Ќе се тешиме. Јас упорно секој ден го изнесувам и кога миниме подобро барем саат трае, кога се враќаме за ептен брзо, тоа е, се се вртиме околу маало за во случај да треба дома, неможам да си уживам , белки ќе се упрајме, лето доаѓа
     
    На zverkica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    5.457
    Пол:
    Женски
    Јас обавезно кога шетам и кенгурот го носам обесен во кеса на количката, па кога ќе почне да кенка и да нејќе го ставам во него така некое време па пак назад. Исто пали и песнички на телефон на тивко да ги слуша (на страна телефонот значи не да гледа) па млеко ќе му дадам, па на клупа ќе седнам ќе му зборам, играчки ќе му покажувам ќе ги фаќа, па ќе си заспие и така во круг. Денес вака 6 саати бев надвор :D
     
    На tina2018, nevermet18, bubabuba и 2 други им се допаѓа ова.
  14. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    А спиење? Ти спие во количка? Моево еднаш спие, три пати плаче за дома за спиење, а и да спие 20,30мин максимум. Повеќе од саат ипол меѓа шанси да сме надвор, а пред да наполни 3 месеци, со саати шетавме надвор и беше преубаво, ем спиеше подолго во количка, сега се се смени
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.607
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    Од одма
     
  16. Aleksandraa94

    Aleksandraa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички ние сме 2 месеци оваа недела бебуско кака преку еден ден и кога ке прдне мириса како голем да прднал... На доење сме само и чајче бекутанче мака нема не плачи ништо дали некоја од вас има поминато низ вакво нешто дали е нормално му се средуваат цревцата фала многу☺️ дали можи гасовите да му мирисаат тоа ме плаши
     
  17. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    5.457
    Пол:
    Женски
    Исто првите 3 месеци со саати спиеше надвор и со 4 скок се смени, што е и очекувано, веќе се го интересира и си има ред ао дремки и не ни очекувам да спие цело време. Гледам да излезам кога му е време за спиење, па ќе поспие одма околу 40 минути па ќе се разбуди. После 2 саати пак ќе заспие и така. Знае понекогаш да поспие и саат-два ама ретко. Кога почна вака и јас се нервирав и само низ маало шетав за да сум блиску до дома ама си реков нема да се ограничувам така, и за него е убаво да е буден надвор и ќе направам се да ужива а не да плаче, да се навикне. Затоа земи си ранец со играчки, млеко или ако го доиш дој го надвор, подисправи го во количката да си разгледува, земај го во раце наизменично и ништо страшно. Не можеш да очекуваш дека ќе спие како што спиело, менуваат, живи суштества се и различно се расположени секој ден. :)
     
    На tina2018, Jordanovska-K, zverkica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Dioora

    Dioora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    311
    А, кака редовно? Моето синче исто така. Како на расипани јајца му мирисаа гасовите. Само на доење беше и какаше еднаш во 5/6 дена. Смрдливите гасови беа од голтање воздух при цицање и од самиот факт што така какаше. Се среди само од себе. А, кога почнавме и со немлечна дохрана се среди и столицата. Немаш простор за паника ич не се секирај!
     
    На Aleksandraa94 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Aleksandraa94

    Aleksandraa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    фала ти многу и јас се јавив кај патронажната истото ми го кажа како и ти абе досега редовно какаше оваа недела прескокнува ден а вака да се витка да кемка такво нешто не.
     
    На Dioora му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dioora

    Dioora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    311
    Штом нема мака бебто немај мака и ти. Мене ми викаа мрзливи црева незнам што, постариве, најпаметните… но испадна матичната во право. Ако цица и ако нема мака и до 10 дена да некака ништо страшно. Едноставно се што цица му е потребно и не му останува вишок да го искака.
     
    На Aleksandraa94 и LazaLaza им се допаѓа ова.