Mislam deka 90% majki secat noktinja na spienje, jas koga planiram da i gi secam ja uspivam kaj mene vo race ispravenka i ke sednam ke ja svrtam so grb na mojte gradi ke i fatam rache i pocnhvam da secam do sega mi uspeva non stop osven posledniot pat shto koga ke krcne noktarceto podripnuva ama srekja pak prodolzuva.
Со ножички бебешки сечам, ноктарче за бебе никако не ми одеше фатот и покрај тоа што за мене ноктарче користам. Инаку на спиење сечев дур беше 1-1,5 месец, а сега будна иначе ќе ја разбудам кај смееш да ја пипнеш. Ама ако ти спие цврсто пробај и во спиење, инаку прсте по прсте фаќам, она лежи јас седната и рачето потпрено кај мене на колено, ко на маникир да е.
Здраво мајки, малиот ми е шест месеци, а со немлечна дохрана почнавме од пет. Супер јаде по еден оброк, буквално се што ќе му спремам си изедува. Проблем имаме со столицата. И додека беше само на доење ми какаше еднаш на 5/6 дена. Сега кака речиси секој ден но каката му е 90% тврда. Не до толку за да се мачи и плаче но сепак е тврда, како топчиња постојано. А му давам разновидна храна(дозволена за возраста). Пробав и слива и водичката кај што се варела да ја дадам со цел да ја омекне столицата ама џабе. Компири, банани.. давам поретко. Чаре? Искуства?
И јас имам исто од Чарли се во машина перев, на слаба центрифуга и не ги сушев во машина туку на обичната сушара легнати, ако е собран полнежот некаде ќе го затресев и еве супер е нема гајле ❤
Вода почесто нуди мама. Кашите поретки прави ги. Ако цица давај и почесто да цица. Во зеленчуковите каши ставај маслиново. Презреана банана омекнува столица. Авокадо, тиквица, сливи, јаболко давај почесто. Се надевам нешто од ова ќе помогне.
Здраво, не знам баш дали прашањето е за во оваа тема, не знаев каде да пишам, ме интересира пробиотик до кога сте му давале на вашите малечки и дали постојано без прекин ? Еден педијатар ми рече доволно е само едно пакетче пробиотик додека го испие и толку, а друг постојано да давам неколку месеци, кој да го слушам ??
Мојата е со царски родена и за тие бебиња викаат постојано. Е сега нејзе и правеше многу грчеви пробиотик, и пиеше само 2 недели откако се роди. Педијатарот ми рече да и прекинам. Ќе видиш по бебето. За тие со царски убаво е да пијат за побрзо да им се развијат добрите бактерии во дигестивниот систем, бидејќи не се во допир со нив, зашто не проаѓаат низ родилен канал и не ги примаат од мајката. Значи не дека нема да ги развијат ама подоцна ќе ги развијат од бебиња кои се родени по вагинален пат.
Да и мојата е со царски, прво дававме доиастоп и премногу грчеви имаше. Ги прекинавме грчевите речиси ги снема. Повторно почнавме да даваме по некое време, сменивме ваја пробиотик но и тогаш имаше повторно грчеви, но не толку големи како со диастоп. Ги прекинавме и нив и повторно нема грчеви. Јас повеќе не би и давала но бидејќи едниот педијатар ми рече да давам непрекинато неколку месеци се загрижив да не грешам....
Ставај маслиново во зеленчуковите, и кај нас беше така еден период како топчиња, но сфатив дека морковот кај нас прави запек, од компир и банана гајле нема, ама од морков одма запек имаше.
Навистина и за неколку други работи различен педијатар, различно кажуваат, па затоа после и грижи кој да слушаме, што да правиме
Јас му сечам нокти со бебешки ножици со заоблени врвови од Чико. Обично додека цица е мирен па маж ми тогаш му ги сече ноктињата. Веќе е 9 месеци, а од прв ден така тераме и успешно е до сега. Ако е на адаптирано млеко, може еден да го храни, а друг да сече нокти.
Детево синоќа се свртело бочно на креветчето и викаше по мене. Добро што го видов. Му го извадив ќебето, спие на вреќа целосна за спиење и уште едно како ќебенце од доле и едно од горе, ама сега треба све да извадам, а ладно е уште. Негде видов вреќички за спиење. Детево е 3 мес и 1 недела. Дали да земам 3 до 6 или 6 до 9, што мислите? Се заглавило со нозете во оградата па застанало. Како е можно, не ми е јасно, се кспрепаднав, ама ќе треба да се будам почесто изгледа веќе.
За големинава на вреќичката зависи од детето колкаво е јас на 3 месеци и облекува алишта ко за 6. Сега земав една летна вреќа од окаиди 18/36 големина, има копчиња се подвиткува и за помало и за поголемо дете. За ноџињата што му искачаат јас ставив плетенки, противник сум било што да има во креветчето ама педијатаров ми рече може, со оградица неќев да зтварам проток на воздух. Инаку Антоније ортопедот викаше дека мн често имале повреди пошто се зглавувале така во решетките и јас уплав добив .
Значи стварно се свртел, јас мислев случајно. Оградичка имам ама не целосно за да го гледам. Офф нема да спијам деновиве дур не решам што како. Фала многу. Ќе ја затворам оградичката прво па ќе го гледам од горе тогаш.
Здраво сакам да прашам дали после д3+к1 и омегата смеам да давам само пливит д3 или д3 и омега заедно педијатарот ми кажа д3и омега а ортопедот ми рече нема потреба давај само пливит д3. Вие како давате ?