Kolku jas sho sum informirana ovoj tip na toplomer se stava vo gaze ili se babini devetini mozhe i pod mishka?
Дали е нормално 3 и пол месечно бебе да кака по 5-6 пати денот ? Ми кажаа дека на оваа возраст веќе треба да се регулира какањето и поретко да кака.. и често како да има проливче.. не знам дали треба да посетиме педијатар, колку какат вашите на таа возраст?
7 пати до крај на 4м, 5м по 4 пати, откога почнавме со каши еднаш на ден. И да течни каки, сега веќе не откако јасде каши. Сега суво кака му се плашам па сега од сувите каки.
Мали сте претпоставувм се тие хормонските што се чистат. Ќе поминат со тек на време. Мачкај тоа што си користиш. Јас ставав биодерма таа ја користиме. Ништо специјално ништо посебно.
Да, вака по слики бебешки акни се. И јас користам Биодерма лосионче, ќе пробам малку да ставам. Фала ви многу
Мајки, кои капки против грчеви се сега актуелни, има некои нови? Со првото дете имав страшни периоди трауми имам од тие грчеви, па сега сакам да нарачам од странство некои што не сме ги пробале. Рано е ама сега летово имам луѓе за да нарачам, да се опремам. Досега за саб симплекс сум слушнала пофалби, само во Бг ги има?
Саб Симплекс ги има и во Германија и во Словенија (јас за овие земји знам сигурно, а може да ги има и во други). Мене ми ги испратија од Германија. Инаку, задоволни сме од капкиве, само нив ги користевме и лесно минавме со грчеви.
На Саб Симплекс активна состојка е симетикон, исто како Еспумисанот како што гледам. Можам ли да ги комбинирам со Колипрев? Колипревот е ензим, по некоја моја логика не би требало да е штетно?
Според мене нема потреба толку да даваш капки против грчеви , пошто реално и не помагаат нешто многу со тек на време сами поминуваат ја се откажав од сите и веќе никогаш не би дала
Многу ми е жална бе, ми зајдува од плачење Само се мачи да прдне кутрото, затоа сакам со еспумисан да пробам...
После првата Рота ист беше мојот, коси корнеше плачејќи додека да прдне и земав Еспумисан. Првиот пат кога му дадов, дете се испрде у рок од 10 секунди ама солидно прдење, се изнасмеа од радост што му олесна и заспа инстантно, без никаква помош за успивање. И ја цела радосна, а и нервозна зашто порано кога беше најкритично во првите месеци не сум му ги давала. Е утредента пак давам у исто време кога имаше грчеви, не пали. Ај пак за некој саат, не пали. Дете вришти. Испадна Еспумисанот го истеруваат секој могуќи гас од телото на бебево, и што треба и што не треба, па сирото се измачи уште толку. Ги користевме една недела преку сила и ги откажав. Кога ги откажав полесно некако ги поминувавме грчевите. Не знам дали беше случајно или поврзано со откажувањето на капките, чисто да знаеш информативно ако не си за давање триста хемии без врска на толку мало бебенце.
Со втората како поминавте ? Не знам колку сте големи, и јас приметив доста гасови после првата вакцина..
Горе-доле иста реакција и од втората доза. Грчеви, виткање наназад додека цица, плачење на секое прдувче... Ама пократко време траеше голготата сега мислам, дека е поголем и колку толку разбира. Само тт немаше како реакција сега за разлика од првиот пат.