Јас би ја послушала матичната. Од лепенките реално нема некаква корист. Ако качува многу стави му мокри чорапчиња.
Здраво. Бебето е 2 месеци(две недели порано е родено) и не прави гримаси на лицето кога плаче и устата не ја отвара целосно. Не се ни смее ама знам дека е рано за тоа. Се сомневам на оштетен фацијален нерв. Дали некој има искуство со ова ?
Мами Дали имате искуство и какво со педијатар Аница во Плодност за ехо на мозок на бебе?Бебе е 2м,ехо на мозок ќе правиме зошто е родено со вакум и асфиксија
Кој педијатар и да го одберете во Плодност, нема да згрешите. За вашиот проблем немам искуство, ама др. Аница е супер. Се најдобро.
Дечки дали држите до правилото доење на 2 до 3 часа или ако спијат не ги будите? Стравот дека не цица доволно е тука, а градите ако не се испразнат на 3 часа ќе пукнат ми се чини. Ќе ве замолам за помош
Не знам колкаво ти е бебето. Јас ја будев на 2-3ч додека не направи 1м. Потоа исто така ја будев ако осетев некогаш дека градите ми се преполни навечер, затоа што од почеток ја преспиваше ноќта.
Ја разбудив сега, сменивме пелена и поцица на едната ама заспа за другата. Изгледа дека не е гладна пробав да ја будам х пати. Сега со градата преполна што не цицаше имам дилема дали да ја измолзам или чекам наредни 2 саати... Ох ова мајчинството
Ако ти тежи или создава непријатности полната града, одмолзи се малку рачно, ама малку колку да ти олесни. Ако измолзеш цела града, телото ќе ти создаде млеко пак за следниот подој и пак ќе ти се преполни градите ако не исцица се бебуш. А за будењето, лично не би го будела бебето ако не се буди само да цица, освен ако нема жолтица. Ептен ако завлече над 5-6 саати ноќе, тогаш би му дала да цица и во сон (дој го додека спие, за да не се буди). Кога ќе е гладно ќе си се разбуди, не мора да го будиш ако не се разбуди за 3 саати пример денски. Ја се заебав со моево, го будев до 2.5м на секои 2 часа да цица, иако си спиеше детето пошто сито. Ама ја упорна дека така ми кажа педијатарот и сега трескај си ја главата дека пак бара да цица на 2 саати, а сит е Ама иди не му дај да цица ќе го дигне цел блок у воздух. Кога го прашав педијатарот до кога треба да го будам за цицање, ми вика леелее па ја не ли ти кажав, тоа само првиот месец, после тоа на 3+ часа, а ноќе и поретко. И сега оди одвикни го детето, ко швајцарски саат е точен.
Мојава никогш не е будена за цицање, ниту еден ден. Ако ми се полнеле градите пошто се случувало кога беше мала да врзе поише часа сон сум се истискувала колку да ми олесни
Јас кога ја прашав матичната ми рече ако бебето е гладно, мора да се расплаче, никој гладен не стои, плус ноќта е за спиење а не да му работи желудничето цело време и во право беше. Е арно ама мене ми беше жал и грев, па си го земав ноќе успан и му давав да цица. Сега еве го скоро три месеци се научи и сам си бара
@Marija2007 @unearthlysarah @SarChee Јас на секој оброк ги провривам во вода. Душа извадивме, посебно во текот на ноќта, баш е напорно Инаку беба ми е 18 дена, и претежно повеќе сме на ад, немам млекце а и не фаќа да цица, и цело време сме со шише. Затоа реков да прашам. Ништо ваљда нема да биде ако прескокнам, да измијам само со жешка вода. Така миете? И сјајче?
До 3 месеци сигурно ги стерилизирав после секоја употреба. Имав неколку шишиња и еднаш дневно пуштав стерилизатор. На 18 дена старо бебенце не ни размислувам дали треба или не треба стерилизирање. Во случај ако цело време мора да се храни бебето со шише ако си во можност инвестирај во стерилизатор, побрзо и полесно е.