И мојата е иста маста ми ја вади навечер со тоа што преку ден не врзува по два саата може еднаш у неделата мада и тоа е многу. Еве ја од 6 ипол будна а пред тоа дека цица саат време душата ми ја извади а стана и у 4 ипол и у 3 и 20 и тн.... Исто заспива у 21 ќе пробам денес да ја држам до кај 22 бар друго чаре не глеам... Да видам како ќе се понаша ако легне покасно мада мислам дека истото ќе биде
Ама стварно не ми е јасно...еве ја заспана сега. Од 4 скокн ни се среди спиењето преку ден пошто претходно по 20 минути ама само во мене. Сега сама си спие во гнездо и ок и се дремките. Се фурам да не е гладна навечер цело време ама ќе се нацица убаво на секое станување. Две ноќи го бркам маж ми да спие во дневна викам ајде да не и смета што хрчи ама не бре исто е. 8 бањање, 8и30 на цицка и веќе 9 е заспана. Порано прво станување и беше во 1, сега кога ќе почне од 11:30 ми се темни. А нема плачки па да се сомневам во заби или некој друг проблем. Она ќе се разбуди и ќе почна да си Гуга, балончиња прави од лиги си се забавува. Пробав да ја земам со мене на спална не бре она уште повеќе се расонува мисли ќе си играме заедно. Ништо...од денеска мантра ќе си повторувам дека тоа е тоа, да се помирам со ситуација за да не се нервирам барем.
Твојата бар презаспала ете ја мојата у релаксатор со нозете нагоре и пишти. Мајка едноставно не знам што да ти кажам освен поддршка да ти дадам мојата вчера имаше дремка од вкупно 5 минути. Жива ненаспана сум и со енергијата испод 0 ама тоа е . Ќе пробам покасно д аја легнувам друго не знам што да правам од 21 до 00 вчера стана 3 пати пак на секој саат. И тоа клоца прво полу заспана и се врти на меше на сите 4 и тргнува у поход. Кога ќе плесне на нос пошто не знае да лази уште плаче. Што и е филмот не знам ама така станува
Jas da se ukesam da prasam cucli im davate li? Mojata na primer nokje ke promrda ke pocne da kreva noze ke i ja stavam cuclata i si prodolzuva...ako ne davate cucli a nemate nisto protiv probajte moze ke zapali hahah.
Подршка мамааааа. Во 4 скок се се изремети. До тогаш ноќе не се будеше за млеко. Од тогаш, еве сега на 9 месеци исто како да сме во скок. Од тогаш нема ноќно спиење. Се буди кога на пола саат, кога на саат.
Не прифати никако цуцла, нудев. Ќе види дека нема ништо(млеко,јадење) плука. Ако и ја ставиш пак плаче терсене ми е детето
Пишав во темата за спиење за нашето легнување во 7 да не е рано, и сега ради летово ќе ми биде проблем па ќе видам како ќе реагира, ама ги спие 11-12 саати, 2 максимум 3 пати јаде во тој период. Можеш да пробаш и dreamfeed ма да мене не ми успеа. Јас да сум на твое место ќе пробам порано да ја легнувам чисто да видиш како ќе тера исто и @Noranora ако не си пробала порано види. Какво драгоцено време ми се тие 2-3 саати од кога ќе заспие и јас дур да легнам. Е сега јас дур не почне да плаче не ја кревам, па колку сака нека збори и нека си игра во креветче, до сега ми презаспипвала, а место маж ти оди ти во дневна да се наспиеш ко човек, ако почне да плаче ќе се разбудите двајцата . И на крај не се потресувај пошто дете мења, еве јас се навикнав да функционирам со 4-5 саати сон.
Нигде не си заебала, запознај се со твоето ново бебе. Нема оправање више спиење. Таман ќе ти врзе 2 3 саати, ќе фати нов скок, заби, регресија и пак ќе почне на саат саат ипол да се буди. Мојава од 4ти скок до 6 мес така беше хаос, па од 6 до 7 ипол мес врзуваше по 3, 4 саати, па заби почнаа, па 6ти скок пак на саат ипол будење, и еве ја сега регресија имало некоја 8 ипол месеци пак истото секоја ноќ. Тоа лази, станува, аплауз дава, весело во секој случај. Како ќе идам на работа следна недела ич не ми е јасно.
Женски давајте совет за спиење преку ден...2+ месеци сме и никако несака да ми заспие..нишкање, релаксатор, количка, галење ништо не сака да запали. Очајно више барам начин како да заспие...ако заспие два пати по пола саат и толку
издржи. мојата ич не спиеше тој период. после 3ти месец ќе станува поактивно бебето и поише ќе се заморува барем кај нас така беше и почна да дремнува преку ден, мада неспијач е од мало и такво и си остана, жими се и се чудам од каде и енергијата @LazaLaza ако ти е за утеха ја така функцинирам со месеци, мада не ја гледам кривицата во бебето, она си заспива во 9, најкасно 10 , ама јас ко мисир некој седам до 12-1 и она тогаш ми се буди прв пат, па во 2, па во 3,4,5 и во 6 е веќе свежа и насмеана и ќе станеме јас умирам полека и ќе седи будна додека е расони ќе испијам кафе се и ќе си заспие уште 2-3 саати и толку после цел ден е будна. прво мислев дека е гладна шо станува на секој саат, ама сега мислам дека не е гладна, туку онака си станува за гушкање, иначе не знаете колку сме испраксирани со мм речиси спиејќи ја презаспиваме само што со такво спиење си утепан цел ден
@LazaLaza завчера мене ми успеа едно чудо, не знам дали така се погоди или е коинциденција, бебето направи три дремки ( две по саат ипол ) а обично ги прави по четири и го успавме кај 7 ипол со се рутина, еднаш стана во 11 и следниот пат во 5 И вчера пак четири дремки направи од кои три по пола саат и пак вечерва стануваше прво во 12 ипол па во 3 ипол( тука додека презаспие не фати 5 ипол )..... Е сега пак ќе кажам не знам дали е коинциденција или не, еве денес пак јас ќе пробам малце да му зголемам прозор на будност за да експериментирам, подобро да експериментирам отколку хронично ненаспана како денес да сум..
Баш ме интригираше ова мама Ај ќе пробам. Изелицава моја после утринското пресоблекување и цицање прави една дремка обавезно тоа е кај 8 обично. Пола саат. После оваа во 10 до 12 и бебе ми е срцка после тоа игра, се смее, вчера во парк шетање три саати без кенкање мераци. Трета прави кај 3, па кај 5:30 до 6. 8 бањање и кома нели додека не се повампири. Ај баш ќе пробам ова твоево. Еве мајка ми ме убедува дека е гладна, да сум и дала млекце и бисквити
Мамички ставате ли кремче во и околу ушињата на бебето? Има како лушпи што се лупат па не знам дали да му ставам од истото кремче што му ставам на лицето?
Еве ја пробав така, нозе ми одпаднаа шетајки ја надвор два патипо два саата да спие не седнав буквално и вечерта ја заспав у 22 и погоди кога се разбуди? 6. Како аларам д аима во газот