Здраво мамички веќе почнавме со вкусови и почнав навечер по 150мл АД да давам почнав со овошни кашички за зеленчук прво со што би почнала и дали е поубаво купечки кашички или дома да приготвувам сега ко за почеток зедов од хипп јаболко крушка и слива исто и сокче од јаболче а и водичка нудам имајте убав ден
здраво, ние почнавме пред три недели, ја комбинирам кога како, нешто и давам купечки, нешто и правам дома, за зеленчук можеш компир, брокула, тиквичка,тиква, морков, кромид( тој се дава со веќе воведен зеленчул), благ компир, пашканат ова за почеток од зеленчук, исто можеш да дадеш ориз, палента, просо и да мешаш со овошје, зеленчук, сок не се препорачува да даваш
Вчера прв пат му дадов сокче но разредено така ми кажаа од аптека а и чајче до Бекутан си пие по потреба (за закажување) житарките како ги комбинирате?
ја давам само вода, мада планирам и чајче да почнам, мојата уште цица цело време, житарките ги комбинирам во сооднос 1 према 3, на пример и правам ориз со јаболко, 1 третина ориз, 2 третини јаболко да биде кашата, така ме советуваа овде на форумов, а прашав и педијатар, со тоа што кога и давам нешто ново што не сум и дала давам претпазливо прво по малце
Мајки, Бебе многу ми се врти во креветче, буквално за 3 минути е на страна, а некогаш и на стомак, а знам дека треба да спие на тврдо. Количката не е баш најтврда за спиење. 9 дена сме, како да ја скротам да не мрда, има ли некои помагала за во креветче што не се опасни?
Какво гнездо користеше, можеш ли да ми препорачаш? Ги гледав на Ело ама некако многу ми се големи за бебе, пак ќе има простор да се врти
Поклон ни беше, купено е од Ники текстил Штип, па големо е, ама долу се врзуваше. Мојов во него не успеа да се врти, а го ставев само во креветчето одма егзибиции имаше, затоа до 4м сосе гнездо во креветче беше. После почнав во вреќичка, сеа онака е во креветчето само.
Абе какви помагала, бебе во креветче оставање само, без ништо околу него освен ако не планираш да го гледаш цело време. Посебно новороденче. Од кај ќе си сигурна дека во текот на ноќта нема да се залепи со фацата и ќе дише издишан јаглерод диоксид? И син ми само на страна спиеше, не можеше да лежи на грб дека беше многу слаб, па сите доктори ми рекоа да го оставам така, никој не ми рече да го заградам.
Не спие само на страна тоа е проблем, целосно се врти на стомак. Истото и на пресоблекување ми го прави, ако не ја држам за 2 секунди е на стомак со главата надолу.
Убаво ти кажала @Autumn Love. Гнездото нема да го спречи да се врти бебето на стомак и на страна. Плус скроз небезбедно за новороденче.
За овој момент не знам што да ти кажам, ама знам како е, синко од втор месец ми се вртеше на стомак во спиење. Твоето е уште помало. Консулрирај се со педијатар што да правиш, ама оградување со перници, гнезда немој зошто и така сеуште го вежбаат дишењето првиот месец и провев на воздух е маст!
Дали некој користи капки колиеф и пробиотик ваја заедно? Бебето прими рота и шестовалентна денеска и таму педијатар препорача пробиотик. Немам давано пробиотик до сега и не знам кога и како се дава. Пред цицање или после? И колку пати на ден? Хелп До сега користевме само капки колиеф по потреба.
Уфф ако знае некој чаре нека каже, не сум спиена одкако почна да се врти. По цели ноќи борба е, а скоро 5 месеци е.
Исти сме мајка. И со моево цела ноќ борба, око немам склопено. Се превртува цела ноќ, па тоа му е малку што ми го приредува, па уште со фацата во душек. Се пореметив психички. На сето тоа и 5ти скок не мрдна. На 1ч плаче, се буди, додека не го земам во раце не се смирува. Се тешам само дека ќе помине
Штом се сврти на меше се буди и кемка. Или заглавено му е рачето или не знае да си легне и да си продолжи така а и не е безбедно така да спие. А зашто крева нозе и се превртува ноќе не знам
Мојата е 6 и веќе недела дена спие на меше. Само и ја вртам главата за да бидам сигурна дека носето и е слободно за дишење и си ја оставам така. Зошто е небезбедно ?
Ехее 5 месеци е “големо” . Веќе претпоставувам крева и држи глава ко ќе е на меше, плус ако знае да се врати на грб, јас не би го мислела. Ако не може да се намести и кенка, се буди, вежбајте преку ден вртење .