Здраво Јас никогаш не се водев по табелите него бебе колку сака толку. Сега е 4 месеци па едвај пие по 120мл, најчесто пие по 90. На таа возраст исто пиеше 60-90мл. Јас гледав на таа возраст да поминат 2,5-3 часа од оброк (по совет на педијатар) за да има време убаво да му се свари млекцето и да не го боли стомачето. Ако убаво си напредува продолжете како и до сега, само советувајте се со педијатар дали да зголемите време меѓу јадењето.
Biogaja I'd 5 den a d3 I K1 od 8 den do tri meseci, ipo edna I sto I omega od 8 den po edna, a posle tri meseci ke si zemes babytol d3 I omega zaedno sto se kapsulki.
Така е мила и јас првото дете го хранев на 2 и пол часа но не се сеќавам колку мл пиеше на таа возраст. Е сега му давам кога сам ќе си побара, почнува да си ги цица рачињата. Количински за 24 часа мислам дека пие од 750-900 мл. Ти благодарам на одговорот
750-900 мл мила, инаку добро напредува. И јас мислам дека е мал 180 мл да пие, но се водев по пишаното на пакувањето. Ти благодарам на одговорот
Добар ден мајки Сакам да ве прашам нешто. Во среда наредна сме на педијатар ама не можам да чекам до тогаш. Како ги чистите ушињата на вашите бебиња? Бебушот мој е месец дена ама гледам на ушињата има како жолто. Со чепкалка надворешно му ги чистам. Ама гледам внатре има жолтичко па сакав да се посоветивам со вас и да споделите ваше искуство.
Можеш алка да земеш и да ја прикачиш на количка, а можеш и од овие клиповите да ставиш на маичката/боденце шо и да носи. Од мирисот се одбиваат комарците, инаку мириса на цитрусно овошје.
Мами како да го третирам црвенилово на вратчето , мн се лигави сега плус од топлово се поти и тоа само ја влоши состојбата , сликава е од вчера денес и е уште по црвено. после бањање ја бришам убаво и павловичева ставам , сега почнав и бевешка пудра да нанесувам … некоја крема да споделите од искуство што би помогнала
Како успешно да ставам маст во око на 2 месечно бебе. Има во око бактерија и очната ни препиша маст. Искрено страв ми е на стандарден начин затоа што многу мрда. Совет некој?
Првото го има во еурофарм, пред некој ден земав 220 денари е. Тоа на чико во енци менци. Во сите аптеки треба да има и на други производители.
Немој да ставаш павловичева, суво треба да е местото. Само често миење, сушење со тетра и може бебешка пудра. Ако се влошува одете на педијатар да ви даде упат за брис, оти многу лесно може да се накалеми бактерија.
Мајки незнам во која тема да пишам бебе ми е 4м и сме на свадба дали има некој тампони за во ушињата за бебе или нешто за заштита од бучава
Има едни ко слушалки на банз, а имам и во дм видено ама не знам дали се истите. Ама се прилично големи/гломазни на лик.
Знам ги видов во дм ама стварно многу се големи така не можи убаво главчето да го држи уште такви да и ставам знам за возрасни има тампони ама дали има и за бебе