Мама, не сум била лично ( ние бевме кај Антоније и задоволна сум ) ама читав добри коментари за кај Темелковски мислам 1500 денари е прегледот, ако има некоја мајка искуство нека пише.
да не даваш биогаја? кај нас така беше од биогајата после и ја прекинав некој период па почна да не ми кака редовно, по препорака од педијатар почнав пак со ваја, презадоволна сум од вајата, ми рече до 6 ти месец да давам пробиотик матичната, а пошо ја имам носено и во систина и таму докторката ми кажа да не се дава предолго пробитик на пр до година
Nie prestanavme sega na 6meseci...taka ni reche pedijatarkata! Ne gledam razlika nesto vo odnesuvanje, znae taka pocesto i pojako da prdne ama toa moze i da e od nekoja cvrsta hrana shto pravi gasovi...
Прво користевме биогаја мислев дека е до неа, сега земавме нормиа и пак исто. Не знам дали да купувам друг бренд или да не давам веќе зошто мал е уште има 2 месеци.
На моите вака им се прави ако стојат подолго на сонце,како алергија. Не користам ништо, за 2 до 3 дена им поминува.
јас ти препорачувам ваја од мое искуство, уште е мал и мислам дека треба да му даваш сеуште пробиотик и другарки што користат се многу задоволни исто, дупло поевтина е вајата од биогајата, ама на крајот на денот ти си знаеш и да не даваш не е ништо страшно следи си го бебето
Мајки жива ненаспана сум, ве молам за помош/совет. Малово деновиве активно пробува да се врти од грб на стомак и понекогаш му успева. Истото тоа и го пробува во сон и главата ја забива во креветот. Ноќеска кога го видев дека така спие се избезумив. Кажете ми дали вашите го правеле ова? Дали би ја свртело главата ако нема доволно кислород? На оваа возраст имаат ли развиен инстинкт? Инаку сме 5++
Нас совет од ортопед ни беше да не го оставме да спие така се додека не научи да се враќа назад сам. Или барем да знае да ја врти главата лево десно, а не да гњури додека е на стомак.
Абе да, сигурно нема да го оставам така ама страв ми е ноќе сонот лаже, да не не го видам. Леле значи нека се живи и здрави само ама додека да пораснат само стресови
Мојава почна да се врти на стомак на 3месеци и така спиеше,јас избезумена дежурав и одма ја враќав назад кога ќе се свртеше. Кога кажав дека се врти и така спие мислам никој не ми веруваше. После некој период од две три недели не се вртеше па пак почна. Кога отидовме на ортопед на 5месеци ми рече слободно да ја оставам, се што сама ќе направи да не ја спречувам и да ја враќам назад. Скоро цело време спие на стомак.
А кога ја забива главата во кревет? Буквално со носот и устата во душекот и го слушам тешко диши. И незнам дали има развиено инстинкт да се сврти доколку неможе да дише. Само од тоа се плашам.
Мајки здраво. Имам малце чудничко прашање Ќерка ми од саботата пошто почна да лази и се најде од спална на пархет спие во креветче. Мислев потешко ќе пројдеме ама да ви кажам искрено многу лесно пројдовме до сега. Ама сеа иам друга мака. Креветчето е дрвено. Оградицата иде нагоре надоле и вчера да се успиваме се фати и на колена се исправи јас бев до неа и ја пазев да не ја удри главата. Оградата беше подоле. Ја кренав за да неможе да ја дофати ама мајмунчево мое некако ја дофатила и пошто е 6++ ваљда сакала да ја јаде па се чукна малце и почна да плаче, одма се смири и заспа. Е сеа ја имам од тие што се ставаат како и да се викаат ама очигледно не бркаат работа за тоа па ставив ќебе ама ќебето за секунда се наоѓа доле и пак истото. Совет некој?
Мојата се врти преку ден не можеш да ја остаиш на грб, ама навечер не. Спие во вреќичка може тоа и отежнува и во креветчето имам ставено од оние плетенките и и го стеснува местото за манверирање па може и тоа допринесува. Плетенкиве не ги сакам па не ти викам да пробаш, ама со вреќичка пробај ако не спие веќе така. Пробувам да стимулирам преку ден да почне назад да се враќа може тоа му е само чаре. Нека се живи здрави, во другиот живот ќе спиеме ние.
И нас Антоније (ортопедот) ни рече додека не научи сама да се врти само на грб да спие, ама бебе на 4 почна во сон да се врти на стомак и кога незнаеше да се врати на грб почнуваше да "цивка" да ја свртиме. Мислам дека секако би изреагирале. Што прави кога пробува да се врати на грб? Инаку и јас тој период со едно око отворено "спиев", сега е веќе 9+ и не спие на стомак, мора да помине и тој период..
Па ништо затоа и се плашам. Преку ден се врти на стомак ама навечер само пробува. Телото на страна, а лицето во кревет. Повеќе главата ја врти во сон него телото. И го слушнав само како диши силно, што е нормално кога носот му е во душекот забиен. Го свртев веднаш во паника. И пак за 1 мин така се изврте и го оставив 10 сек да видам дали ќе ја врати главата ама нема абер, спие
Сеуште не спиеме во вреќа. Може и со тоа да пробам. Јас дури мислев со нешто да го подзаглавувам да му го ограничам движењето, ама не е исправно и тоа знам.
Не, не во никој случај. Не ни размислувам да го оставам. Тоа што го напишав беа секунди во прашање да видам дали ќе ја намести ама не. Колку би имала една мајка храброст да го остави така. Тоа и ме преплаши. Затоа што јас многу лесно спијам. Ама секунда е во прашање кога ќе се сврти така во сред ноќ
Знам, и јас имав неколку непроспиени ноќи додека научи да се врти назад или да си ја мести главата. Понекогаш и сам кенкаше да го свртиме назад. Тој период вежбавме преку ден враќање назад и почна сам и навечер. Сега второто иако преку ден се врти на стомак, навечер се уште не почнало, но на секој шум се будам да ја проверам. Преку ден и покажувам како да се врати, оти се изморува и не и текнува да проба да се врати туку нурка во под.