Bez race ostanav, obicno vo race mi zaspivase ke vodi inat no ke zaspie, denes ne, soprugot proba no za kratko se predade za na kraj da si zaspie samo lezejki i gukajki
Има 3 ипол месеци, пррд секоја дремка, во раце го успивам, среќа брзо заспива, ама дремките се по 20 до 30 мин, некогаш 10 Само ако е весел по дремка е во ред, значи ако има и по 10 мин дремки во текот на денот е ок и навечер да си поспие. Пробувајте да најдете еден начин да се навикне,јас додека не се научивме на нишкањево мислев дека е ок да си седи по 4-5 саата ама беше страшно нервозен
Охооо сите минуваат низ тоа. Сум седела со саати држејќи го во раце, само да спие. Нишкање седната, нишкање шетајќи низ соба.
Цел 2м мојов денски не спиеше ни минутка, се плашев како може бебе од 2 месеци по 12ч да не спие, затоа навечер си спие од прв ден по 10ч. 3м почна со 3 кратки дремки само во мои раце, а го оставев а станеше одма. Во 5м сам си смени, си фати дремки 2 долги, си спие сам преку ден, само што се уште додека не го гушнам не заспива никако колку и да му се спие. Може само ќе смени, трпение и упорност мајка.
Здраво дали некоја има слично искуство бебче е за некој ден 4м. Почна многу гасови да има дали е од пробиотикот му давав ваја претходно ок си беше све сега му давам колик. Омегата и д3капките му ги давам навечер еве откако почнав со пробиотикот све гасови има навечер насабајле. Некој со слично искуство?
Мајки дали некоја од вас има искуство со капење на бебе на пладне, прописно капење како рутина? Големиот го капев на пладне, па пред спиење одмивавме само газе. Малиот ми е 2 месеци и исто како големиот заспива навечер рано обично околу 19 или 19 и 30, што искрено не ми остава многу време за некоја активност, посебно што е сега лето и можам да шетнам со двајцата после 17. Големиот е зимско бебе и рутината ни беше капење пред пладневна дремка, меѓутоа зима и после тоа никаде не шетавме тој ден. Дали сега можам да го капам околу 12 па да преспие, па потоа да ми е денот послободен и за поголемиот, да можам да ги прошетам после 17
Мојата е бебка од 20 дена, секогаш ја бањаме со сопругот околу 21.00 после цица и нана, некако полесно и е и ретко се буди навечер знае да отспие убави 5 до 6 саати
Сега на топлово јас го туширам накај 1ч пред дремката, обожава да се шлапка во корито, 5 минути туш млеко и подобро спие. После пак вечерта исто или бањање преку ден два. Не гледам зошто не би можело како што прашуваш. Напрајте си друга рутина за пред спиење и готово
Да ама мојот кога ќе заспие во 19, си спие едно 4 часа. Пример вчера заспа во 18 и 50 со цицање, и вечерта во 10.30 побара пак, така да после 19 и 30 неможам да го капам
Значи таа рутина можи да биди во било кое време од денот, не мора да значи дека мора да биди навечер. Можиш да го капиш во 12ч.
Па тоа е и целиот проблем. Досега го капам тоа време, но еве сега е поголем и ако сакам да излезам морам после 17 заради што пред тоа е мн топло. Ако излезам во 17, неможам да го капам во 18, не стигам
Додека беше уште поладно и можеше да шетаме на пладне ги бањав навечер пред спиење. Сега кога преку ден е пекол, ги бањам на пладне за да можеме после 18-19 да излеземе да прошетаме. После 21 часот им е доцна за бањање, веќе заспиваат тогаш. Слободно прави си ги распоредот и рутините како ви одговараат на сите.
Здраво, По челото има како флекички, на природна светлина се познаваат повеќе. Дали знаете што е тоа и како да третирам?
И јас почнав да го бањам денски,накај 14ч обично. Моево заспива рано, т.е околу 18ч а баш тоа време сме излезени.
Ми личи на теменица. На моето му помогна пена шампонот од Мустела против теменица. Можеш да ставаш бебешко масло пред бањање, но треба да отстои час два. Тоа не ми беше практично и затоа се одлучив за пената. Исто така и чешлање со чешле пред и после бањање за да паднат.