Кога почнавме со вкусови, и ставам од прилика околу 30-40мл ама не ги пие. Неколку голтки и после плука
Јас давам од 4 месеци, по некоја лажичка, од како почнавме со храна 5 месеци зголемив на неколку пати ои 5 лажички сега сме 6++пиеме од шише понекогаш по 30 мл дневно од прилика
Zenicki, imame krevetcinja od carli. Me interesira dali ogradickite gi perevte na raka ili vo masina? Strav mi e da ne gi oshtetam
Мајкии.. 4ти скок можно е една недела порано да е почнат? Овие два дена веќе памет немам, од сабајле си е ок синко, после 3 попладне ко ќе фати плаче, се тресе, нервозен, ни цицка го смируа ни правосмукалка, ни шетање, буквално ништо.. На крај се истоштуава и заспива.. Ама ова трае два три часа.. Еве го сега заспа, си седнав јас да си ја исплачам душава, од што не знам више како да му помогнам..
Мајки, дали користите кенгур, дали ви е практичен и од која возраст почнавте да го користите. Бебе ми е 2 месеци размислувам да купам, но исто ме интересира од која продавница сте задоволни.
Во машина на 30 степени на кратка програма. Креветчето ми е од пред 3 години, ги имам повеќепати перено.
Мајки дали некоја имала вакво искуство. Бебе е 2 месеци. Има проблем со запек. Веќе 3-4 пати во континуитет кака на 5-6 дена и тоа со помош со топломерче. Два пати е однесена на педијатар, велат се е во ред- мешето меко, бојата на каката во ред. Инаку на доење сме плус 2 пати во ден ад. Давав Аптамил, по препорака на педијатар сменав Новалак ИТ - формула за запек веќе 2 дена. И пак истото се случува, се мачи, се грчи никако не може да се искака. Дали некоја од вас се соочила со ова?
Ние бевме така. Ама не е запек мама тоа, едноставно нема отпад Од кога направи месец почна да не кака со денови. Рекорд 12 дена беше. Исто педијатар ја гледаше викаше дека е ок. Докторка ми рече да не се грижам до 14 дена. Јас и чепче и ставав кога ќе забегаше. После три месеци по нејзина препорака почнав на неколку дена 20мл сок од јаболко или сливи. Имаше ефект. Сега сме веќе 5+ и почнавме со кашички и скоро секој ден кака. Не се секирај, ќе се среди.
А какво сокче од јаболко и слива давате? Дали може водичката кај што се варело јаболкото и сува слива да се дава? Ние сме 5м.
Кај Видоевски првиот преглед, докторот вака не ми беше мил, па сакав вториот кај Антоније, ама нема термини.
Во Ремедика кај Наталија. Не се чека многу одма закажав. Го прегледа детално, му направи ехо. Воглавно сум задоволна, тоа што ми кажа е горе доле истото што го читам Антоние што го кажува па и другите ортопеди. Е сега она е со став навечер да му се става широк повој на бебето иако нема проблем, до 4 месеци. Таму не чекав одма на термин си влеговме.
Прв пат слушам сега за ова (ццц немајка) фала богу до сега нема реакција. Бебе е 3 месеци, перам со фрош и ленор бел омекнувач.
Мајки бебе ми е 3 месеци и ноктињата му се потпораснати. Купив мини ноктарче бебешко и решив да му ги средам арно ама ја потштипнав од што мрдаше и се изнаплачи така да го метнав ноктарчето и се откажав. Што да се прави со ноктињата како да ги средиме?