Ја памтам дека и по снег шетавме. Го облекував убаво, во вреќа од количката и низ населба прошетки. Повеќе пазев на загадено да не го изнесувам пошто ново лисиче, нели
Исто како @unearthlysarah ради царскиот 12 дена после раѓање, 5 бевме во болница. Да можев асално да одам одма ќе ја изнесев. Дека е родена во август секој ден шетавме и накачував километража.
На снег и јас ја изнесував ама декември беше ептен загадено. Сред центар сум. И околу нова година ја изнесов на првиот сончев ден Ама знам дека немаше ни месец. Помала беше
Леле памтам 2ри јануари беше тој таков сончев ден, како пролет. Одма у парк отидовме ама 3 месеци веќе беше тогаш
Јас сум породена 31 октомври, ја изнесов после недела дена И така секој ден кога имаше прилика (дожд,ветер да нема) ако е нешто ептен дождливо на тераса на маса со релаксатор транспортер и бебе мирно и ја пијам кафе
Здраво комшике. Годинава некако ок беше со загадувањето, немаше димни завеси ко претходни години. Секој слободен момент со убаво време се користи за надвор инаку не се доседува по дома.
Наредниот ден откако излеговме од болница. По препорака на педијатарот првиот ден само 10-15 минути, секој нареден ден плус 5-10 минути и кога ќе стигнеме до саат и пол да почнеме по два пати на ден да го шетаме надвор. Само да нема ветер и да не е загадено.
Мами малово ми е 6+. Освен првиот месец кога ми какаше секој ден, навака се преку 2-3, а некогаш и на 5 дена. Пред 1 месец конечно се осмелив да сменам пробиотик, од био гаја на ваја. Ситуацијата малку се промени ама пак не беше ок. Пробав 3 дена да не му давам пробиотик, еве го кака секој ден. Што е најпаметно да правам? Дали има штета ако не давам? Нели деца родени со царски е задолжително до 1 година пробиотик? Се плашам да не погрешам. Кои се вашите искуства?
Не е задолжително, препорачливо е. Мојата е царски, пробиотик 2 недели само пиеше зашто грчеви и правеше. Се препорачува кај деца со царски зашто не проаѓаат низ родилен канал и не ги примаат добрите бактетии во дигестивен трак преку мајката. Ако не даваш пробиотик не дека нема да ги развие ама ќе ги развие подоцна од бебе родено преку вагинален пат. Ако мислиш дека не кака од пробиотиот прекини го. Не знам дали сте почнати немлечна храна ама да знаеш дека може и од тоа да има запек.
Да, знам зошто се препорачува. Иначе почнавме со вкусови, веќе имаме еден оброк, али проблемот со какањето е од пред 4 месеци. Нешто посебно не се променило, освен тоа што понекогаш можам да испровоцирам со слива, приметувам и маслиново кога ќе ставам знае да му помогне. Ама сепак сакам да внесува разновидна храна и неможам секој ден сливи. Затоа пробав да не давам пробиотик, гледам добро ни оди, па ќе видиме. Фала ти многу
Јас не давам пробиотик од третата недела бидејќи какаше на 5-6 дена Со царски сум ама докторот ми ги прекина Сега кака на 2 дена
Јас исто го прекинав пробиотикот и почна да си кака секој ден по 2,3 пати. А додека давав на 5,6 дена едвај со маки ќе се искакаше.
До 6 месеци. Мене на 5ипол ми заврши шишенцето и не давам веќе. Не ни приметувам некоја разлика, може не е до пробиотикот. Прекини и види. Ако е на доење образложение е дека го преработува целосно млекото и до 7 дена се толерира пошто викаш од пред 4 месеци, таман кога им созреваат цревата и е нормално. Сега пошто имаш оброк може да е и од храна, давај вода и види да не даваш нешто што прави запек и воведи нешто што протерува.
3 и пол месеци, последните 2-3 дена има проливче и кака почесто ( 4-5 пати денот ) а какаше по еднаш мах два пати. Сега скоро бевме на педијатар поради прележана корона на почетокот на месецот, се беше во ред, од што може сега да биде проливчето, искуства и соцети ако може ? Дали пак да одиме на педијатар или нормално е понекогаш се случува да имаат проливче ?
зависи, сега е убаво времето може да се излезе поасално, јас се породив на почеток на декември, не дека не ја изнесував надвор, ама на пример не одев на долги прошетки туку ја вадев во двор кога немаше ветер до пола саат, првите неколку пати по 5-10 мин и накачував по препорака на педијатар, после месец дена почнавме да шетаме и на нив им треба воздух, кога дозволуваат временските услови облечи го соодветно и вади го надвор