Кратката на 20 степени и 400 обртаи. Навечер само плакнам со врела вода од чешма. Преку ден еднаш, два пати и со сјај мијам, а стелизирам на неколку дена.
Дааа, баш и тоа се мислев, сигурно би било полесно и по брзо со стерилизатор. Во право си, нема смисла да ги мијам само, секој оброк ни е од шише.
Мајки на малава и слузи окцето многу и дрљки и се прават навечер и поцрвенува малку ептен минимално инаку е 2 ипол месеци скоро три , да ставам капки што да правам ?
На почеток да, сега на 2-3 дена. После 3ти месец некаде почнав само со врела вода после оброк да го мијам
Ништо на своја рака, сепак е око. Никако млеко или чај од камилица. Консултирај се со педијатар, веројатно ќе ви препишат капки Тобрекс. Можно и запушен канал да е па да ви препорачаат масажа.
Дечки, бебацот ми е 4++, пред некој ден почна да се закашлува во лежење и претпоставив дека е од лиги зашто почна многу да се лигави. Ќе искашла и одма се смирува. Ама од вчера почна да му тече и нос, ноќеска кога се будеше за цицање беше затнат цел. И кашлаше како да му се слева нешто во грло. Сега преку ден пак малку мрсули и закашлување. Му ставам физиолошки и она другото за бебиња спрејче морска вода, влечам малку со аспиратор ама нејќам да форсирам. Дали е настинка, дали некој вирус маж ми беше болен минатата недела. Дали да го носам по доктори да не спушти нешто, не сум мирна налет. Имам и инхалатор ама да не е многу мал за инхалации не знам. Чудно ми е што преку ден спие нормално, дише нормално не е затнат, а ноќе многу повеќе секрет и затнатост.
Сега за сега чисти само носе со физиолошки и аспиратор. Ако ти е мисла однеси го на лекар нека го слушнат. Инхалации на своја рака не.
Nie sme stari 6 dena, imam mleko i sme samo na doenje. Aktivno cica po 20-25min maksimum i mi spie po dva casa. Dali da go budam pocesto, ne znam dali mu e dovolno hrana?
Фала ти мила за помошта Два дена по ред истата песна, од 2 до 10 попладне не може да заспие или заспива по 15 минути. Ја ставам на цицка, цица малку се смирува ја легнувам и се буди со плачење. Си викам гладна е, ајде пак на цицка и пак заспива. Се така у круг. Давам капки за грчеви. Пелени полни тоа ми дава некоја сигурност бар дека не е гладна, пукнав на саат време доење, ќе полудам ми се чини. Само што влезе во 4та недела, не знам дали е некој скок или што е работата..
Мајка како ти е облечена? Мене ми заспиваше така кога беше преоблечена, па педијатарот ми рече само на боди по кратки и боса да ја дојам.
Средина на 4та до средина на 5та недела е првиот скок во развој. Чувајте се мајка, гушкајте се, галете се, ништо друго не е битно сега колку што сте си битни ти и бебето, еден со друг. Заеби куќа, нека прооди ако сака, за јадење нека готви сопругот или takeaway или ако треба секој ден едно исто јадете, ама тебе тоа уопште нека не те замара сега. И без јадење се може, крај краева не тупнал тапан сарми да виткаш сега. Спиј кога спие бебето. Ама стварно Ја пошто се правев силна дека можам без сон, не се ни сеќавам на првиот месец ипол Труди се да одмараш повеќе, првиот месец таков ќе ти биде, цицање спиење цицање спиење бањање и repeat Ама и тоа е дел од процесот на зближување со бебушот. Не дека секогаш е гладно кога цица, цицаат за да се почувствуваат безбедни. А каде се побезбедни отколку кај мама у прегратка Во првиот месец ќе приметиш cues за глад, кога сака да спие итн. Има видео со 5те најчести звуци што ги испушта секое новороденче и што значат, мене ептен ми се најде. А, и уште нешто. Зборувај за сѐ што чувствуваш периодов со сопругот или со некој близок. Менталното здравје ти е пред сѐ. На бебето му требаш свежа и одморена, те чувствува. А хормоните се до плафон по породувањето и обврските околу бебето, истоштеноста и неспиењето може да занишаат и најјака психа. Ама не се секирај, сѐ поминува и ќе биде подобро. Ве гушкам, чувајте се
Здраво, син ми е 5 месеци и му излегоа ситни црвени брунчиња од десната страна кај устето. Мислам дека се бидејќи се става во уста и му е стално влажен тој дел. Дали да мачкам нешто или само да му го мијам со водичка и да биде суво?