Да тоа е ок, поминуваме некое време на под и имаме играчки. Нормално ако го анимирам. Ама мислев на приговорите кои ми беа упатени, зошто само не си седело мирно, за да можам да си работам низ дома. Пример да го ставам во релаксатор и да сум раат сат -два имало ете такви бебиња, а моево јас сум го научила поинаку
Ќе ја оставиш на земја со играчки и ќе ја анимираш. Или ќе ја оставиш на земја и песнички ќе и пуштиш. Не знам колкаво е бебе, мојава од 2 мес е на земја, ќе се научи, не се секирај, само подолго оставање на земја, ќе почне и сама да се заигрува. Колку подолго бебе на земја, толку поврзо ќе се ојача и помобилно ќе стане. За одмор, бебе ќе е 10 ипол мес ,ќе одиме на Тасос.
ако ти е некоја утеха и мојата е таква, можам да фатам нешто само ако спие или ако дојде некој, седи на под да, ако ја седам со неа и и зборам, цртани и пуштам само сабајле кога ќе стане да јадам и да испијам кафе набрзина, после и тоа и здосадува, најчесто е во раце
Мајки, бебе два месеци си кака неколку пати во денот, но деновиве забележав како има шлајмови во изметот,баш тегаво. Инаку бојата е нормална, златно-жолта и обавезно со бели зрнца. Ќе го носам неделава на контрола да спомнам. Бебе си е весело, нема некои индикации за проблем.
Мама бе моето сега ќе прави 9 мес, дури пред некое време почна само да се занимава. Али рачунај дека сега лазе, пробува да оди, се искачува секаде, и пак не можам ни да се измочам без да го носам со мене во вц, не па кафе да пијам. А на земја е ставан од најмала возраст, лежеше само ако сум до него да го занимавам. Играчки, тропки, мечки, тоа игралната, ништо не му беше интересно.
Ај едно прашање што ме мачи. Купив седиште за у кола од 9 до 36 кг пошто малата на 03.05 мерена 8.500 беше. Е сеа ова се мести у правец на возење значи позади. Значи како јас ќе ја возам сама? Од кога почнавте да ги седнувате малите сами во кола позади? Ние за 1 недела правиме 7 месеци.
Ако бебе ужива да се вози, нема да имаш проблем сама да ја возиш. На приближно иста возраст го имам возено сам позади глас не пушташе. Можеш ретровизор да си купиш дополнителен за да ја гледаш ако ти е посигурно.
јас ја возам сама отпочеток позади, некогаш ја ставам и напред кога како, само што како што ти пишала членката не можеш да ја возиш да гледа во предно стакло додека не прооди стабилно
Ужива и одма заспива ама ми е некако шубе дека до денес се со мене беше позади. Секако ќе мора да се навикне без кола ко без нозе сум
Значи истово го прашав Видоевски, ми вика дур ја собира обратно вози ја. Сеа да ми е паметов пред 9 мес, никад немаше кај него да ја носам на ортопед. Само паметен да се прави знае.
Каква врска има проодувањето? Искрено ме интересира Едит: не знам кај нас како гласи законот за ова ама еве глеам по други држави меѓу кои и САД е различно, според светско здружение на педијатри треба што е можно подолго да биде обратно свртено седиштето (до 2 години мининум), така е најбезбедно. Е сеа исто не знам дали тоа зависи и од самото седиште и од должината/тежината на детето.
Кога се проодени имаат поголема контрола на вратот, по се зацврснати вратните и грбните мускули. Во случај на сообраќајка или нагло закочување поголема штета се прави ако се свртени на напред, кога се свртени на назад е поголема заштитата.
Да да, знам дека во Америка и во некои други земји е 2 години, а некаде и 4. Некој ќе рече па нозете му се свиткани, тесно му е.. но сепак најпрво треба да се заштитат главата, вратот и рбетот, нозете не се проблем ако се свиткани. Моето е година и пол, веќе е проодено 4 месеци и сеуште го возам свртено на назад и ќе го возам уште некој месец.
Здраво мамички денес полниме 4м утре Др ден ќе ја примиме втората вакцина па планирам по недела дена да почниме со вкусови прашање ми е од кога се почнува со тетрапак млеко и кое е најубаво ... Имајте убав ден
Морам да кажам извини ако ти поматам ум. Нека ме поправат ако сум грешка. Седиштата од 9кг се за од кога детето ќе прооди, направени се поинаку не се легнуваат доволно. Во однос возењето свртено кон напред или назад, најбезбедно е кон назад па и до 3-4 години ако го собира, али минимумот нека ти е стабилно проодување година година ипол. И сама да ја возиш нема проблем нека е свртена кон назад, огледало ќе си ставиш ќе ја ѕиркаш под услов да не ти одвлекува внимание, инаку не ставај. Инаку сама еднаш ја возев, сегде заедно шетаме ама на кратки релации до пола саат јас седам напред, на долг пат само седам позади.