Здраво мајки, парацетамол смеам да земам дека го дојам бебуш? И колку често, денес дури 2 се напив и сега арно ми текна да прашам
Од 3 месеци раце од уста не извади, сега и една и е малку па двете ги става. Јас можда од 3 месеци не ја ни ждригнував веќе. Да не има рефлукс па бљуцка толку или е прејадено. Мојава нон стоп бљуцнува, ама не повраќа, има разлика. Прееска пред спиење се прецица изгледа само што ја ставив во креветче фонтана бљуцна, ја пресоблеков и ја оставив да спие. Не го нишкајте ако нема потреба, ако плаче па не може да се смири и да заспие ај некако, ама од чиста мира не. Не дека ќе му е лошо (освен ако не е ептен агресивно па да се зашемети) ама ќе се навикне така, они ќе си отидат и после ти ќе треба да возиш количка и да нишкаш по цел ден.
Па тоа викам и јас, ич нејќев во количка, ама нема како да го држиме цел ден во раце, поготово свекрива. Ќе и кажам пак дека ќе го навикне така. Еве сега маж ми го шета. Најшетсно е и највозено. Да, во право си, не повраќа, ама бљуцкаше 5 пати и викаше пола саат, не се смируваше, ама бевме кај мајка ми па може затоа. Одма го викнав маж ми да не земе па бевме кај др, дома полека се смири. Сега си е добар. Фала.
На 3 месеци тешко дека бебето "ќе се навикне" на нешто што успева тоа прави, ич не се замарај дека ќе го навикнеш така. Камо да беше така
Не е. Така и моето, мислам и сите и дека е сосема нормално. Сега сме 5++ и сега знае така, особено ако е длабоко задпан и нешто сонува.
Бебе старо 2 месеци после секое бањање претерано плаче, зајдува од плачење. До пред некое време мислев дека се грчеви бидејќи плачот е ист, но тогаш грчеви имаше во повеќе периоди од денот особено после 6 поручек, а сега веќе недела дена нема воопшто грчеви, освен како што кажав после бањање само што веќе не сум сигурена дали се грчеви или нешто друго е во прашање.. бидејќи секогаш се случува баш тогаш после бањање ( без разлика во колку часот ). Што може да биде, освен грчеви, дали некоја се има соочено со тој проблем?
Не се секирај нормално е, и јас пред секое бањање психички се спремав за плачење на синко, само што ќе завршеше бањањето он почнуваше да вришти. Едвај сме го облакале на брзина, некогаш не сум го ни мачкала со лосионче. После одма на цицање и на спиење. Мали се уште мајка и они незнаат што се случува, ќе пројде кај и да е, накај 3 месеци може и порано ќе престане да плаче кога ќе почне да станува свесен за околината околу себе
Мојата не зајдуваше пошто многу брзавме, ама обавезно плачеше, мм изиграваше кловн и пеевме и свиркавме, цуцла дај му и така се смирува, зборете му, крени го во раце прошетај ќе заборави па ќе се облечете.
Мајки освен веледа и судокрем нешто за пеленски осип? Вчера се вцрвени денес е веќе ко исфрлано на газето баш пеленски осип а ова не и помогна немам кај да ја носам денес ама барем да земам од аптека некока друга крема и пелени, се мрднав џабе и туфери на секое какање пак се исфрли
И јас прашував пред некој месец пошто се имав пробано, земав судокрем не ми беше пробан се смири ама не целосно, па тргнав да купам веледа ама ме предомисли фармацевтката ми вика земај од оваа и ефтино беше ајде реков ќе пробам ако не купувам веледа…маста се вика маст со перу балзам или така нешто…ќе ти прикачам слика…одма ни помина, а не беше поскапа од 150 ден..а претходно бев најзадоволна од маст за потпарено п.с. Се намачив дури ја најдов на интернет кремава, син ми пола етикета ја има изгризано
Перу балсам е алерген и знае да направи контактен дерматит, јас имам реакција на него. Ако е бебето со осетлива кожа подобро да се проба на мала површина па после да се употребува ако нема рекција.
Еве нешто ново се учи секој ден…немавме никаква реакција иако сме со атопичен, алергии на храна итн…иначе осипот ни беше баш направен од реакција на храна, во меѓувреме мачкав бекутан со цинк, маст за потпарено, флогоцид, судокрем, ла рош, фрези дерм и само ова ни помогна..откако ни помина осипот мачкам повремено, немаме реакција..ама еве ќе знам да сум претпазлива…фала ти
Zdravo majki bebeto mi e 6 meseci naednas nastina 2 dena so visoka tempertura zatnat nos so vodeni mrsoli seto toa pomina temperturata potoa mrsolite stanuvat po gusti ne kasla samo se cisti od mrsoli sega sakam da prasam dali e na faza od cistenje na mraolite pa potoa ke pomine seto toa