Јас со малата пробав. Не ми ја ни погледнува. Пробав да му ја ставам во раче,во уста не бре . Се тегне и не ја сака. Поубаво му е рачињата да си ги пика во уста. Ја имам и големата. Не знам дал да ја отворам и да ја понудам и неа
Фала Бубче, јас ја земав големата во комплет со глодалка плус, до вечер ќе видиме дал ќе ја прифати или ќе седи за украс хах
Јас прво ја земав големата, ич не ја сакаше, а и неможеше убаво да ја фати, исто тој период кога беше 4месеци, и после пробав со малата, еве го си ја сака, некогаш 10 мин тишина ми дава таа Софи Сега на почетокот ја нудев додека научи како да ја фати а сега само си ја врти од една во друга рака И за големата негде тука на форумов прочитав дека е 6+
Здраво мајки, ние сме 20 дена веќе од вчера каките му се жолти но внатре како со зелено, на мајчино млеко е, си цица, си кака значи секоја пелена му е со кака, јас внимавам со јадење не пијам ништо за железо, совет, мислење зошто му се измешани со зелено каките? И почнаа грчеви му давам еспумисан л ама некако не му помагаат многу, дали да дадам пробиотик со еспумисанот или нема потреба? Фала ви
И мојата тој период имаше мешано златна и зелена кака, ќе се исчистат понатака. Ако напредува и е добро на прегледите не се секирај, ако продолжи подолг период да е зелено советувај се со педијатар.
И јас давав еспумисан немаше ефект и ги прекинав, по3м сами прекинаа грчевите, пробиотикот давав биогаја, диастоп, па прекинав, сега по совет на педијатар пак почнавме со ваја.
Ја земав поголемата, ја фати ја гризе ама нема сила за многу уште е мал, ако нека стои па после 6ти месец партал ќе ја праи, се надевам хах
Здраво мајки, му ја чистам гушката колку можам, но денес приметив дека му е како со ранички изгледа дека му се трие кожичката. Еве и слика, совет дали да го мачкам нешто? Фала ви
После бањање да не останува мокро(со пешкирот ќе тапкаш додека не се исуши, исто и од вода,млеко,јадење,лигавење) и нас ни препишаа белогент неколку дена матичната ама јас и ставав само еуцерин за атопична кожа и за неколку дена се смири
Не знам баш дали е соодветна темата за моето прашање, не знаев каде дс пишам па пишав во мајчински мусбети и ајде и тука.. купив чешле и четка од природни влакна, најскапата што ја имаше во аптеката за демек најубава за бебето да биде, ама изгледа згрешив , од чико е но страшно мириса неубаво ја измив три пати ја исушив и повторно мириса јако, како на штала.. кога ја чешлам малечката ( ја чешлам како рутина преф спиење, како масажа ) и замирисува косичката со тој неубав мирис и дури не ја искапиме мириса неубаво. Па ме интересира ваше искуство, Дали постои некој начин да се отстрани мирисот од четката и дали сите четки со природни влакна така мирисаат..
И ја ептен се залетав по дизајнот на шумишите, многу слатки ми изгледаа ама среќа не си фрлив пари без врска. Такви "гушкалчиња" има во Локо Кроко или директно во Кикабу види, за 1/10 од цената. Ама без тоновите за успивање. Ја го земав ова Е кога сме кај white noises што ги продаваат шумишите уствари, апликацијата Baby sleep ми ја спаси психата, господ здравје да ѝм даде на програмерите Има од бели, розови звуци, сѐ до маче како преде, оган како пуцкета, фен, правосмукалка, кола, па и авион Има опција да шушка шш шш шш или хумм хумм во сакан интервал, а и времетраењето се подесува за колку време сакаш да се исклучи, или го оставаш да брчи додека само не се разбуди ѕверето