Види во упатството обично кај газот-грбот тој дел има доле перниче. Кај мене кога ќе отвориш совозачко е приступачно, на тој делот над фиоката од страна е прекидачот.
Vidov..se vadi ama Ima kaj mene ushte edno ergonomsko perniche kaj gazeto....dupkata ja popolnuva na sredina.
Здраво мајки. Моето синче има скоро 4 и пол месеци, од вчера еве и денес цел ден ме полуде… не сака никако да цица. Седи гладен со саати ама единствен начин да цица малку е само заспан. Од очај нудев мое измолзено млеко во шише и лажиче, не сака. Пробав дури и АД, и тоа не сака. Пробував да цица во затемнета просторија, на тивко, во разни пози ама не и не! Очајна сум затоа што го имав истиот проблем со првото синче на 2 и пол месеци, тој исто така после неколкудневен штрајк цицаше прво заспан па ми се одби целосно, ама среќа прифати мое молзено млеко од шише и теравме така до годинка. Што ако се одбие син ми сега, а патем не прифати никакво друго млеко? Со што ќе хранам толку мало бебе? Знам дека е во скок, ама од страв од првото сега исто се плашам и цел ден се нервирам, а знам дека не треба… Сте имале ли слично искуство?
Ништо мајка штрајк, мене ми упали да не ја нудам ич, кога сака да си побара после некој ден се стабилизира
Навечер дали си цица нормално? Моето исто преку ден со молење сме и едвај малку ќе фати, си чека обавезно 1 шише АД во денот а навечер си цица редовно. Некогаш му ставам цуцла во уста и кога ќе се сврти накај мене вадам цуцла и пикам цицка хах, и така понекогаш успева да фати. Да пробаш? Да не имаш добиено, може и од тоа да нејќе
Еве синоќа цицаше ама само ако го земам во раце, инаку до претходно цицаше само легнат на спална. Сепак супер, би му давала и стоејќи само да цица Денеска цицна малку сабајле кога стана буден, сега пак малку како да ми штрајкува ама ќе видиме како ќе е цел ден, се надевам ќе се подобри, пред малку го нудев не сакаше.
Мојата поретко и помалку цица него пред 1 месец, сега е 5ипол. И нудам на околу 3-4 саати минимум, пошто она не бара, цица 5 минути преку сила и толку. Пробав еднаш ја оставив да видам дали сама ќе побара поминаа 4-5 саати ми стана шубе и пак јас и понудив. Ама качуваше килажа. Периодов, две-три недели наназад се мачам да ја наранам, искрено не знам дали брзо се најадува или штрајкува. За брзо ќе почнеме дохрана па некако со тоа се тешам. Ама ако е со килажа и пелени ок не се секирај може му е доволно. Ако си е бебето добро сигурно нема да седи гладно, нешто некако ќе јаде.
А да, и тоа го заборавив, мажми го држи во раце а јас му давам да цица, и успеа беколку пати, посже го ставам а перница за доење и си цица, абе се ќе пробаме само да цицаат
Мами оваа вода се преврива ли? До сега зимав Нера Критис и Бебелан. Минатиот пат кога прашав во аптека ми рекоа дека се преврива, а на самата вода читам дека нема потреба. Денес ми земале таква цел пакет, а баш гуглам има поплаки и дека истиот состав бил со обичната Јана.