Утре треба да правам панорама на заби. Има некој протокол со доењево? Мислам дали треба да се измолзам да фрлам млеко или? (според забарот зрачењето е занемарливо али мајка нели )
3 недели имаме. Го приметив вчера бебчето како да дише на стомак многу го дуеше мешето дали е нешто загрижувачко?
А кажи ми како и даваш по некоја лажичка или коку сака ? Вчера му дадов прво од тиква ама малку, денес повеќе лажички и уште сакаше ама ми е страв незнам како треба. Педијатарот ни рече колку сака да давам, е сега вели сигирно веднаш нема цела каша да дадеш. И дали после кашата давате млеко за да се дојаде ?
По малку, јас на 3ти ден давам колку сака да јаде. Иначе првите 2 дена давам по 5-6 лажички максимум, иако бара уште. Млеко не давам одма, нудам водичка. Ако сака, сака После ако и се јаде уште, тогаш млекце. Зборам за тогаш кога ќе изеде цела каша. А ако пробува вкусови, тогаш давам млеко
И давам по пет, шест лажички. Една тегличка каша три дена и ја давам. Гледам сака уште ама не брзам. Има време ќе јаде
Јас денес сигурно сум дала 6-7 лажички, добро од утре ќе се подобрам. Јас му направив млеко дека беше гладен, ама не го испи целото. Мене и од страна ме само замараат, ааа ајде сега свари си морков кромид хахах, давај му колку сака. Секако не ги слушам, ама некогаш ме иритираат.
Е давај му колку сака ама ако излезе алергија после ти и он ќе се чешате Арно си почнала Софи, терај си така
Мами да прашам, синко вчера еднаш и денес еднаш имаше лигава столица, дали е прелада во прашање или нешто друго
Да, се лигави ептен и бута раце во уста и лиги му течат, значи запчиња ќе вадиме наскоро? 4месеци е уште малку
И моето е со рацете во уста нон стоп и не сака да ждрига. Вчера направи 3 мес. Плус, повраќаше завчера и викаше, и вчера и денес си бљуцка по малку, го дигам да ждригне ама писка па не го држам долго. Дали е некоја фаза со рацеве и дали тоа го провоцира да бљуцка повеќе? Немаше ништо вакво до пред 3-4 дена. Сега спие на спална да го гледам да не почне да повраќа. Да му ја мислам или не? Бевме на педијатар, ништо нема, рече др пробиотик дека не какал неколку дена и б6 ваљда да се смири. Понекогаш си плаче во сон и наеднаш вика кога го држиме. Друга работа, дали ги нишкате бебињата? Никако да се опраам со мајка ми и свекрива дека не треба да го нишаат, свекрива го вози плус во количка по дома, мислам и дека од тоа му е лошо. Или јас многу мислам.
Моево на 4 ипол извади прв заб, на 9 8 заби веќе има израснати Кај сите бебиња е различно ама не е невозможно заби да се спремаат
Од 3 месеци фаќаат раце во уста, и моето тогаш почна и станува се поинтензивно,купив и глодалки за да не ги јаде прстите. За повраќање не се случило, да не го доиш повеќе или од двете гради па да бљуцка, и на ѓоето му се случува да го бљуцне вишокот. За нишкање, до пред 2 неделибебе знаеше и само да заспие на кревет легнато, ама како идевме накај 4ти скок, почнав прво седната на перницата за доење да го ношкам и тоа успеваше десетина дена. Е после почна да вришти и сега се заспиваме држејќи се во раце и тоа свртено со лице накај мене како за ждригање или обратно како за шетање хах. Што да правиме мајка, како сака бебе така ќе биде, во количка одамна се оддучи а на почеток само таму и сакаше да спие
Секој ден нешто ново, и нам да не ни биде досадно. Имам глодалки, ама уште убаво не фаќа, само ме држи за прст кога цица. Ај ваљда ќе фати за кратко, па ќе ги остаи прстите, црвени му се. Плус, сега си игра кога цица, цица на врвот на градата па се тегне, па ме тегне, па ми збори. И се тоа сабајле во 3. Интересен е ептен. Го будев синоќа татко му да го заспие, мене ме зезаше. Маж ми вика бил мамина маза, викам следното ќе биде татина. Иначе, го дојам колку сака, некогаш од една, навечер од двете пошто плаче и сака да си спие на гради. Плус дохрана по 100мл 3 пати на 24 саата. Можда му е многу, ама не качува многу, 350гр на 2 недели. Тоа е малку. Не знам што е работава.
Што ти вика педијатарот за тежина, ако малку крева почесто ставај го на гради и појачај допуна, незнам, и кај мене на почеток слабо креваше дур не почна повеќе млеко да надоаѓа, имавме и три дохрани па како се оправи намалив на 1 на ден, некогаш и ниедна. Моето преку ден цица како твоето навечер и се нервирам, стално малку цица а навечер дека е темно нема што да му одвлекува внимание и си јаде ко што треба. Да не го доиш во светло?Колку се роди бебе? Моето 4 се роди, сега има 7.300 на 3+++