Здраво. Мм си иде од работа и вели нешто нос му тече и имавме еден брз тест го прави позитивен се изолиравме со беба одма в спална, макар што тој сабајле ја држеше и бакнуваше ама сепак. Сега ептен е загрижен заради бебе, дај кажете што да очекуваме ако имате искуство со ковид. Има 2 ипол месеци, какви симптоми може да развие?
немој да се секираш ја се породив на 9 ти декември, на нова година имав симптоми, бебето ми беше тогаш 20 дена никој не ни доаѓаше на гости ни на крај на памет дека имам корона, 5-6 дена си пиев чаеви, супи мислев обична настинка, во меѓувреме си ја доев малата си ја гушкав бацував, 6 тиот ден изгубив мирис и вкус се тестирав и бев позитивна... се консултирав со педијатарот во систина ми рече дека многу ретко бебињата развиваат симптоми, така и беше не пројави ништо она, си продолжив да ја дојам, таман тоа пројде само шо направи она 40 дена маж ми фати корона , не се изолираше, пак не пројави ништо, после тоа се изредија и сите дома, претпоставувам и она имаше прележано со некој од нас, гледај само тем да не качи проверувај .со лесно да проаѓа
Дај боже да пројде и кај нас лесно, втор пар ќе ни биде а и вакцинирани сме макар што нема правило веќе
Ништо страшно и мојата кога беше толкава негде фативме корона она освен еден ден што имаше темп до 38 друго ништо. Почесто да цица само ако се доите и температура прати. Дај Боже да ве промаши и што полесно
Мојата имаше 2 месеци, не пројави никаков симптом. И ја доев со маска, ама пред тоа ја гушкав, бакнував додека немав никакви симптоми. Само ја пратев дали качува температура и тоа беше се
Мами ние сме 4+++, на Ад сме па сакам за започнам со вкусови деновиве, за на 6м да воведам оброк. Сакам да почнам со зеленчук. Педијатарот ме советува да не почннувам со морков и компир заради запек. Кажете ми што се др може да давам. И слива кога може бидејки по некои табели можам сега, според секои подоцна. Што се би можело на оваа возраст да пробаме? Ви благодарам
Мајка можеш тиква и тиквица. А за сливата јас колку што знам е од 6ти месец ама најдобро педијатар ќе ти каже. Јас пак со морков почнав сега следно компир, запек нема фала богу. Ама ќе видиме
Да, јас имам табела каде што е од 6м и една од 4-5м. Исто и пашканат на една 6м на една 4-5м. За сливата педијатар вика може. Исто и за брокулата сум во недоумица од иста причина. А од житарици може ориз и палента така? Гризот мислам има глутен. Оризот и палентата претпоставувам на крај за да се комбинираат со веќе воведени овошки
Ориз, палента и просо од житарици по табелата јас што ја имам, ми ја прати една мама членка тука. И брокула може според табелата од 4 месеци. За комбинирање претпоставувам така, баш ќе прашам педијарката што ќе каже па ќе споделам. Би требало така да е ни оризот ни палентата немаат некој вкус неутрални се.
Брокула може да му биде тешка за варење, мој совет не ја бирај за први намирници. Јас тек на крај на 6 месец дадов. Може да се уфрли сега некоја мајка и да каже дека дала на 4 и ништо не му било на бебето ама ја нејќев да експериментирам дали на моево ќе му напраи гасови и нема да спие навечер или не. Давај тиква, тиквица, батат, јаболко, круша, нема врска со што ќе почнеш и преференција на вкусови. Јас ротирав зеленчук овошје на почеток, сега скоро ништо не јаде, а најмногу сака кисело. Гриз тој што го знаеме (пченичен) има глутен, палентата е гриз од пченка и нема, гриз од ориз исто нема глутен. Гледај од каква житарица е дали безглутенска или глутенска.
Да, во право си, и мене не ми се експериментира, ни па ни се брза. Ќе почекам од полни 5м па ќе видиже што како.
Ја почнав нжсо зеленчук и овошје, наизменично давав. Компир, морков, банана, јаболко, круша, тиква, тиквица, батат, и од готовите каши давам праска, слива и кајсија бидејќи немам свежи. Дури откако му воведов прв оброк и сите овие ги имав воведено почнав да му давам ориз, палента, па со вториот оброк и брокула, спанаќ, пашканат, кромид, авокадо, грашок, и гриз (околу 7м).
Да, со воведување на храна се почнува и со нудење вода. За почеток е околу 50 мл дневно ама води се по бебе. Некогаш нема да испие ни 10 мл некогаш и повеќе од 50 мл може ќе сака Битно е да се нуди за да се превенира запек.
Од кога се наканувам да почнеме со вкусови и никако, сама сум и ми е страв од алергија дека такво ми и испадна бебето. Ама сите околу ме веќе напнуваат, на сите тоа ни е прво прашање и давање совети како треба, а појма немаат. Божем од сега веднаш треба се да му измешам и да дадам да проба хах. Мислев и јас со компир да почнеме, ама тука добив совет дека може зпек да фати, а и така тој кака на 5 дена. Мислев тиквичка, ама сега дтварно се многу прскани. Совет со што вкус да почнам прво од готови кашички??? И јас навистина сум изгубена, незнам што и како ? Инаку бебе е 5 полни месеци.
А како да нудам вода? Од чаша или лажичка или шише? Секако сме на АД па од шише си пие Инаку мајки не знам дали ни се спои четврти и петти скок ама ова не се преживува веќе дури се препрашувам да не го боли нешто... Буквално еден саат од спиење е расположен и после почнува со плачење саат време додека да го успиеме.... Некој совет како да го смирам? Пробав во раце нејке, во релаксатор нејќе, на под па ич.. Шетање низ дома му е интересно 5 мин и пак почнува со плачки..... Немам ум веќе...(5 месеци е) @S.o.F.i мајка јас планирам со тиквичка да почнам, сите окулу мене ми кажуваат тиква/тиквичка/јаболко
Јас од шише и чаша давам, повеќе сака од шише. И моето е на ад ама нејќе вода од шише да пие, ја гриза само цуцлата и се мршти. Иначе и јас пишував овде пред месец дена да не се споени 4 и 5 скок пошто беше хорор. Цел ден плачки и одвај успивање. Има регресија тука негде и затоа е така. Плус на моето 2 запчиња му излегоа после тоа што значи и тоа го мачело, па можда тоа е и кај вас. Јас за да го успијам излегував надвор со количка 2 пати дневно или по 4-5 саати бев надвор, така се смируваше и заспиваше. А дома со нишкање под аспиратор во кујна и упорност додека да прекине да плаче. Ептен беше нерасположен, по цел ден кенкаше и ништо не помагаше, само надвор. Знаев и во транспортер и на тераса да го изнесам така да го нишкам. И почесто му давав млеко (помалце мл а почесто). Ќе помине, издржи, после регресијата и 5 скок се врати во нормала со спиењето и ептен е расположен и интересен по цел ден
Има готова на хип од тиква. Моето бебе ја обожава Иначе почнав со морков, па тиква, па јаболко. Сега давам мешана морков и јаболко
Фала мила да знаеш дека денес ќе купам да пробаме да видиме како ќе биде. Баш ми е мило што твојата беба ги сака, се надевам и моето хаха. Ве гушкаме.