Да, доби, кога не ја знаеш целата приказна нема потреба да судиш некому за било што, ако требаше да објаснам се овдека зашто и како го пазам своето дете ќе треба три страни да напишам, и одговорив само на членката на нејзиното прашање а ме нападнавте ко којзнае што да сум кажала...јбг
Го пазев првите 2 месеца затоа што беше предвремено родено и во инкубатор. Но од старт гледав да не е во стерилна средина. Дома со кучето си седи, го лиже, му давам се да пипне и пикне во уста, не ставам тетра на секое едно, играчката му паднала на земја му ја давам. Со други бебиња го дружам, со возрасни исто и да го држат и да го бацуваат за нозе или рачињата(но не дланките затоа што ги пика во уста). Е сега уште не го носам во затворени простории и молови, на отворен простор само. Мојот став е дека колку повеќе е изложен на бактерии на кои и ние сме секојдневно изложени побрзо ќе стекне имунитет. Ако треба да се разболи ќе се разболи и од мене и татко му(кој секој ден оди на работа со луѓе) и тоа е неизбежно и неможе да го спречиме. До сега, има 4 месеци, да не го урочам не бил болен или пак нешто му било. Тоа е мој став, ама секој нели најдобро си знае за своето дете
Како да го облекувам бебуш? Дома носи боди со прерамки, долг ракав над него и панталончиња. Во еден момент си викам да не е о е жешко, во друг си викам да не и студи... а дома не ни е многу жешко, до 24,25 степени си викам... и кога спие ја покривам со тенка пелена...
Jas po kratki i dole i gore. Doma koga spie ja pokrivam so tetra pelena. Nadvor isto po kratki, ako osetam po svezo isto so mnogu tenka prekrivka ke ja pokrijam.
25 степени не е ладно, напротив. Кај нас со клима е сега толку па само по боди на кратки/маица и пелена е. Така и спие. Ти по долги и плус боди одоздола, мислам многу е. Види по себе, како си ти облечена моментално, дали така би ти било топло.
Бебушите ни се тука негде со денови мислам, нас ни е 25-26 дома, бебе е на кратки горе, надолу тенки хеланчиња. Навечер и облекувам тенко боди по долги зошто знае да залади, а се открива кога ја покривам со тетра.
Женски здраво. Дали некоја од вас се соочила со запек кај бебето по примена прва доза рота? Во упатство пишува несакан ефект дијареа, ама ние откако ја примивме вакцината еве веќе околу 40 часа нема какано. Порано ова не се случувало и не ми преостанува ништо освен да мислам дека е од вакцината. Еве денес и нешто кенкаво е, како грчеви да има... давам како и секогаш пробиотик ама ништо..
мајка 40 часа не се многу, бебето ти е на таа возраст кога ќе намалува со какање мислам дека не е поврзано со вакцината, али ако се грчи можно и да е запек, ја давам само пробиотик
Какви каки ви какаат малите откако почнавте со дохрана. Овој кака само еднаш на ден, ама многу како суво, како мастика за џвакање, не се грчи, не покажува знаци на болка, дури не го ни осеќам кога ќе се искака, за разлика од порано кога какаше стално 4 пати, експлозивно и течно претежно. Пие по малку вода, пробиотикот и млеко 750мл во 24ч. Давам наизменично овошје и зеленчук. Јаде по 120г.
Здраво Имаме ваква слична подлога, си пишува дека може да се пере на 30 степени, ама пак не ми е сигурно, да не ја уништам. Ако ја перам, дали со центрифуга или не? Или пак рачно во када? Вие како ги перевте вашите подлоги?
Имам кратка на 20 минути со 20 степени и центрифуга 400 или 800. Има и програма од 60 минути, со 30 степени и центрифуга 400, 800, 1000, 1200. Која од овие две програми да ја одберам? Знам дека сум досадна, ама...
Мајки колку мл Далерон давате на неполни 5 месеци 6600кг? Според упатство по килажа треба 3.5, матичната ми вика 2мл до 2.5 ? И дали смеам од лепенките да ставам на чело?
Може да е од забите ама можно е да се лигави и со месеци пред да извади заб сите де лигават мојата ми се чини од како е родена се лигави