Софи, Јас почнав со хип јаболче, па тиква, па морков, сега втор ден банана. И мене ми беше шубе со бананата ради запек пошто кака само со полиција ама баш вчера не частеше една торта. Утре ќе пробам тиквичка, па круша, па може и брокула.
Од хип имаш земено банана? Јас не видов, а сакав да земам повеќе, да не купувам секој ден Еве денес цела каша изеде од јаболко и морков и утре шипинки ќе и дадам, се потрошија залихите Имам и брокула, не знам дали сега да ја дадам или да почекам уште некоја недела. 4++ е јадачкава
Здраво мамички, се подготвувам за пристигнувањето на бебушко. И би ве прашала за совет што би предложиле да купам за мачкање на газето. Што користите вие и кое ви одговарало.
Да, на хип е бананката. Јас една три дена и давам ама дури кенка кога ќе престанам да и давам. И јас земав брокула и јас се мислам ама мислам дека ќе и дадам за 10тина дена.
Ние воведовме посебно морков, посебно јаболко, видов дека нема никаква реакција и денес и дадов цела мешана. Ќе видам сега у дм какви има, не знам шо да земам плус Мислев ќе можам да бирам ама ова нешо нема многу избор за 4+
Од што ќе ти прифати од тоа. Јас нудев и од шише и од шише со клунче нејќеше ја плукаше. На крај интересно му беше од ракиџиска чашка да пие. Повеќе мокар одошто напиен беше ама полека ја навикна водата. Сега си сака и си пие од шише со цуцла. Битно е упорно да се нуди ќе ја прифати
Јас почнав со домашни, па сега си терам купечки овошја. Да сум на овој ум сега би почнала со купечки. Некако се со поубава структура и избалансирани за почеток. Имаш на хип круша, јаболка, тиква, морков и мешани меѓусебе.
За Д3 јас користам Бејбитол и по препорака на ортопед плус додавам и Пливит Д3. Можеш само Пливит да ги користиш или пак Вигантол.
Зависи за колкаво бебе се работи...имаш од Лео нешто слично на бејбитол или ако е поголемо од 6 месеци можеш за омега да земиш и Молерс, а за Д3 имаш повеќе опции: Пливит, Вигантол..ама сепак консултација со доктор
Ако е се ок 400. Зависи од прегледот кај ортопед и пример ете кај моето има многу сува кожа и давам 1200.
Ортопедот или педијатарот ќе одреди, ние до сега дававме две капсули од 400, сега ортопедот ни зголеми на три точно на 5 месеци.
И моето е 4 месеци. Давав 400, ама ортопедот ни покачи на 1200 точно на 4 месеци бевме поради плитка чашка и сува кожа. И педијатарот се согласи дека треба 1200.
А од пливит колку капки колку единици се? Мене не ми е мн јасно, ортопедот ми рече 4 капки и тоа за тоа, матичниот ништо не прокоментира, вика сигурно така треба штом така рекол.